Оков за темен мебел: детали што ја заокружуваат целината

okov za temen mebel

Темните нијанси внесуваат длабочина и елеганција во домот. Антрацитните, црните и темнокафеавите нијанси, во комбинација со дрвени детали и светли површини, создаваат пријатен и усогласен простор. За целината да биде внимателно осмислена, важен е и изборот на оков за темен мебел.

Освен што го овозможува движењето на вратите, оковот придонесува и за изгледот — особено кога мебелот е отворен. Со AVENTOS top и CLIP top BLUMOTION во onyx black, Blum нуди можност и овие детали да го следат дизајнот на темниот мебел.

Оков за темен мебел за усогласен изглед и зад фронтовите

При изборот на мебел, најмногу внимание обично им посветуваме на фронтовите, површините и рачките. Сепак, отворањето на елементите открива уште еден дел од дизајнот: внатрешноста, шарките и механизмите за подигнување.

Кај мебел со темни фронтови и корпуси, светлите компоненти можат да создадат изразен контраст. Кога и видливите делови од оковот се во соодветна темна нијанса, изгледот останува усогласен и при отворање на елементите.

Изведбата onyx black се вклопува во ваквото уредување, оставајќи ги материјалите и формата на мебелот во преден план.

AVENTOS top onyx black за горните елементи

AVENTOS top onyx black

AVENTOS од Blum е систем за подигнување на фронтовите на горните елементи. Наместо да се отвораат настрана, фронтовите се движат нагоре, овозможувајќи пристап до содржината.

Со AVENTOS top во onyx black, видливите компоненти на системот се вклопуваат во кујни со црни, антрацитни или темни дрвени површини. Така, и кога горниот елемент е отворен, деталите го следат истиот дизајнерски правец како остатокот од кујната.

При изборот на соодветен модел, покрај изгледот, треба да се земат предвид димензиите и тежината на фронтот, како и просторот потребен за неговото отворање.

Дознајте повеќе за AVENTOS top onyx black.

CLIP top BLUMOTION onyx black за вратите со шарки

CLIP top BLUMOTION onyx black

За вратите што се отвораат настрана, CLIP top BLUMOTION во onyx black го продолжува истиот визуелен пристап. Темната завршна обработка на шарките се усогласува со корпусот и фронтовите, придонесувајќи за внимателно осмислен изглед и во внатрешноста на мебелот.

Покрај изгледот, овие шарки имаат вградено BLUMOTION за меко и тивко затворање. Тоа е детал што се чувствува при секое користење — кога ја затворате вратата од кујнскиот елемент, плакарот или комодата.

Со комбинирање на CLIP top BLUMOTION и AVENTOS top во onyx black, оковот останува визуелно усогласен кај различните начини на отворање.

Дознајте повеќе за CLIP top BLUMOTION onyx black тука.

Темни нијанси во комбинација со дрво и светли површини

okov za temen mebel

Темниот ентериер не мора да биде целосно црн. Антрацитните фронтови во комбинација со дрво внесуваат топлина, додека светлите површини создаваат контраст и визуелна рамнотежа.

Во вакви комбинации, темниот оков може да се поврзе со рачките, славината, осветлувањето или другите црни детали во просторот. Не е потребно сите површини да бидат во иста боја — доволно е избраните елементи да имаат јасна меѓусебна врска.

AVENTOS top и CLIP top BLUMOTION во onyx black го дополнуваат овој пристап со детали што стануваат видливи при отворањето на мебелот.

Изгледот и практичноста се планираат заедно

Изборот на оков за темен мебел е најдобро да се направи уште при планирањето на мебелот. Начинот на отворање, димензиите на фронтовите и нивната секојдневна употреба влијаат врз изборот на соодветниот систем или шарка.

Разговарајте со столарот и за завршната обработка на оковот. Ако планирате темен мебел, onyx black може да биде дел од проектот од самиот почеток, заедно со материјалите, боите и останатите детали.

Заокружете го дизајнот со Blum

Внимателно избраниот оков за темен мебел ја поврзува практичноста со изгледот. AVENTOS top и CLIP top BLUMOTION во onyx black придонесуваат за усогласена целина — од надворешните површини до деталите што се откриваат при отворање.

