YUGOIMPEX / HOLZ-HER

Кантерици HOLZ-HER.
Квалитетот се гледа на рабовите.

Изберете кантерица според материјалите, обемот на работа и завршната обработка што ја бара Вашето производство.

Од избор на модел до соодветна конфигурација — разговарајте со Yugoimpex.

Кантерица според Вашето производство

Од компактни работилници до индустриски погони. Изберете модел за да го разгледате.

HOLZ-HER ARTEA 1020

ARTEA 1020

Компактна кантерица за помали работилници. Glu Jet технологија за работа со EVA и PUR лепак, со минимални просторни барања.

Побарај понуда
1 / 7
HOLZ-HER STREAMER 1057 XL

STREAMER 1057 XL

Компактна изведба со повеќе можности за обработка. Предфрезери, Glu Jet систем и обработка на аглите за прецизно завршени рабови.

Побарај понуда
2 / 7
HOLZ-HER AURIGA 1308 XL power

AURIGA 1308 XL power

Кантирање и заоблување на аглите во еден процес. Флексибилност при изборот на лепак и обработката на различни материјали.

Побарај понуда
3 / 7
HOLZ-HER SPRINT 1329 power

SPRINT 1329 power

Од нашата најпродавана серија кантерици. Автоматизирано подесување и Glu Jet систем за работа со EVA и PUR лепило.

Побарај понуда
4 / 7
HOLZ-HER ACCURA 1554

ACCURA 1554

Автоматизација за поголем производствен обем. Робусна конструкција, прецизно подесување и контролирана завршна обработка.

Побарај понуда
5 / 7
HOLZ-HER LUMINA 1380 multi

LUMINA 1380 multi

Флексибилност за различни материјали и барања за завршна обработка. Glu Jet и LTRONIC технологии за визуелно незабележливи споеви.

Побарај понуда
6 / 7
HOLZ-HER LUMINA 1596 industry

LUMINA 1596 industry

Индустриска кантерица за високи производни капацитети. Автоматизирани подесувања и мултифункционална обработка за постојан квалитет.

Побарај понуда
7 / 7

ИЗБОР СПОРЕД ВАШЕТО ПРОИЗВОДСТВО

Што очекувате од следната кантерица?

Почнете од работата што ја извршувате секој ден. Потоа одберете ги технологијата и агрегатите што Ви се потребни.

01

Почист завршен изглед

Спојот, рабовите и аглите влијаат врз впечатокот за готовиот мебел. Дефинирајте го резултатот што сакате да го постигнете.

02

Полесна промена на обработката

Колку често менувате дебелини, кантови и декори? Нивото на автоматизација треба да одговара на Вашиот начин на работа.

03

Капацитет што Ви одговара

Усогласете ја кантерицата со дневниот обем, расположливиот простор и останатите машини во погонот.

Можностите и опремата зависат од избраниот модел и конфигурација. Точната спецификација се потврдува при подготовка на понудата.

ПРЕД ДА ОДЛУЧИТЕ

5 работи што треба да ги проверите пред да купите кантерица

01

Материјали и кантови

Кои плочи ги обработувате и со какви дебелини и типови кант работите?

02

Технологија на лепење

Дали Ви е потребна работа со EVA, PUR или друга технологија? Разгледајте го изборот според намената на мебелот.

03

Потребни агрегати

Предфрезери, ќош агрегат, циклинг и полирање — одредете кои обработки сакате да ги извршува машината.

04

Промени во текот на денот

За чести промени на материјали и мали серии, разгледајте го времето и начинот на подесување.

05

Простор и работен тек

Проверете ги димензиите на машината, движењето на елементите и потребните приклучоци и аспирација.

СЛЕДЕН ЧЕКОР

Која кантерица одговара на Вашето производство?

Кажете ни што произведувате, со какви материјали работите и што сакате да подобрите. Заедно ќе ги разгледаме соодветниот модел и потребната конфигурација.

Yugoimpex · Качанички пат бр. 256, Визбегово, Скопје

Доколку сте заинтересирани или сакате да ни поставите прашање, пополнете ја контакт формата, а ние ќе ви одговориме во најбрз можен рок!


    WordPress Lightbox