Legrabox

Систем на фиоки кој ги исполнува дури и најкомплексните барања за дизајн. 

Претворете ја вашата инспирација во реалност – со LEGRABOX од Blum. Новиот асортиман ви дава слобода да ги приспособите вашите метални фиоки од системот на полици во ваши уникатни фиоки на извлекување.

Тенки страни на фиоката

Прилагодливиот дизајн на LEGRABOX ги поддржува најновите животни трендови и отвора широк спектар на можности за дизајн. Страните на LEGRABOX фиоките се прави и одвнатре и однадвор и се импресивно тенки со само 12,8 mm. Со ова добивате секаква можност за хармонично интегрирање во секое парче мебел.

Напредно инженерство

LEGRABOX системите се водечки во однос на технологијата. Опремен со конфигурација на фиока со BLUMOTION SLEGRABOX може да се пофали со минимален допир на отворање, синхронизирано лизгање и ви дава флексибилност да имплементирате три различни технологии за движење. Функцијата за меко затворање се прилагодува во зависност од технологијата која е имплементирана во системот фиоки.

Носивост и кога е целосно оптоварен

LEGRABOX работи извонредно дури и кога е целосно извлечен и натоварен. Профилот на кабинетот поседува ниски вредности на попуштање и исто така овозможува решенија од подот па се до таванот. Дури и големите и тешки фиоки работат непречено благодарение на нивната висока динамичка носивост од 40 и 70 kg.

Поголема стабилност

Високите внатрешни фиоки стануваат сè попопуларни како дизајнерски елемент. LEGRABOX го исполнува овој дизајнерски тренд со специјален преден држач за прицврстување кој гарантира максимална стабилност при отворање и затворање на фиоките и нивното извлекување.

Како до подетални информации?

За сите прашања и информации околу производите на Blum и како да ги имплементирате пишете ни или побарајте нѐ на 071 326 270 или пак посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.