ZENTREX 6215 POWER, панелен кројач од HOLZ-HER!

zentrex 6215 holzher

Прецизен и продуктивен панелен кројач

Доколку барате панелен кројач што ќе ви донесе прецизност, високи перформанси и поголема продуктивност, тогаш ZENTREX 6215 е вашето ново решение. Овој панелен кројач машина е создадена да ги задоволи највисоките стандарди на сечење. Со мотор од 25 kW и систем за прецизно ласерско позиционирање. Без разлика на големината на вашето производство или типот на проекти, ZENTREX 6215 е перфектното решение за секој производствен процес!

  • Уникатно на пазарот: Висококвалитетната технологија на линеарни водилици инсталирана на сите оски.

Погледнете го видеото за кројачот ZENTREX 6215

ZENTREX 6215 – Моќното решение од HOLZ-HER

Клучни карактеристики и бенефити на овој кројач:

  • Контролниот панел со големина од 21.5” мулти-тач full HD монитор во формат 16:9, Ви гарантира максимална јасност со 3D графика во реално време и целосна графичка помош при финализирање на работните парчиња.
  • Овој кројач користи Visible Cut Line – ласерски зрак за да ја означи точната линија на сечење. Ова исто така дозволува сечења според рачен нацрт да бидат позиционирани и изведени совршено.

XL Пакет за високи перформанси во работата:

  • Брзина на кроење до 130мм
  • Брзина: 130 м/мин и брзина на враќање 150 м/мин
  • Индустриски фаќалки

Висока функционалност со перфектна ергономија

  • Работната маса е опремена со воздушни дупчиња пред и по линијата на сечење, што овозможува лесно и нежно ракување со панелите.
  • Воздушните маси со перница од 1,800mm се поддржани директно на телото на машината и можат да се прилагодат лесно на димензиите на материјалот и висината на операторот.
  • Исклучително стабилна конструкција на масите за поддршка со воздушна перница за исклучително тешки наслаги на панели.
  • Бочните и предните ролери на масите за поддршка обезбедуваат мазен, ергономски и лесен внес во циркуларот (опционално)

OPTI-CUT – го прави вашето работење уште полесно

  • Софтверот OPTI-CUT, инсталиран во оваа машина, служи за создавање, управување и оптимизација при секојдневната работа. Овој интегриран софтвер за оптимизација е достапен и во верзијата OPTI-BASE за вашата канцеларија.
  • Интелегентно кроење кое вклучува:
  • Автоматско прилагодување на висината на сечење
  • Oптимизирана автоматска функција за должина на сечење
  • Автоматско прилагодување на висината на жлебот
  • Електрично прилагодување на предфрезерот
  • Интелигентни фаќалки за работните парчиња
  • 10 годишна гаранција на линеарните водилки

Интелигентен систем за енергетско управување 


Должина на сечење 3.300 mm / 4.300 mm / 3.100 mm / 4.250 mm
Пoлнење Складишен систем со вакуум лифтер (опција)
Извлекување на пилата 115 mm
Главна пила 21 kW, пила Ø 400 mm
Подесување на висина на сечење Автоматско
Подмачкување Рачна и автоматска контрола
Предрезач 2,2 kW, Ø 180 mm, електронска регулација
Единица за жлебување Ø 280 mm, електронско позиционирање
Брзина на поместување на пилата 1 – 100 m/min (напред) | 130 m/min (повраток)
Водење на граничник 25 m/min (автоматско позиционирање)
Стеги за работниот елемент 3 – 7 интелигентни стеги со прилагодлив притисок
Пневматски бочни притискачи Со 2 валјака, електронски контролирани
Маса со воздушен јастук Стабилна маса со воздушен јастук за лесно ракување со панелите
Систем за усисување Clean Protect систем за оптимално одведување на струготини
Ласерско позиционирање Visible Cut Line (опционално)

Како до подетални информации за ZENTREX 6215?

За сите прашања и информации околу овој панелен кројач и сите машини на HOLZ-HER слободно пишете ни или побарајте нѐ на 070 271 368/070 355 150

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа на Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

Доколку сте заинтересирани или сакате да ни поставите прашање, пополнете ја контакт формата, а ние ќе ви одговориме во најбрз можен рок!