Посета на LIGNA 2025

Ligna 2025

Од 26 до 30 мај 2025 година, во Хановер, Германија, се одржа најголемиот светски саем за машини за обработка на дрво – LIGNA 2025. Како и секогаш, овој настан претставуваше место каде што иновациите, технологијата и индустриската визија се спојуваат на едно место. Тимот на Yugoimpex како преставници за Македонија, Косово и Албанија беше дел од овој саем со цел да го следи технолошкиот напредок и да ги донесе највредните решенија и иновации во дрвната индустрија за своите клиенти.


HOLZ-HER и WEINIG – Водечки имиња во иновацијата и технолошкиот напредок на дрвната индустрија

На овогодинешниот саем, брендовите на WEINIG и HOLZ-HER се истакнаа со импресивна презентации на автоматизирани и паметни производствени системи, кои ја редефинираат ефикасноста во обработката на дрво. Посетителите имаа прилика да видат комплетно функционални производни линии – Од CNC nesting машини, преку кантерици со најновата Glu Jet технологија, па сè до машини за обработка на масивно дрво од Weinig.


GLU JET 725 PUR PRO – Најновото патентирано достигнување во PUR технологијата

Најновата генерација на Glu Jet се одликува со интегрирана вакуумска технологија која овозможува значително побезбедна и полесна работа со PUR лепила. Комплетно затворениот систем за нанесување го елиминира присуството на влага од воздухот – елемент што директно влијае врз лепилото. Благодарение на ова, PUR лепилото останува стабилно и употребливо до една цела работна недела, без потреба од повторно полнење или чистење.

Клучни предности на Glu Jet системот:

  •  Совршен раб без видлив спој – врвна естетика на секој производ
  •  Интелигентна промена на лепило – брзо и практично
  •  Вакуум технологија – прецизна контрола со намален ризик
  •  Компатибилност со PUR и EVA лепила
  •  Едноставно чистење – заштеда на време и ресурси
  • Редизајниран грејач во форма на саќе за уште порамномерно загревање

Дел од машините кои беа претаставени на саемот Ligna во Hanover


Благодарност до сите кои беа дел од LIGNA 2025

Од срце им благодариме на сите што нè посетија на нашиот штанд на LIGNA 2025. Вашето присуство и интерес претставуваат силна потврда за вредноста на она што го работиме и за нашата визија да ги приближиме најсовремените светски технологии до локалниот пазар.

Искрено ја цениме вашата доверба и отвореност кон новите решенија што Ви ги претставивме. Вашата поддршка нè мотивира да продолжиме со уште поголема посветеност, градејќи партнерства кои носат раст, иновација и заеднички успех.

Со нетрпение очекуваме нови можности за соработка и повторни средби во иднина.