
ARTEA 1020 е компактна кантерица од HOLZ-HER што носи професионална технологија на кантирање, идеална за помали работилници и студија за мебел. Иако е компактна и едноставна за употреба, оваа кантерица нуди висока прецизност, стабилност и беспрекорен квалитет на споевите благодарение на сигурниот Glu Jet PUR систем. Со брзо загревање, минимално време за подесување и чиста завршна обработка, ARTEA 1020 е компактна кантерица што овозможува заштеда на простор без компромис во квалитетот. Совршен баланс помеѓу компактност, прецизност и трајност.
Предности кај оваа компактна кантерица
Контролен панел 15,6″
- Интуитивен екран на допир со визуелни прикази за едноставно и прецизно ракување.
Vi.se. (Visual Setting mode)
- Визуелен режим за брзо и прецизно подесување на сите агрегати.
Edging feed
- Сигурно и ефикасно внесување на кант траката за беспрекорни резултати.
Форматирање – 50 mm
- Прецизно порамнување и сечење до 50 mm за совршени рабови.
Агрегат за отсекување на рабови – 50 mm
- Автоматско отсекување на кант траката до 50 mm, брзо и прецизно.
Гребач (Scraper) за совршена завршна обработка
- За отстранување на вишок лепак и рабови со цел добивање беспрекорна површина.
Полир агрегат (Buffing unit)
- Систем за прскање со средства против лепење, антистатички и средства за чистење, поставен на почетокот и на крајот од машината.
- Интелигентен систем за енергетска ефикасност кој автоматски ја оптимизира потрошувачката, заштедува електрична енергија и ги намалува трошоците за работа.
Погледнете го видеото за ARTEA 1020 од HOLZ-HER
| Машина | ARTEA 1020 |
| Контролер | 15,6” екран на допир со колор монитор, вклучувајќи V.I.SE. |
| Магацин | За кант траки во ролна или ленти со еден автоматски внесувач |
| Спојување | 50 mm |
| Нанесување лепак | Glu Jet невидлив спој за EVA и PUR лепак |
| Притисна единица | 2 притисни валјаци, првиот погонски |
| Кратење | Еден мотор на линеарна водилка |
| Глодање | Мултифункционално |
| Гребач за радиус | Механички со кутија за струготини |
| Рамен гребач | Рачно |
| Полирање | Полир единица |
| Прскалки | Средства против лепење и за чистење (предна и задна), хоризонтална прскалка |
| Технички податоци | |
| Вкупна должина | 3200 mm |
| Тежина | 600 kg |
| Брзина | 9 m/min |
| Висина на обработка | 8 – 50 mm |
| Дебелина на кант трака | 0,4 – 5 mm |
Како до подетални информации за оваа компактна кантерица?
За сите прашања и информации околу ARTEA 1020 и сите машини на HOLZ-HER слободно пишете ни или побарајте нѐ на 070 271 368/070 355 150
Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа на Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.
Доколку сте заинтересирани или сакате да ни поставите прашање, пополнете ја контакт формата, а ние ќе ви одговориме во најбрз можен рок!