За повеќе информации и помош при изборот на соодветен Blum оков, пополнете ја контакт формата или контактирајте нè во Yugoimpex на 070 271 368.

    Blum решенија за подобро организирана спална соба

    blum vo vashata spalna soba

    При уредување на спална соба, најчесто почнуваме од креветот, боите и изгледот на гардероберот. Но, откако ќе почнеме да ја користиме, вниманието се префрла на други детали: дали лесно ја наоѓаме облеката, дали имаме место за ситниците покрај креветот и дали фиоките и вратите се затвораат тивко.

    Токму овие детали покажуваат колку добро е испланиран мебелот. Со внимателен распоред и соодветни механизми, Вашата спална соба може да биде попрегледна, попрактична и попријатна за секојдневно користење.

    Гардероберот планирајте го според облеката што ја имате

    Пред да го одредите внатрешниот распоред на гардероберот, размислете што ќе чувате во него. Кошулите, сакоата и фустаните бараат простор за закачување, додека за долната облека, маиците и додатоците често се попрактични фиоки.

    Ако целиот гардеробер е поделен само на длабоки полици, дел од облеката лесно завршува во втор ред. За да стигнете до неа, мора да ги поместувате парчињата напред, а уредно наредените купчиња брзо се растураат.

    Комбинацијата од простор за закачување, полици и фиоки овозможува распоред според Вашите навики. Облеката што ја носите најчесто нека биде лесно достапна, а горните делови наменете ги за сезонски парчиња и предмети што ги користите поретко.

    Дрвени фиоки со скриени водилки TANDEM

    TANDEM vodilici za vashata spalna soba

    Ако сакате изгледот на дрвото да преовладува и во внатрешноста на гардероберот, дрвените фиоки се убаво решение. Во нив можете да ги распоредите облеката и додатоците, со подобар преглед на содржината.

    Blum TANDEM е систем на скриени водилки за дрвени фиоки, поставени под самата фиока. Механизмот останува дискретен, а изгледот на дрвото доаѓа до израз. Ова решение се вклопува и во класичен гардеробер и во посебен простор за гардероба поврзан со спалната соба.

    MERIVOBOX со AMBIA-LINE за прегледни фиоки

    merivobox so ambia-line

    Организација на облеката со MERIVOBOX и AMBIA-LINE

    merivobox so ambia-line vo vashta spalna soba

    Прегледно ноќно шкафче со MERIVOBOX и AMBIA-LINE

    Не е доволно само да ги тргнете ситниците од површината и да ги ставите во фиока. Ако се измешани, секое барање на очилата или полначот повторно создава неред.

    Фиоките MERIVOBOX со внатрешна организација AMBIA-LINE овозможуваат содржината да ја поделите во прегледни целини. Одделете ги очилата од каблите, а малите лични предмети од работите што ги користите пред спиење.

    Така површината на ноќното шкафче останува слободна, а секој предмет има свое место. Истото решение може да се примени и во комода или во катче за шминкање во Вашата спална соба.

    Тивкото затворање е особено добредојдено во спалната соба

    clip top blumotion za vashata spalna

    Кога едниот станува рано, а другиот сè уште спие, звукот од затворањето на мебелот лесно станува забележлив. Затоа, освен изгледот на фронтовите, вреди да обрнете внимание и на начинот на кој се затвораат.

    Blum BLUMOTION овозможува меко и тивко затворање кај вратите и фиоките опремени со оваа технологија. Кај гардероберите со крилни врати, шарките CLIP top BLUMOTION ја имаат функцијата интегрирана во самата шарка.

    Тоа е детаљ што можеби нема прв да го забележите кога го гледате мебелот, но ќе го користите секое утро и секоја вечер.

    Комодата нека има јасна намена

    Дополнителна комода може да обезбеди корисен простор, но пред да ја вклучите во Вашата спална соба, одредете што ќе чувате во неа. Така полесно ќе ги изберете бројот, ширината и длабочината на фиоките.

