TECTRА 6120 Classic, кројач од HOLZ-HER

кројач

Доколку се соочувате со непостојан квалитет на кроењето материјали, чести застои или ограничена функционалност во операциите за сечење? Aко е така, тогаш HОLZ-HER Tectra 6120 Classic е решението што ви е потребно.

Tectra 6120 Classic е кројач дизајниран да ги реши овие вообичаени проблеми, нудејќи прецизно сечење кое го минимизира отпадот од материјалите, а ќе ја подобри и зголеми вашата продуктивност.
Со своите напредни функции за автоматизација, Tectra 6120 Classic обезбедува ефикасни работни процеси, намалувајќи ги застоите и несаканите дополнителни трошоци.

Разновидноста на овој кројач овозможува различни должини и ширини на сечење, што го прави прилагодлив за најразлични проекти.
Дополнително, корисничкиот интерфејс и професионалниот софтверски пакет на машината ја поедноставуваат работата, додека нејзината издржлива конструкција, поддржана од 10-годишна гаранција на сите линеарни водилки, ги намалува трошоците за одржување.

Покрај своите моќни карактеристики, Tectra 6120 Classic има компактна и цврста конструкција која совршено ќе се вклопи во вашиот работен простор. Покрај својот цврст дизајн овој кројач ќе допринесе за штедење на електричната енергија со помош на ECO-MODE кој доаѓа во стандард. Овие технички спецификации го прават овој кројач паметна инвестиција за секоја фирма во дрвната индустрија.


Погледнете го видеото за TECTRA 6120 Classic

Како до подетални информации за TECTRA 6120 од HOLZ-HER?

За сите прашања и информации околу машините на HOLZ-HER слободно пишете ни или побарајте нѐ на 070 271 368/070 355 150

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа на Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

Доколку сте заинтересирани или сакате да ни поставите прашање, пополнете ја контакт формата, а ние ќе ви одговориме во најбрз можен рок!