
Во секоја индустрија доаѓа момент кога е потребно нешто ново — нешто што ќе обезбеди стабилност, но и ќе одговори на зголемените барања на модерното производство. Во светот на брусење и профилирање, новите предизвици бараат решенија кои се брзи, прецизни и сигурни.
WEINIG Profimat не е само нов модел. Тоа е новиот стандард во дрвната индустрија. Развиен за компаниите што сакаат да останат чекор пред конкуренцијата, оваа машина ги комбинира клучните елементи – ефикасност, лесно користење и врвен квалитет на изработка.
Достапен во две моќни конфигурации, овој модел нуди сè што е потребно за секојдневно професионално производство – без непотребни компликации. Со Profimat, вашата работилница добива решение кое е подготвено за иднината, без компромиси.
СÈ ПОД КОНТРОЛА
По барање, Profimat може да се опреми со интелигентен контролен пакет кој овозможува прецизни и повторливи резултати со едно притискање на копче – вклучувајќи 10,1-инчен екран за интуитивно и лесно работење.
Ширината и дебелината автоматски се прилагодуваат на зададената номинална димензија. За оние што преферираат рачна контрола, машината може да се подесува и рачно.


МАКСИМАЛНА УДОБНОСТ, БЕЗБЕДНОСТ И ЕФИКСНОСТ
Интуитивното ракување со Profimat овозможува кратко време за подесување, високо ниво на безбедност за операторот и удобна работа, со постојана сигурност во процесот.
Дополнително, Profimat е енергетски ефикасен и изненадувачки штедлив, што го прави идеален избор за компании кои сакаат да ги намалат трошоците на долг рок.
МАЗНО И ПРЕЦИЗНО – ВО КОМПАКТЕН ФОРМАТ
Со робусна основа од леано железо и вретена со докажан квалитет од WEINIG, Profimat обезбедува врвен квалитет на површинска обработка на сите работни парчиња.
И покрај својата моќ и стабилност, новиот Profimat не бара повеќе простор од претходните споредливи модели, благодарение на неговиот компактен и оптимизиран дизајн.

СИГУРЕН ПАРТНЕР – СО ПРОШИРЕНИ МОЖНОСТИ
Благодарение на компактниот и робусен дизајн, како и елиминацијата на непотребни компоненти, Profimat нуди изненадувачка издржливост и минимални потреби за одржување.
За поголеми предизвици, достапна е и верзија со работна ширина од 260mm – како опција. Стандардната работна ширина изнесува 230mm.

СПОРЕДБА НА PROFIMAT 30 И PROFIMAT 50

| Технички спецификации | Profimat 30 | Profimat 50 |
|---|---|---|
| Брзина | 6–15 м/мин | 5–30 м/мин |
| Брзина на вретено | 6.000 врт/мин | 7.000 врт/мин |
| Распоред на вретена | B-R-L-T B-R-L-T-B |
B-R-L-T-B B-R-L-T-T-B |
| Работна ширина | 13–230 mm | 20–230 mm |
| Работна висина | 8–120 mm | 10–160 mm |
| Дијаметар на вретено | 40 mm | 40 mm |
| Напон на работа | 400 V, 50 Hz | 400 V, 50 Hz |
| Димензии (Д x Ш x В) | 3.728 × 1.270 × 1.700 mm | 3.820 × 1.954 × 1.900 mm |
Како до подетални информации за PROFIMAT 30/PROFIMAT 50 од WEINIG?
За сите прашања и информации околу машините на WEINIG слободно пишете ни или побарајте нѐ на: 070 355 150
Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа на Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.