    За долна облека и додатоци, повеќе поплитки фиоки можат да бидат попрегледни од неколку многу длабоки. За постелнина и покрупни текстилни предмети, пак, потребни се поголем простор и соодветна носивост.

    Ако комодата ќе служи и како катче за подготовка, планирајте ги огледалото, осветлувањето и пристапот до фиоките како една целина. Оставете доволно простор пред неа за удобно користење.

    Искористете ја висината на гардероберот

    Гардероберот што се протега до таванот обезбедува дополнителен простор, но горните полици често остануваат тешко достапни. Таму обично завршуваат резервната постелнина, сезонската облека и кутиите што ги користиме поретко.

    При планирањето, размислете и како ќе стигнувате до нив. Дополнителниот простор е покорисен кога можете удобно да го користите.

    Полесен пристап со SPACE STEP

    space step vo vashata spalna soba

    Blum SPACE STEP е решение со извлекувачки степеник во долниот дел на мебелот, кој го олеснува досегнувањето на повисоките полици. Под степеникот може да се предвиди и дополнителен простор за складирање, со што се искористува делот кај цоклата.

    Кога не се користи, степеникот се прибира во мебелот и го остава просторот пред него слободен. Во спална соба со висок гардеробер, ова е практичен начин полесно да пристапите до работите сместени на горните полици.

    Во мала спална соба, проверете и како се отвора мебелот

    Не е доволно гардероберот или комодата да се вклопат во предвидениот простор. Треба да остане место и за отворање на вратите, извлекување на фиоките и движење покрај креветот.

    Пред изработката, побарајте од столарот да Ви го прикаже мебелот и во отворена положба. Така ќе забележите дали некоја врата удира во ноќното шкафче или дали пред фиоката има доволно место за удобно користење.

    Кај мала спална соба, добро избраните димензии и распоредот често се покорисни од додавањето уште еден елемент за складирање.

    Детали што вреди да ги договорите пред изработката

    Покрај материјалот и бојата, разговарајте со столарот и за начинот на извлекување на фиоките, мекото затворање, потребната носивост и внатрешната организација. Овие одлуки е најдобро да се донесат додека мебелот се планира.

    Добро уредена спална соба Ви овозможува лесно да го најдете, земете и вратите она што Ви треба. Од гардероберот до ноќното шкафче, секој елемент треба да одговара на Вашите навики.

    Каде може да добиете подетални информации?

    За сите прашања и информации околу производите на Blum и како да ги имплементирате пишете ни или побарајте нѐ на: 071 326 270

    Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

    Оков за бања и мали детали за поголема удобност

    blum okov za vashata banja

    Козметика околу мијалникот, пешкири без свое место и ситници што ги барате токму кога брзате. Дури и внимателно уредената бања може брзо да стане непрактична ако мебелот не одговара на Вашите секојдневни потреби.

    Зад уредната бања стојат добро испланиран простор за чување и внимателно избран оков за бања. Со Blum фиоки, секојдневните предмети можат да бидат лесно достапни, а површините послободни.

    Помалку предмети околу мијалникот

    Мијалникот го користиме повеќепати во денот, па просторот околу него лесно се исполнува со кремови, четки, шминка и други производи.

    Кога за нив ќе предвидите место во фиока, полесно ги земате и ги враќате по користењето. На површината остануваат само работите што сакате да Ви бидат постојано при рака, а бришењето и одржувањето стануваат поедноставни.

    Пред да го нарачате мебелот, размислете кои предмети ги користите секое утро. Тие треба да го добијат најдостапното место.

    Blum фиоки според Вашите потреби

    legrabox vo vashata banja

    LEGRABOX

    merivobox vo vashata banja

    MERIVOBOX

    tandembox vo vashata banja

    TANDEMBOX

    Во бањата чуваме предмети со различни димензии — од мали додатоци и козметика до пешкири и резервни пакувања. Затоа и фиоките треба да се планираат според нивната содржина.

    Blum системите за фиоки LEGRABOX, MERIVOBOX и TANDEMBOX нудат различни можности за Вашиот мебел за бања. LEGRABOX се издвојува со тенките, прави страници и елегантниот изглед, додека MERIVOBOX и TANDEMBOX овозможуваат различни изведби според потребите на проектот.

