AMPEROS AC од Blum

AMPEROS AC

Скриена моќ на дофат

AMPEROS AC е елегантно и практично решение за напојување со струја во мебелот – идеално за електрични уреди и апарати. Благодарение на интегрираниот електричен приклучок, изворот на струја е секогаш таму каде што ви е најпотребен – дискретно скриен под фиока или полица, заедно со каблите.

Инсталацијата е едноставна и брза и може да се вгради и дополнително – дури и во веќе постоечки мебел.


AMPEROS AC – за подобар ред

Фиоките и полиците на извлекување стануваат совршено место за уредно складирање на електрични уреди – сето тоа благодарение на вградениот приклучок. Работните површини остануваат чисти и организирани – без неред и заплеткани кабли.

Токму затоа AMPEROS AC е совршен избор за сите што сакаат уредност и функционалност во својот дом.

AMPEROS AC
AMPEROS AC

Паметни решенија за секој дел од домот

Дури и големите и потешки уреди може дискретно да се сместат во скриена „гаража за уреди“ со AMPEROS AC. Приклучокот се поставува на задниот дел од полицата на извлекување, овозможувајќи паметна и флексибилна интеграција – било во канцеларијата, кујната или дневната соба.

Механизмот за фиксирање во отворена положба ја задржува полицата безбедно отворена, овозможувајќи удобно и безбедно користење на уредите.

AMPEROS AC – за поголема функционалност

Мебелот е најдобар кога е едноставен, а AMPEROS AC го задржува токму тој принцип. Брзо и лесно се вградува дури и дополнително, овозможувајќи ви за миг да ги тргнете електричните уреди од видик, но да останат секогаш при рака кога ви се потребни.

Инсталацијата е речиси целосно без алат. Доволно е само да го вметнете водот за кабли во TIP-ON BLUMOTION интерфејсот на водилката.

Каде се може да го интегрирате AMPEROS AC?

Во вашата кујна

Подгответе ги вашите омилени оброци во текот на денот, без неред и заплеткани кабли.

Во вашата дневна

Електричните уреди може безбедно да се чуваат во полиците на извлекување и истовремено да се полнат.

Во вашата бања

Вашиот фен секогаш при рака – спремен за користење дури пред да го вратите назад во фиоката.

Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу AMPEROS AC од Blum или од целосната програма на Blum пишете ни или побарајте нѐ на: 071 326 270

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.