WEINIG SOLID RIP U 310 – Високо ефикасен и цврст повеќелисен циркулар од Weinig.
Повеќелисниот циркулар WEINIG SOLID RIP U 310 е еден од најдолго продаваните модели на Weinig.
Овој модел има компактен дизајн кој не завзема голем простор и цврста конструкција која овозможува висока ефикасност при работата без никакви компликации.
Двостраните призматични водилици обезбедуваат прецизно транспортирање на материјалот којшто е клучен и за прецизноста при сечењето. Затворениот транспортен ланец е иновативно решение кое ги спречува потенцијални застои поради јазли и струготини.
Дополнително, патентираниот SafetyPlus систем ги затвара опасните зони на машината овозможувајќи оптимална заштита за работниците.
WEINIG SOLID RIP V 310
WEINIG SOLID RIP V 310 е цврста, издржлива и безбедна машина, која нуди оптимален квалитет на сечење и соодветен квалитет на сек за надолжно лепење.
Оваа машина обезбедува висока продуктивност и економска ефикасност, со широк спектар на апликации. Удобноста при работењето и оптималната интеграција со системски решенија ја прават оваа машина идеална за секоја работилница. Цврстиот и издржлив дизајн, заедно со максималната безбедност на операторот, гарантираат доверливост и сигурност при користење.
Вистинска солуција за поголема профитабилност
Ширинското сечење, познато и како „ripping“, во комбинација со надолжното сечење, претставува прва и клучна фаза во обработката на масивно дрво. Токму оваа фаза е темелот на ефикасното и модерно производство. Грешките направени при ширинското сечење – како што се загуби на материјал, недоволни количини или непотребни залихи – директно влијаат врз целиот понатамошен процес и трајно го нарушуваат крајниот резултат и профитабилноста на производството.
Затоа, модерното и ефикасно сечење е незаменливо. WEINIG нуди оптимални машински решенија за секоја потреба – од мали занаетчиски работилници до целосно автоматизирани производствени линии.