    Поплитките фиоки се практични за ситници што сакате веднаш да ги забележите, а подлабоките можат да обезбедат место за пешкири и поголеми предмети.

    Со соодветно избрани димензии и носивост, внатрешноста се приспособува на Вашите навики. При изборот, обрнете внимание и на движењето на фиоката — тоа е удобност што ќе ја чувствувате секој ден.

    Искористете го просторот под мијалникот

    legrabox fioki pod mijalnikot

    Просторот под мијалникот заслужува посебно внимание при планирањето. Положбата на сифонот и водоводните приклучоци влијае врз длабочината и обликот на фиоките.

    Затоа внатрешниот распоред треба да се усогласи со инсталациите уште пред изработката. Во зависност од достапниот простор, може да се предвидат фиоки со соодветен изрез или поинаква распределба на просторот за чување.

    Разговарајте со столарот за тоа што сакате да чувате под мијалникот. Така полесно ќе добиете решение што е практично и при користење и при пристап до инсталациите.

    SPACE TOWER: секојдневните производи одделете ги од резервите

    space tower vo vashata banja

    Кремот што го користите секое утро не мора да стои меѓу резервните сапуни и неотворените пакувања. Одделувањето на секојдневните производи од залихите ја прави содржината попрегледна.

    Со Blum SPACE TOWER, високиот елемент во бањата може да стане практично место за пешкири, козметика и резервни производи. Внатрешните фиоки се извлекуваат поединечно, за лесно да пристапите до она што Ви е потребно.

    Една фиока можете да ја намените за лична нега, друга за пешкири, а посебен дел за резерви. Во заедничка бања, секој член од семејството може да има свое место за личните предмети.

    Така полесно забележувате што имате, што треба да дополните и каде да го вратите секој производ по користењето.

    SPACE STEP: полесен пристап за најмалите

    space step za vo banja

    Кога бањата ја користи целото семејство, висината на мијалникот не им одговара подеднакво на сите. Blum SPACE STEP овозможува скалило интегрирано во подножјето на мебелот, кое на децата може да им го олесни достигнувањето на мијалникот при миење раце и заби.

    Под скалилото се отвора и дополнителен простор за складирање, кој можете да го искористите за резервни пешкири или други потребни предмети.

    По користењето, скалилото се вовлекува во подножјето. Така добивате практична функција што дискретно се вклопува во изгледот на Вашиот мебел за бања.

    Што да проверите при изборот на оков за бања?

    При изборот на оков за бања, обрнете внимание на секојдневното користење. Проверете колку се извлекуваат фиоките, дали лесно стигнувате до задниот дел и дали носивоста одговара на предметите што ќе ги чувате.

    За материјалите и обработката на мебелот побарајте решение соодветно за условите во бањата. Добро избраните механизми треба да бидат дел од внимателно изработен мебел, со заштитени рабови и правилна монтажа.

    Кога овие детали се планирани од почеток, добивате мебел што е убав за гледање и пријатен за секојдневно користење.

    Уредност што полесно се одржува

    Бањата полесно останува уредна кога секој предмет има свое место. Земањето и враќањето на работите стануваат дел од рутината, а слободните површини придонесуваат просторот да изгледа попријатно.

    Со внимателно испланиран мебел, Blum фиоки и решенија како SPACE TOWER и SPACE STEP, можете да создадете бања приспособена на Вашето секојдневие.

    Планирате нов мебел за бања? Контактирајте нè во Yugoimpex на +389 2 2650 251 за повеќе информации за Blum решенијата за Вашиот проект.

      Мини бар во домот, скриен простор за уживање

      mini bar vo domot REVEGO

      Омилените чаши, неколку внимателно избрани пијалаци и место каде што можете да подготвите нешто за себе или за гостите. Мини барот внесува посебна атмосфера во домот, особено кога е осмислен според Вашите навики и вкус.

      Но, како да го вклопите во ентериерот без шишињата, чашите и додатоците постојано да бидат изложени?

      Со добро испланиран мебел и REVEGO од Blum, мини барот може да биде достапен кога го користите, а потоа дискретно да се сокрие зад фронтови усогласени со остатокот од просторот.

