STREAMER 1057 XL, кантерица од HOLZ-HER

HOLZ-HER STREAMER 1057 XL e кантерица кoja поставува нови стандарди во класата на компактни машини за кантирање. Иако зафаќа мал простор, оваа кантерица нуди перформанси кои обично се поврзуваат со многу поголеми индустриски модели.

Опремена со Glu Jet PUR систем, овозможува совршено затворени споеви, брзо префрлување меѓу различни материјали и врвен визуелен квалитет на рабовите. Благодарение на интелигентната контрола и прецизните агрегати, STREAMER 1057 XL обезбедува максимална флексибилност и долгорочна сигурност во секој столарски погон што бара стабилност и ефикасност без компромис.


Кои предности ги нуди оваа кантерица

Контролна единица Edge Control BC 15 со 15,6″ touch екран

  • Колор екран во формат 16:9 со моќен контролен систем и едноставен графички интерфејс. Панелот може да се ротира и навалува на висина на очи, што овозможува удобно и интуитивно управување. Системот е мрежно компатибилен, со заштита на пристап преку лозинка. Овозможено е брзо префрлување меѓу PUR и EVA лепак, како и VISE функција (Visual Setting mode) за дополнителна прецизност.
  • Благодарение на овој систем, SPRINT 1329 multi обезбедува постојан квалитет, сигурен процес и можност за работа со широк спектар материјали и дизајни. Со ова добивате идеална кантерица за современи производни погони каде брзината и прецизноста се подеднакво важни.

Vi.se. (Visual Setting mode)

  • Овој интелигентен дигитален систем ги прикажува сите поставени вредности за бројачите и манометрите, функционирајќи како дигитален дневник што овозможува брзо, прецизно и подесување на машината.
  • Интерактивниот приказ се одвива преку 15,6″ touch екран, што го олеснува управувањето и ја зголемува прецизноста при секојдневната работа.

Предфрезери

  • Предфрезерите ја подготвуваат површината на панелот за совршено лепење, со отстранување на нерамнините на рабовите. Опремена е со дијамантски алати со интегрирано отсмукување на струготини, што обезбедува прецизност, долг работен век и квалитетна завршна обработка.
  • Прилагодливата работна висина овозможува поголема флексибилност и оптимално искористување на алатите.

Систем за нанесување лепак Glu Jet

  • Флексибилен систем за нанесување лепак кој обезбедува невидливи споеви и врвен квалитет на обработка.
  • Загревањето, замената на лепакот и чистењето траат само 3 минути, што овозможува максимална ефикасност и значителна заштеда на време во секојдневното производство.

Притисна единица

  • Висококвалитетна 3-валјакна притисна единица за силно и прецизно притискање на лентата кон панелот.
  • Првиот валјак е моторно управуван, додека двата последователни притисни валјаци обезбедуваат рамномерно прилегање.
  • Пневматски, апликациски контролиран систем гарантира стабилен и чист спој со постојан квалитет.

Агрегат за отсекување на трака – 60 mm

  • Овозможува право или закосено сечење на тенки рабови, со можност за рачно аголно прилагодување до 10°.
  • Со работна висина од 60 mm, единицата се пневматски се прилагодува и доаѓа во висококвалитетна изведба. Со стабилно леано постолје и два мотора за сечење, секој со по две водилки, за прецизна и сигурна обработка.

Должинска обработка на кант трака

  • Овој агрегат овозможува заоблување на аглите кај рабови со дебелина до 3 mm, како и обработка на радиус до 3 mm и закосување до 45°. Погодна е и за постформирани профили.
  • Опремена е со алати со дијамантски врвови за долг работен век, интегриран систем за собирање на струготини и работна висина од 60 mm, што обезбедува чиста и прецизна завршна обработка.

ECO MODE – Паметна заштеда на енергија

  • ECO MODE системот автоматски ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија за време на работата на машината. Кога кантерицата мирува, се активираат режими за заштеда кои значително ги намалуваат трошоците и го продолжуваат работниот век на компонентите.
  • Ова не само што носи финансиска заштеда, туку придонесува и за заштита на животната средина.

Погледнете го видеото за STREAMER 1057 XL

Машина STREAMER 1057 XL
Минимална должина на обработка (mm) 160
Минимална ширина на обработка (mm)
Дебелина на обработка (mm) 6 – 45 (60)
Дебелина на кант трака (mm) 0.4 – 8
Брзина на вовлекување (m/min) 10
Вкупна должина (mm) 4930
Тежина (kg) 1420
Приклучок за компримиран воздух (bar)

Како до подетални информации за оваа кантерица?

За сите прашања и информации околу оваа кантерица и сите машини на HOLZ-HER слободно пишете ни или побарајте нѐ на 070 271 368/070 355 150

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа на Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

Доколку сте заинтересирани или сакате да ни поставите прашање, пополнете ја контакт формата, а ние ќе ви одговориме во најбрз можен рок!