Оваа кантерица е дизајнирана за лесно и брзо поставување на сите параметри, што значително ја зголемува продуктивноста и го минимизира времето на подесување. Со напредните моторизирани оски, процесот на подесување е брз и прецизен. Интегрираните серво-оски со висока брзина овозможуваат истовремено извршување на различни задачи, обезбедувајќи максимална флексибилност и ефикасност. Sprint 1327 е перфектно решение за сите кои бараат врвен квалитет и брзина во кантирањето.
Вистински избор за сите што бараат ефикасност, брзина и врвен квалитет!
Погледнете го видеото за кантерицата Sprint 1327 од HOLZ-HER!
Sprint 1327 кантерица | HOLZ-HER
Клучни карактеристики и бенефити на оваа кантерица:
Загревање, промена на лепак и чистење траат само три минути
- Благодарение на напредната и патентирана технологија за тенок слој на HOLZ-HER, овој систем е идеално решение како за занаетчии, така и за индустриски корисници. Невидливите споеви со PUR лепак, кој е совршен и за влажни простории, ја потврдуваат посветеноста на HOLZ-HER кон врвниот квалитет. Машината е опремена со NC серво мотори, кои овозможуваат автоматско прилагодување на висината на лепакот за максимална прецизност и флексибилност.
SYNCHRO ситем за прецизно и синхронизирано давање на траката
- SYNCHRO ситем за прецизно и синхронизиран дотур на траката.
- Овој иновативен систем значително го намалува триењето и овозможува прецизно нанесување, што резултира со врвен квалитет на готовиот производ. Идеален е за професионални и индустриски намени каде што секој детаљ е важен.
Edge Control – Едноставен и интуитивен
- Со 21.5-инчен touch screen монитор во 16:9 формат, оваа напредна технологија овозможува едноставно управување за и подесување на машината, брзо преминување помеѓу различни проекти. Осигурува брзо и ефикасно работење, што ја зголемува продуктивноста и прецизноста.
Единица за сечење со 6 NC мотори
Оваа единица за сечење со 6 NC серво-мотори нуди висока прецизност и флексибилност во обработката на материјалите. Серво-оските овозможуваат автоматско и прецизно прилагодување на позициите, што ги оптимизира процесите за сечење и значително ја зголемува продуктивноста и точноста на финалниот производ. Овој напреден систем е совршен за извршување на сложени задачи со минимално време на подесување.
Дополнителна опрема:
- Дијамантски алат за долг животен век.
- Интегрирана функција за вакуумско чистење.
- Линеарни водици за прецизно работење.
- Високобрзински NC серво мотори за оптимизирање на радиусот.
Високобрзински NC серво мотори со fa.s.t. функција (подесување на машината додека е во работа) за максимална флексибилност и брзо преминување меѓу операции.
Со ECO MODE, заштедете електрична енергија и пари
Како до подетални информации за Sprint 1327 кантерица?
За сите прашања и информации околу оваа кантерица и сите машини на HOLZ-HER слободно пишете ни или побарајте нѐ на: 070 271 368/070 355 150
Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа на Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.