      Мини бар што се открива со отворањето на мебелот

      revego od blum
      revego od blum
      revego od blum

      Замислете висок елемент во дневната соба или трпезаријата, со едноставни линии и завршна обработка што се надоврзува на околниот мебел. Зад неговите фронтови се наоѓа мини бар со полици за чаши, простор за пијалаци и површина за послужување.

      REVEGO е систем на Blum со кој вратите се отвораат и се вовлекуваат во скриени странични прегради, овозможувајќи непречен пристап до мини барот. Така, додека го користите мини барот, вратите се повлечени настрана и имате слободен пристап до внатрешноста. Кога ќе ги затворите, целата содржина останува скриена.

      Оваа можност е особено привлечна во домови каде што кујната, трпезаријата и дневната соба се поврзани. Мини барот станува дел од дружењето кога Ви треба, а во останатото време се вклопува во изгледот на мебелот.

      Внатрешност уредена според Вашиот вкус

      AMPEROS AC vo mini bar

      Убавината на мини барот е во деталите. Топла дрвена површина, полици со омилените чаши и внимателно поставено осветлување можат да создадат пријатно катче за послужување.

      За да биде и практичен, размислете што навистина ќе чувате во него. На повисоките шишиња им треба соодветна висина, на чашите лесен пристап, а на отворачите, подметнувачите и салфетките — сопствено место во фиока.

      Оставете и доволно слободна површина за да поставите послужавник или да подготвите пијалак. Токму тој простор го прави мини барот удобен за користење, особено кога имате гости.

      Од мини бар до катче за утринско кафе

      amperos ac

      Истиот простор може да има свое место и во утринската рутина. Со апарат за кафе, неколку шолји и фиока за лажички, кафе и додатоци, мини барот добива уште една намена.

      Наутро го отворате катчето и го подготвувате омиленото кафе. Навечер, истата површина служи за послужување пијалаци и дружење.

      За уште поголема практичност, Blum AMPEROS AC овозможува интегрирање електрични приклучоци во фиоки и извлечни полици, обезбедувајќи напојување за апаратот за кафе директно во мебелот.

      Така, сè што Ви е потребно за омилениот утрински ритуал е на едно место — уредно организирано и лесно достапно.

      AMPEROS AC: напојување таму каде што Ви треба

      amperos ac mini bar

      Кога во мини барот планирате апарат за кафе, приклучоците се дел од неговата функционалност уште од почетокот.

      AMPEROS AC од Blum овозможува интегрирање електрични приклучоци во фиоки и извлечни полици. Во катче за кафе со соодветно испланирана извлечна полица, ова решение може да обезбеди напојување на апаратот директно во мебелот.

      Така, покрај местото за апаратот, однапред се осмислуваат и приклучувањето и водењето на каблите. Димензиите и условите за работа на избраниот апарат треба да се земат предвид при изработката на елементот.

      Мал ритуал, сопствено место во домот

      Добро осмислениот мини бар носи лично обележје во ентериерот. За некого тоа е место за утринско еспресо, за друг катче за послужување гости, а често и двете.

      Со внимателен избор на материјали, практичен внатрешен распоред и REVEGO од Blum, можете да создадете простор во кој ќе уживате секојдневно, со изглед што се вклопува во Вашиот дом.

      Планирате мини бар или катче за кафе?

      Контактирајте нè во Yugoimpex на +389 2 2650 251 за повеќе информации за Blum решенијата што можат да ја дополнат Вашата идеја.

        Што ја прави Вашата дневна соба навистина функционална?

        dnevna soba

        Дневната соба е местото каде што поминуваме голем дел од денот.

        Тука одмораме, гледаме телевизија, разговараме со семејството, ги пречекуваме гостите, а понекогаш и работиме. Затоа при нејзиното уредување не е доволно да размислуваме само за боите, материјалите и изгледот на мебелот.

        Вистинската удобност се забележува во начинот на кој го користиме просторот секој ден. Во тоа колку лесно се отвораат фиоките, каде ги чуваме уредите и каблите и дали сè што ни е потребно има свое место.

