LEGRABOX individual

Твој личен LEGRABOX individual, врвот на персонализацијата.

Дизајнирајте на свој начин со нашиот систем LEGRABOX individual. Измешајте бои и материјали, користете опции за печатење, ласерски текстури и втиснување, за да додадете сопствени дизајни и да создадете уникатен мебел што ќе ги воодушеви вашите клиенти и секако и вас самите.

Минималистичко чувство за стил

Малите детали можат да имаат големо влијание во нашата домашна средина, особено со минималистички дизајни. Со LEGRABOX individual добивате можност белата надворешност на страната на фиоката да се издвојува, наспроти дрвената текстура на предното челото. Внатрешната страна на фиоката е завршена во суптилен орион сив мат и додава дополнителен сјај на самиот дизајн на фиоката.

Во чест на носталгијата

Со LEGRABOX individual ‘Златното доба’ се враќа, барем кога станува збор за уредување на домашните простории. Страната на фиоката во црн мат е декорирана со уникатна геометриска шема, што придонесува кон високо чувство на ексклузивност и елеганција. Овој дизајн е идеален за современите домови кои бараат елемент на уникатност и рафиниран стил, додавајќи совршен баланс помеѓу модерноста и класичната убавина.

Вистинска посветеност за природен изглед

Лесното дрво создава чувство на свежина и удобност во секоја просторија. Црните кујнски островски елементи даваат остар контраст со скандинавскиот стил. Двете се визуелно поврзани со мат орион сива фиока со релјефен дел.

Додатоци за LEGRABOX individual

Комбинирање на Legrabox individual фиоките со различни додатоци по ваш избор кои ќе го разубаваат вашето секојдневие според вашите замисли.

Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу производите на Blum и како да ги имплементирате пишете ни или побарајте нѐ на 071 326 270 или пак посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.