YUGOIMPEX / HOLZ-HER
Кантерици HOLZ-HER.
Квалитетот се гледа на рабовите.
Изберете кантерица според материјалите, обемот на работа и завршната обработка што ја бара Вашето производство.
Од избор на модел до соодветна конфигурација — разговарајте со Yugoimpex.
ИЗБОР СПОРЕД ВАШЕТО ПРОИЗВОДСТВО
Што очекувате од следната кантерица?
Почнете од работата што ја извршувате секој ден. Потоа одберете ги технологијата и агрегатите што Ви се потребни.
01
Почист завршен изглед
Спојот, рабовите и аглите влијаат врз впечатокот за готовиот мебел. Дефинирајте го резултатот што сакате да го постигнете.
02
Полесна промена на обработката
Колку често менувате дебелини, кантови и декори? Нивото на автоматизација треба да одговара на Вашиот начин на работа.
03
Капацитет што Ви одговара
Усогласете ја кантерицата со дневниот обем, расположливиот простор и останатите машини во погонот.
КОМПАКТНО РЕШЕНИЕ
ARTEA 1020
Професионално кантирање во помал работен простор.
Glu Jet системот овозможува работа со EVA и PUR лепило. Екранот на допир и визуелното подесување го олеснуваат управувањето во секојдневната работа.
9 m/min
Брзина на движење
8–50 mm
Дебелина на работното парче
3.200 mm
Вкупна должина
КОМПАКТНОСТ И ФЛЕКСИБИЛНОСТ
STREAMER 1057 XL
Повеќе можности за обработка во компактна изведба.
Предфрезерите го подготвуваат работ на плочата, а Glu Jet системот овозможува работа со EVA и PUR лепило. Обработката на аглите и завршните агрегати придонесуваат за чист изглед на готовиот елемент.
10 m/min
Брзина на движење
0,4–8 mm
Дебелина на кант трака
4.930 mm
Вкупна должина
ПОВЕЌЕ ОБРАБОТКИ ВО ЕДЕН ПРОЦЕС
AURIGA 1308 XL power
Кантирање, обработка на агли и полирање.
Glu Jet технологијата овозможува употреба на EVA и PUR лепило. Агрегатите за обработка на кантот и ќош агрегатот ги обединуваат потребните операции во еден работен процес.
EVA / PUR
Избор на лепило
60 mm
Работна висина на ќош агрегатот
MOT 4
Радиусен циклинг
SPRINT — НАШАТА НАЈПРОДАВАНА СЕРИЈА
SPRINT 1329 power
Автоматизирано подесување за производство со различни обработки.
Моторски управуваните оски и функцијата „set-up in the gap“ овозможуваат промена на обработката во интервалот меѓу работните парчиња. Glu Jet системот овозможува работа со EVA и PUR лепило.
10–18 m/min
Брзина на движење
8–60 mm
Дебелина на работното парче
5.740 mm
Вкупна должина
АВТОМАТИЗАЦИЈА ЗА ВАШИОТ ПОГОН
ACCURA 1554
Робусна конструкција и прецизна обработка за поголем обем на работа.
Glu Jet automatic, моторски подесувања и ќош агрегат со NC серво-мотори овозможуваат контролирана обработка. Конфигурацијата се избира според материјалите и потребните операции.
10–20 m/min
Брзина; до 25 m/min според конфигурацијата
8–60 mm
Дебелина на работното парче
7.460 mm
Вкупна должина
ФЛЕКСИБИЛНОСТ ВО ЗАВРШНАТА ОБРАБОТКА
LUMINA 1380 multi
Технологии за визуелно незабележливи споеви.
Комбинацијата од Glu Jet и LTRONIC нуди различни можности за кантирање. Автоматизираните подесувања помагаат при промени на обработката и повторување на работните параметри.
Glu Jet
Систем за EVA и PUR лепило
LTRONIC
Обработка на кант со функционален слој
NC-оски
Автоматизирани подесувања
ИНДУСТРИСКИ КАПАЦИТЕТ
LUMINA 1596 industry
Автоматизирано кантирање за високи производни барања.
Адаптивната притисна единица, контролата на лепилото и мултифункционалните агрегати овозможуваат прилагодување на обработката. Моделот е наменет за погони што бараат висок капацитет и постојан квалитет.
10–25 m/min
Брзина на движење
8–60 mm
Дебелина на работното парче
7.920 mm
Вкупна должина
Можностите и опремата зависат од избраниот модел и конфигурација. Точната спецификација се потврдува при подготовка на понудата.
ПРЕД ДА ОДЛУЧИТЕ
5 работи што треба да ги проверите пред да купите кантерица
01
Материјали и кантови
Кои плочи ги обработувате и со какви дебелини и типови кант работите?
02
Технологија на лепење
Дали Ви е потребна работа со EVA, PUR или друга технологија? Разгледајте го изборот според намената на мебелот.
03
Потребни агрегати
Предфрезери, ќош агрегат, циклинг и полирање — одредете кои обработки сакате да ги извршува машината.
04
Промени во текот на денот
За чести промени на материјали и мали серии, разгледајте го времето и начинот на подесување.
05
Простор и работен тек
Проверете ги димензиите на машината, движењето на елементите и потребните приклучоци и аспирација.
СЛЕДЕН ЧЕКОР
Која кантерица одговара на Вашето производство?
Кажете ни што произведувате, со какви материјали работите и што сакате да подобрите. Заедно ќе ги разгледаме соодветниот модел и потребната конфигурација.
Yugoimpex · Качанички пат бр. 256, Визбегово, Скопје