        Токму тука квалитетниот оков може да направи голема разлика.

        Дневна соба што се менува според Вашите потреби

        na soba so revego

        Современата дневна соба сè почесто има повеќе намени. Таа е место за одмор и дружење, но понекогаш служи и како домашна канцеларија или простор за други секојдневни активности.

        Со системот REVEGO, цели делови од мебелот можат да бидат скриени зад големи фронтови кога не се користат. При отворање, фронтовите целосно се повлекуваат во тесен страничен елемент и овозможуваат слободен пристап до внатрешноста.

        На овој начин, работното катче, просторот за телевизор или елементите за складирање може да бидат достапни кога Ви се потребни, а потоа повторно скриени за дневната соба да изгледа уредно и хармонично.

        REVEGO овозможува истиот простор лесно да се приспособи на различни активности, без притоа да се наруши целокупниот изглед на мебелот.

        Тивкото затворање се забележува секој ден

        CLIP top BLUMOTION dnevna soba

        Во секоја дневна соба, удобноста не зависи само од тоа како изгледа мебелот, туку и од тоа како се движи.

        Фиока што удира при затворање или вратичка што треба внимателно да ја придржувате брзо станува дел од секојдневието. Можеби на почетокот не Ви пречи, но по илјадници отворања и затворања разликата станува очигледна.

        CLIP top BLUMOTION овозможува вратите да се затвораат меко и тивко, без оглед на брзината со која се движат. Тоа е мал детаљ кој создава чувство на квалитет при секое користење на мебелот.

        Добриот оков најчесто не го забележуваме затоа што едноставно ја извршува својата функција.

        Скриено напојување без видливи кабли

        AMPERSO AC vo dnevna soba

        Телевизори, звучници, светилки, полначи, гејминг-конзоли и други електронски уреди се неизбежен дел од современата дневна соба.

        Сепак, каблите и продолжните приклучоци лесно можат да го нарушат уредниот изглед на просторот.

        AMPEROS AC овозможува електричното напојување да биде интегрирано директно во фиока или полица на извлекување. Приклучокот останува скриен во мебелот, а уредите можат да се користат или полнат токму таму каде што се чуваат.

        На тој начин полначите, таблетите, телефоните и другите уреди не мора постојано да стојат на видливо место. Просторот останува уреден, а напојувањето е достапно кога ќе Ви биде потребно.

        Фиоките можат да бидат дел од дизајнот

        LEGRABOX фиоки

        MOVENTO водилици

        Фиоките во дневната соба не служат само за складирање.

        Тие се дел од целокупниот изглед на ТВ-комодата, витрината или нискиот елемент. Затоа е важно да бидат стабилни, лесно да се движат и да овозможат добар пристап до содржината.

        Со LEGRABOX може да се создадат елегантни фиоки со тенки страници и прецизно движење. За мебел со дрвени фиоки, MOVENTO овозможува целосно извлекување и лесен пристап до предметите сместени и во задниот дел.

        Така, далечинските управувачи, каблите, документите, друштвените игри и другите предмети може да бидат организирани и секогаш достапни.

        Повеќе функции во истиот простор

        dnevna soba so blum okov

        Денес скоро секоја дневна соба има повеќе намени.

        Во еден момент е простор за одмор, а во друг станува работно катче, место за учење или простор за дружење. Токму затоа мебелот треба да може да се приспособи на различни потреби.

        Добро испланираните фиоки, извлечни полици и скриени приклучоци овозможуваат работните уреди брзо да се тргнат кога повеќе не се потребни. Наместо лаптопот, полначот и документите да останат на масата, сè може да се смести во елементот предвиден за тоа.

        На овој начин дневната соба лесно се менува според Вашето секојдневие, без просторот да изгледа неуредно.

        Удобноста се крие зад фронтовите

        Кога избирате мебел за дневна соба, најпрво ги забележувате дизајнот, бојата и материјалите.

        Но, вистинскиот квалитет се чувствува подоцна – при секое отворање на фиоката, секое затворање на вратата и секое користење на просторот.

        Со внимателно избран оков, мебелот не само што изгледа подобро, туку станува полесен, потивок и попрактичен за користење.

