
Премалку простор за складирање, хаос во шкафчињата и постојано удирање во вратичките од елементите – сето тоа се јасни знаци дека кујната го изгубила својот функционален сјај. Застарениот дизајн често создава повеќе нервоза отколку удобност.
Време е за реновирање – ние ќе ви помогнеме да ја редизајнирате вашата кујна и ќе ви покажеме како да ги отстраните петте најчести и најфрустрирачки проблеми што го отежнуваат секојдневното користење на просторот
Kога кујната го отежнува вашето секојдневие



Кога кујната станува застарена, тоа не се забележува само по изгледот, туку и при секојдневното користење. Со текот на времето, функционалноста се намалува, а мали, но честопати досадни ситуации стануваат дел од секојдневието. Вратичките на висечките елементи се судираат со главата, работните површини се тесни, а распоредот не го следи природниот тек на движење во кујната.
Таквите моменти укажуваат дека е време за промени – време за реновирање и подобрување на просторот, со решение кое ќе ја направи кујната не само модерна, туку и прилагодена на реалните потреби на корисникот.
Овa се 5те најпроблематчни зони во кујната
Неред во фиоките
Кога приборот и ножевите немаат свое место, секое готвење започнува со пребарување низ хаос. Нередот во фиоките не само што го забавува процесот, туку создава и непотребен стрес. Добрата организација со прегради, внатрешни делители и системи за редење овозможува прегледност и брз пристап до секој алат за готвење.
Тешки предмети на дофат
Предметите и состојките што се наоѓаат во задниот дел од шкафовите често остануваат заборавени. Кога пристапот е тежок, кујната ја губи својата практична вредност. Решението лежи во извлекувачки полици, системи со целосно отворање или висок шкаф со лесен пристап – дизајн кој секој агол го прави функционален.
Неред со состојките
Кога теглите со зачини и шишињата со масло и оцет се распоредени без ред, готвењето станува потешко и одзема повеќе време. Организирани полички, системи за внатрешна осветленост и јасно означени места за секоја состојка можат да создадат совршена хармонија во кујната и да го направат секое готвење полесно и поудобно.
Неуреден шкаф под мијалникот
Просторот под мијалникот често е запоставен и претворен во хаотичен агол исполнет со производи за чистење и кеси. Со правилна организација – како извлекувачки системи, посебни држачи и кутии за сортирање – може да се добие дополнителен простор за складирање и уреден изглед без неред.
Збогум на проблематичните делови, здраво на новата кујна!
Целосната реновација на кујната претставува вистински успех. Новиот распоред, во комбинација со темни фронтови и современи материјали, внесува елегантен и модерен изглед. Благодарение на паметната организација и внимателно осмислениот дизајн, работата во кујната стана полесна, поефикасна и попријатна. Најважно од сè – сите досегашни проблематични зони конечно се минато.

AVENTOS – lift system for wall cabinets
Современи лифт системи што се подигнуваат нагоре и не зафаќаат простор, се идеални за мали кујни.

Space tower – мултифункционален корпус
Елемент со посебни фиоки за складирање –сите производи се лесно достапни.

AMBIA-LINE, внатрешни организери
Системите за поделба во фиоките овозможуваат јасен преглед и едноставен пристап до предметите.

LEGRABOX фиоки
Современи лифт системи што се подигнуваат нагоре и не зафаќаат простор, се идеални за мали кујни.

Sink cabinet
Специјални извлекувачки елменти во U форма, за елементите под мијалникот, кои овозможуваат оптимално искористување на просторот за складирање.
Каде може да добиете подетални информации?
За сите прашања и информации околу производите на Blum побарајте нѐ на: 071 326 270
Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.
