EVOLUTION 7402 4mat, вертикално CNC од HOLZ-HER

evolution 7402

EVOLUTION 7402 4mat од HOLZ-HER e вертикалнo CNC кое комбинира компактна конструкција, висока прецизност и целосна обработка во еден работен чекор. Благодарение на напредната 4mat технологија, ова вертикално CNC овозможува сечење, дупчење и глодање на сите четири рабови на панелот без повторно позиционирање. Со ова добивате значителна заштеда на време и максимална продуктивност.

Интегрираниот CAMPUS софтвер со NC-HOPS модул овозможува едноставно програмирање, оптимално искористување на материјалот и прецизна контрола на секој процес. EVOLUTION 7402 4mat CNC е идеален избор за столарски и производствени погони кои бараат сигурна, брза и технолошки напредна CNC технологија во вертикален формат.


Дел од карактеристиките што ова вертикално CNC ги поседува

Quattro HSK – пакет за измена на алат со 4 позиции

  • Вретено со моќност од 10,3 kW, со брзина од 1.000 до 24.000 врт./мин. е вклучено во пакетот за измена на алат со 4 позиции, интегриран во серијата EVOLUTION. Со овој пакет, машината овозможува четиристрано форматирање, профилирање, џебна обработка, како и прецизно сечење во едно стегање на обработуваниот елемент, без потреба од повторно позиционирање.

3-осен Clamex пакет за модел 7402

  • Покрај дупчење отвори за типли и вградување Cabineo спојници, макроата што доаѓаат со EVOLUTION 7402 со Quattro HSK опрема и 3-осен Clamex сет алати овозможуваат и изработка на џебови за Lamello Clamex спојници во X и Y насока, како и на сите четири рабови на обработуваниот елемент.
  • Вие одлучувате кои спојници ви се потребни, во зависност од конкретната примена.

Пакет „Doors“ за модел 7402

  • Опционалниот EVOLUTION 7402 Doors пакет, кој се состои од специјално развиен аголен преносник за браварии (lock box) и соодветно глодало. Ова ги проширува можностите на оваа вертикална CNC машина од брендот HOLZ-HER.
  • За користење на овој пакет е неопходен Quattro HSK пакет со изменувач на алат со 4 позиции.
  • Doors пакетот овозможува целосна обработка на врати со дебелина до 70 mm. Процесот вклучува обработка на страна за шарки и страна за брава во две стегања. Глодалото со пречник 16 mm овозможува длабочина на сечење до 115 mm, со што е можно изработување куќишта за брави со различни димензии.
  • Отворите за рачки и брави можат прецизно да се дупчат со помош на HOPS макроа. По вртење и повторно стегање на крилото на вратата. Можно е влегување за шарки кај преклопни врати, како и вградување скриени шарки или окови за врати наменети за објектна примена.

xcut пакет за оптимална обработка на панели

  • xcut маса – продолжена влезна маса за сигурно и стабилно водење на долги панели.
  • База на податоци за обработувани елементи (Warehouse) – вклучува отворен CSV интерфејс, увоз на HOP датотеки и функција за сортирање.
  • Ласерско мерење – автоматско мерење на ширината и должината на панелите со препознавање на остатоци.
  • Автоматско форматирање – форматирање на должина и ширина со X и Y глодање.
  • Идентификација на делови – едноставно вчитување на програмите преку баркод скенер и означување со Easy Label печатач, со интегриран софтвер за етикетирање.

Совршено опремена – стандардна глава за дупчење

  • Главата за дупчење со 15 вретена овозможува изработка на 5 отвори во низа во X и Y насока, како и 6 хоризонтални дупчења, со интегрирана единица за сечење која обезбедува брзи и прецизни резултати.
  • Како опција, серијата EVOLUTION може да се опреми и со XL глава за дупчење, која овозможува уште поголеми перформанси. До 22 вретена за дупчење и единица за жлебење.

ECO MODE – паметно управување со енергија

ECO MODE автоматски го приспособува енергетското работење според моменталната активност, со што се избегнува непотребна потрошувачка при паузи во процесот. Овој режим придонесува за намалени трошоци, поголема ефикасност и поеколошки пристап во секојдневното работење.


Погледнете го видеото за EVOLUTION 7402 4mat

Технички податоци EVOLUTION 7402 Опции
Димензии на обработка во X насока (mm) 2500
Димензии на обработка во Y насока (mm) 920
Одење во Z насока (mm) 800
Висина на обработка во Z насока (mm)
Работна единица (Cutter unit) 10,3 kW HSK глава, 1.000–24.000 врт./мин, алати Ø до 80 mm, должина 80 mm (од ивицата на главата)
Брзина на вектор 68 m/min
Безбедносна опрема CE стандард
Поддршка за обработка Масивни ролери со граничници
Глава за дупчење 15 вретена (9 V / 6 H), тестера за жлебење во X насока 19 вретена (13 V / 6 H), двојна глава за дупчење во Y насока, вертикален адаптер со двојна сила на позиционирање
Стегање на обработок Автоматски позиционирачки вакуум систем ECO-Vac 8 m³/h вакуум пумпа
Софтвер CAMPUS / NC-HOPS вклучувајќи aCADemy CAD/CAM модул со лиценца за машина
Тежина (kg) 2500
Вкупна должина (mm) 2960
Вкупна висина (mm) 2440
Вкупна длабочина (mm) 1725
Евакуација (mm) 2 × Ø120 + 1 × Ø140

Како до подетални информации за EVOLUTION 7402 4mat?

За сите прашања и информации околу ова вертикално CNC и сите машини на HOLZ-HER слободно пишете ни или побарајте нѐ на 070 271 368/070 355 150

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа на Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

Доколку сте заинтересирани или сакате да ни поставите прашање, пополнете ја контакт формата, а ние ќе ви одговориме во најбрз можен рок!