        Затоа, кога ја планирате Вашата дневна соба, размислете и за она што не се гледа веднаш. Токму тие скриени решенија ја создаваат удобноста што ќе ја чувствувате секој ден.

        За повеќе информации за Blum оковот и решенијата за функционална и современа дневна соба, контактирајте го тимот на Yugoimpex на: +389 2 2650 251

        Нашиот тим ќе Ви помогне да го пронајдете соодветното решение за Вашиот проект.

        5 совети за уредување на кујна со Blum

        Уредувањето на кујна започнува со паметни решенија

        5 soveti za ureduvanje kujna so Blum

        При уредување на кујна, најголемо внимание најчесто се посветува на изгледот, боите и материјалите. Сепак, функционалноста е она што прави вистинска разлика во секојдневната употреба. Добро испланираната кујна треба да овозможи доволно простор за складирање, лесен пристап до сите елементи, удобност при користење и долготрајност.

        Во продолжение издвојуваме пет практични совети кои ќе Ви помогнат да создадете кујна што ќе биде удобна за користење денес, но и по многу години.


        1. Искористете го секој сантиметар за складирање

        space tower
        space twin

        Без разлика дали имате голема или помала кујна, добро организираниот простор секогаш прави разлика.

        Наместо класична остава со полици, модерните решенија овозможуваат подобра организација и многу полесен пристап до намирниците.

        Одличен пример е SPACE TOWER, кој користи целосно извлекувачки фиоки. Благодарение на нив, секој производ е лесно достапен, без потреба од пребарување во длабочината на елементот.

        Подеднакво практично решение е SPACE TWIN, кој овозможува искористување и на најтесните простори. Во него удобно се складираат зачини, масла, шишиња, даски за сечење и други кујнски додатоци, претворајќи го секој сантиметар во корисен простор.


        2. Искористете ги горните кујнски елементи поефикасно

        aventos kujna

        Горните елементи нудат голем потенцијал за складирање, но нивното користење треба да биде практично и безбедно.

        Со AVENTOS подигнувачките механизми од Blum, фронтовите се отвораат нагоре, оставајќи слободен пристап до внатрешноста на елементот. Ова е особено практично кога две лица истовремено работат во кујната или кога шкафот останува отворен подолг период.

        Во зависност од дизајнот и димензиите на елементите, достапни се различни решенија како AVENTOS HF, AVENTOS HL top, AVENTOS HK-XS и AVENTOS HKi, кои овозможуваат оптимално искористување на просторот и високо ниво на удобност.


        3. Изберете фиоки што овозможуваат целосен пристап

        grabox vo vashata kujna

        Една од најголемите грешки при уредување на кујна е користењето на класични фиоки со ограничено извлекување.

        Современите системи како LEGRABOX овозможуваат целосно извлекување на фиоката, што значи дека целата содржина е лесно достапна.

        Покрај практичноста, овие системи се одликуваат со висока стабилност, тивко работење и модерен дизајн, што ги прави одличен избор за секоја современа кујна.


        4. Додадете повеќе удобност и безбедност

        space tower
        space twin

        5. Малите детали често прават најголема разлика

        servo-dreive kujna

        Со SERVO-DRIVE, фиоките и кантите за отпад се отвораат со лесен допир, без употреба на рачки. Ова е особено практично кога рацете Ви се зафатени при подготовка на храната.

        Доколку сакате подобро да го искористите просторот под кујнските елементи, SPACE STEP нуди паметно решение. Интегрираното скалило овозможува безбедно достигнување до високите шкафови, а истовремено крие дополнителен простор за складирање.


        5. Инвестирајте во квалитет што ќе трае со години

        clip top blumotion kujna

        Кујната е просторија што се користи секој ден, па затоа квалитетот на мебелскиот оков има огромно значење.

        Шарките CLIP top BLUMOTION обезбедуваат меко и тивко затворање, без силно удирање на вратичките. Покрај тоа што придонесуваат за поголема удобност, тие го продолжуваат работниот век на мебелот.

        Blum ги тестира своите системи на 200.000 циклуси на отворање и затворање, што претставува гаранција за долготрајна сигурност и беспрекорно функционирање.


