EVOLUTION 7405 4mat, вертикално CNC од HOLZ-HER

Evolution 7405

EVOLUTION 7405 4mat од HOLZ-HER е вертикален CNC центар овозможува целосна обработка на плочести материјали на минимален простор, без компромис во прецизноста и квалитетот. Благодарение на иновативната 4mat технологија, овој вертикален CNC ги обработува сите четири ивици на панелот во еден чекор, со што значително се намалува времето на циклус и се зголемува продуктивноста. Интегрираниот CAMPUS софтвер со NC-HOPS модул овозможува едноставно програмирање, автоматско позиционирање и прецизна контрола на секој детал од обработката. EVOLUTION 7405 4mat е идеален избор за современи столарски и индустриски погони кои бараат максимална ефикасност, врвен квалитет и компактна CNC технологија.


Дел од карактеристиките кои ова CNC ги поседува:

  • CNC машина која зафаќа помалку од 5 м²
  • Четворострано форматирање во еден работен циклус без манипулирање на работното парче
  • Единица за бушење и единица за глодање како стандардни карактеристики
  • 10 годишна гаранција на линеарните водилки
  • Вертикално и хоризонтално бушење
  • Жлебање и гравирање
  • Обработка на материјалот со 6 различни алати од сопствениот автоматизиран магацин
  • Работните парчиња од 1500mm се обработуваат без префаќање, а со тоа заштедувате 35% од работниот процес
  • Максимална ширина на работно парче до 1200mm

Запознајте се подобро со EVOLUTION 7405 на видеото


Машина EVOLUTION 7405 4mat Опции
Димензии на обработка во X правец (mm) 3.200
Димензии на обработка во Y правец (mm) 920
Ход во Z правец (mm) 1.500
Висина на обработка во Z правец (mm)
Обрaботна единица 10,3 kW, HSK стезна глава, 1.000–24.000 o/min
Водилка за влез Подеслива висина за 4-страно кантирање и профилирање
Векторска брзина 68 m/min
Сигурносна опрема CE сертифицирана
Поддршка за работен елемент Цврсти ролни вклучувајќи 2 стопи
Бушилица 15 вретена (9 V / 6 H), единица за сечење во X правец 19 вретена (13 V / 6 H), двојна единица за бушење по Y
вертикален адаптер со двојна сила за позиционирање
Стегање на работен елемент Автоматски позициониран вакуум систем ECO-Vac вакуум пумпа 8 m³/h
Менувач на алати Max Ø 80 mm, должина 80 mm Линеарен менувач за 6 алати
Софтвер CAMPUS / NC-HOPS вклучувајќи aCADemy CAD/CAM модул и лиценца за машината
Тежина (kg) 2.500
Вкупна должина (mm) 3.675
Вкупна висина (mm) 2.350
Вкупна длабочина (mm) 1.660
Евакуација (mm) 2 × Ø 120 + 1 × Ø 140

Како до подетални информации за EVOLUTION 7405 4mat?

За сите прашања и информации околу машините на HOLZ-HER слободно пишете ни или побарајте нѐ на 070 271 368/070 355 150

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа на Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

Доколку сте заинтересирани или сакате да ни поставите прашање, пополнете ја контакт формата, а ние ќе ви одговориме во најбрз можен рок!