Conturex Vario XS од Weinig

Conturex Vario XS

Conturex Vario XS – Компактна моќ за модерно дрвопреработување

Conturex Vario XS е CNC машински центар, идеален како за индустриски капацитети, така и за занаетчиски работилници кои бараат максимална флексибилност, од поединечни нарачки до сериско производство.

Со иновативната PowerGrip Motion 2D/3D маса за фискирање на работното парче, оваа машина овозможува комплетна обработка во едно фиксирање, со целосна слобода на движење по сите оски. Без разлика дали се работи за мали детали или елементи до 330 mm, секое парче е сигурно фиксирано и прецизно обработено.

Conturex Vario XS се истакнува со висока димензионална точност, врвен квалитет на површинска обработка и интелигентни решенија за автоматизација. Благодарение на WMC контролниот систем и интуитивниот интерфејс, управувањето со машината е лесно и ефикасно.

Патентираната WEINIG технологија, овозможува динамично и прецизно пренесување на материјалите и сигурно фиксирање дури и на најтесните профили. Conturex Vario XS го комбинира најдоброто од технолошката иновација и практичната функционалност! Оваa машина e сè што ви треба за следното ниво на CNC обработка.


conturex vario xs

Conturex Vario XS поставува нови стандарди во CNC обработката за производство на прозорци и врати. Развиен со фокус на иновации и перформанси, овој систем нуди напредни карактеристики што го зголемуваат производството, флексибилноста и корисничката искуство:

  • Иновативна технологија за стегање: Со PowerGrip маса за едноставно стегање и PowerGrip Motion 3D маса, системот обезбедува сигурно и прецизно позиционирање – клучно за висококвалитетна обработка и сложени форми.
  • Подобрен машински дизајн: Новиот дизајн овозможува подобра прегледност и полесен пристап, што значително го олеснува одржувањето и сервисирањето, со што се намалува времето на прекин.
  • Проширување на можностите за обработка: Обработка на делови со ширина до 330 мм. Ова Ви овозможува поголема флексибилност и нови креативни решенија.
  • Беспрекорна интеграција со WEINIG производи: Единствен сет на податоци за сите компоненти во производството, со цел за максимално усогласена и ефикасна работа.
  • Стандарден софтверски интерфејс: Лесна интеграција со водечки индустриски софтвери, особено за прозорска и вратна индустрија.

Погледнете го видеото за Conturex XS Vario од Weinig


Дополнителни опции на оваа машина

Надворешен магацин за алати

Минимизирајте го времето за подесување.

Универзално вретено

Корисно надополнување за производство на комплексни профили за прозорци

5-осна глава

Обработката како сечење, дупчење и профилирање се изведуваат за многу кратко време.


Како до подетални информации за Conturex XS Vario?

За сите прашања и информации околу ова CNC и сите машини на WEINIG слободно пишете ни или побарајте нѐ на: 070 355 150

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа на Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

Доколку сте заинтересирани или сакате да ни поставите прашање, пополнете ја контакт формата, а ние ќе ви одговориме во најбрз можен рок!