
LUMINA 1380 power e кантерица со робустна конструкција, дизајнирана за сложени задачи. Таа комбинира напредни технологии, вклучувајќи го системот за лепило Glu Jet и LTRONIC за совршено невидливи споеви. Со 20 NC сервосистеми, оваа кантерица ја максимизира автоматизацијата и вашата продуктивност. Нејзините мултифункционални капацитети овозможуваат лесни прилагодувања за различни намени. Оваа кантерица е дизајнирана да го подобри вашиот работен процес и да обезбеди извонредни резултати, што ја прави идеален избор за сите погони и фабрики.
Погледнете го видеото за LUMINA 1380 power
Клучни карактеристики и бенефити на овaa кантерица:
LTRONIC за невидливи споеви
- Визуелно перфектни резултати
- Нема потреба од загревање
- Бесчујна работа
- Пионери за штедење на електрична енергија
Edge Control
- 21.5” инчен екран на допир во боја со формат 16:9
- Висок перформанс со едноставна работа
- Графички кориснички интерфејс, сите информации се прикажани во јасен текст и/или графички облик.
- Голема меморија за работа на повеќе програми
- Индивидуално управување за до десет корисници со лозинка и индивидуална работа.
- Мрежна поврзаност и онлајн одржување.
iTronic за интелегентна автоматизација
- Адаптивно сечило за отсекување
- Автоматска единица за притисок
- Автоматска контрола на количината на лепак
- Автоматска рутина за чистење
- Индикатор за преостаната количина на лепак
Агрегат за вертикални рабови – постформинг во стандард
- Агрегат за обликување на работните парчиња со дебелина до 60mm
- Вклучува и програма за полици и нивна оптимална обработка
SYNCHRO ситем за прецизно и синхронизирано давање на траката
ECO MODE – Интелигентна заштеда на енергија: Паметен систем кој автоматски ја намалува потрошувачката на електрична енергија во периоди на мирување, со што се намалуваат трошоците за струја
| Технички податоци | LUMINA 1380 power | Опции |
| Контролер | 21,5” PPC 322W со touch екран, fa.s.t. функција, Intellisеt графичка корекција на алати, ECO mode | LED осветлувачки пакет, Ltronic |
| Машина | Масивна машинска колона во заварен дизајн | Двојна грејна гранка, автоматско подмачкување на ланец, заштитен преден капак, моторно водена линеарна водилка, маса со воздушен перниче |
| Мост | Моторен погон | |
| Магацин | 2 SYNCHRO влезни канали | |
| Магацин за ленти | 150 mm | |
| Предфрезување | Патентирана AirStream технологија, 60 mm | |
| Нанесување лепак | Glu Jet automatic (технологија на тенок филм) | Glu Jet automatic NC (моторно водена млазница) |
| LTRONIC | LTREADY | LTRONIC станица за премин NIR (23 mm) или LTRONIC NIR+ (45 mm) |
| Притисна единица | 3 валјаци, пневматски и моторно водени | |
| Крајно сечење | Два мотори, пневматско вртење | |
| Фрезовање | Фрезовање R=2 mm, flush = 8 mm, DIA алат, MOT6 | Самостојна MOT6 единица |
| Заоблување агли | Двоен мотор MOT4, 60 mm, сензор за нишање, пропорционален вентил, shelf програм | MOT6 со quattroForm револверски изменувач на алати |
| Стругачи | Вклучува компензација на фолија (MOT4) | |
| Равно стругање | Автоматски контролирано | Со пре- и пост-сензори |
| Полирање | Pivot 5° | |
| Прскање | Лубрикант, антистатичко средство, средство за одвојување и чистење | |
| Технички податоци | LUMINA 1380 power | |
| Вкупна должина (mm) | 5.740 | |
| Тежина (kg) | 2.000 | |
| Брзина на работа (m/min) | 10 – 18 | |
| Минимална должина на работен елемент (mm) | 160 (во зависност од материјалот и пресекот) | |
| Минимална ширина на работен елемент (mm) | 60 | |
| Дебелина на работен елемент (mm) | 8 – 60 | |
| Дебелина на лента (mm) | 0,4 – 8 (15) |
Како до подетални информации за LUMINA 1380 power?
За сите прашања и информации околу оваа кантерица и сите машини на HOLZ-HER слободно пишете ни или побарајте нѐ на 070 271 368/070 355 150
Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа на Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.
