Истегнувањето и клекнувањето се вежби кои треба да ги практикувате само на вашите јога часеви. Навистина треба да ги практикувате само таму, а не во вашата кујна. Затоа ќе ви дадеме неколку совети за како подобро ергономски да го дизајнирате вашиот функциаонален простор. Ве уверуваме дека после овие совети, ќе се чувствувате многу подобро во годините кои следуваат.
За почеток, набавете подобар мебел
Мислењето на повеќето од вас, според тимот на истражување на Blum ни откри дека во многу домаќинства, повеќето од вас се соочуваат со потешкотии и голем напор при работа во кујната или насекаде во домот.
Затоа кога ќе планирате нов мебел, секогаш имајте на ум дека практичните решенија и солуции ќе го направат вашиот живот полесен и пофункционален.
Неколку трикови за да имате неограничена слобода во кујната
Горните корпуси ви носат оптимален простор за вашите чаши, приборот за јадење и многу повеќе. Директната споредба ни покажува дека вратите од горните корпуси може навистина да ви сметаат, а честопати и да ви бидат препрека во движењето и работењето во кујната.
Системите на подигање од друга страна се отвараат нагоре и имате јасна слика што имате складирано во горните корпуси. Хоризонталните горни врати можат да бидат отворени и додека готвите и да не ви пречат во вашата работа. Затворањето е лесно и меко, а по ваша желба може да вклучите и електричното отварање – SERVO DRIVE.
Ергономска компонента за брз пристап
Дали фиоките се практични и ефикасни насекаде во вашиот дом? За да ја имате можноста да видите што има во нив, значи дека никогаш не ќе морате да клекнувате или да се наведнувате. Создадете простор во вашата бања и направете ја подостапна и подобра за складирање! Како би го направиле тоа? Со помош од комбинација на фиоките кои имаат минимална длабочина од 27cm до 65 cm.
Инспиративни идеи кои ќе го направат вашиот дом покомпактно место
Многу генијални идеи кои се веќе испробани и можат да се искористат на другите места во вашиот дом. Еве неколку примери кои ќе ви го докажат тоа:
Фиоките за чорапи или долната облека се практични за во вашите гардеробери. Со новите трендови за мода, сугерираат да се инвестира во фиоки каде ќе можете да да ја сместите вашата облека. Решение за ова е системот со прегради AMBIA-LINE кој ќе ви помогне се да ви биде уредно како што посакувате.
Удобен пристап и во бањата
Организирајте со задоволство и имајте се на дофат дури и во вашата бања.
SPACE TOWER единицата за складирање која е составена од повеќе фиоки е перфектно место за се што ви е потребно за во вашата бања.
Изборете се со хаосот на детската соба
Играчките на вашите најмили и планините од детската облека мораат да бидат уредно складирани и секогаш блиску на дофат. Целосните екстензии на TANDEM водилиците помагаат да ги складирате сите омилени работи на вашите деца. Со нивната носивоста до 65 kg ќе имате повеќе од доволно место за вашите мали принцови и принцези.
Се надеваме дека овие совети кои ви ги споделивме за подобрување на ергономијата во вашиот дом ќе ви помогнат. Овие мали промени честопати можат да донесат големи придобивки кога станува збор за домашното функционирање. Со ова ниво на функционалност можете лесно да дишете и да се концентрирате на она што е важно, а тоа е да се чувствувате опуштено и удобно во вашиот дом.
Каде може да добиете подетални информации?
За сите прашања и информации околу производите на Blum и како да ги имплементирате пишете ни или побарајте нѐ на: 072 326 270
Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.