        Добро уредување на кујна значи подобро секојдневие

        Успешното уредување на кујна не се сведува само на избор на убав дизајн. Вистинската вредност лежи во решенијата што овозможуваат подобра организација, максимално искористување на просторот, удобност при користење и долготрајна функционалност.

        Со системите SPACE TOWER, SPACE TWIN, AVENTOS, LEGRABOX, SERVO-DRIVE, SPACE STEP и CLIP top BLUMOTION, можете да создадете кујна што ќе ги задоволи Вашите потреби денес, но и во иднина.

        Во Yugoimpex, како генерален застапник на Blum оков во Македонија, Ви помагаме да ги изберете вистинските решенија за секој проект.

        Контактирајте го нашиот тим на бројот: 070 271 368 и дознајте како квалитетниот мебелски оков може да ја направи Вашата кујна пофункционална, поорганизирана и поудобна за секојдневна употреба.

        Кујнски остров: функционален центар на современата кујна

        kujnski ostrov

        Современата кујна повеќе не е само простор за подготовка на храна. Таа е место за дружење, споделување семејни моменти и извршување многубројни секојдневни активности. Токму затоа, кујнскиот остров станува сè почест избор при уредувањето на модерните домови.

        Освен што создава впечатлив изглед, добро испланираниот кујнски остров обезбедува дополнителна работна површина, повеќе простор за складирање и подобра организација. Сепак, за целосно да се искористи неговиот потенцијал, потребни се квалитетни механизми и практични внатрешни решенија.

        Зошто да изберете кујнски остров?

        Кујнскиот остров може да има различна намена во зависност од големината и распоредот на просторијата. Може да служи како работна површина, простор за подготовка на храна, дополнителен елемент за складирање или место за брз појадок и дружење.

        Во него може да бидат вградени мијалник, плоча за готвење, фиоки, корпи за отпад или мали кујнски апарати. Поради тоа, неговото планирање треба да започне со јасно утврдување на потребите на корисниците.

        Добро организираниот кујнски остров овозможува сè што е потребно да биде лесно достапно, без непотребно движење низ кујната.

        Повеќе простор со фиоките MERIVOBOX

        kujnski ostrov

        Големите и длабоки фиоки се едно од најпрактичните решенија за секој кујнски остров. Тие овозможуваат прегледно складирање на тенџериња, тави, садови, прибор и различни кујнски додатоци.

        Системот MERIVOBOX од Blum се одликува со стабилност, современ дизајн и лесно движење, дури и кога фиоката е целосно оптоварена. Различните можности за конфигурација овозможуваат системот да се приспособи на димензиите и стилот на кујната.

        За елегантен и минималистички изглед може да се избере и системот LEGRABOX, кој се истакнува со тенки страници и префинета форма.

        Кујнски остров без рачки со TIP-ON BLUMOTION

        kujnski ostrov

        Фронтовите без рачки создаваат чисти линии и овозможуваат кујнскиот остров хармонично да се вклопи во современиот ентериер.

        Со TIP-ON BLUMOTION, фиоките се отвораат со едноставно притискање на фронтот. Истовремено, технологијата BLUMOTION овозможува меко и тивко затворање, без разлика со колкава сила е придвижена фиоката.

        За уште поголема удобност може да се примени електричниот систем SERVO-DRIVE. Краток допир е доволен за фиоката лесно да се отвори, што е особено практично кога рацете се зафатени или влажни.

        Подобра организација со AMBIA-LINE

        kujnski ostrov

        Големата фиока обезбедува многу простор, но без соодветна внатрешна организација лесно може да стане непрегледна.

        Системот AMBIA-LINE е дизајниран за организирање на фиоките LEGRABOX и MERIVOBOX. Флексибилните рамки и прегради овозможуваат секој предмет да добие свое место. На тој начин, приборот, садовите и кујнските додатоци остануваат стабилни и лесно достапни.

        За фиоките со системот TANDEMBOX може да се користи ORGA-LINE, кој нуди практични решенија за организација на различни кујнски предмети.

        Како да се искористи просторот под мијалникот?

        kujnski ostrov

        Кога мијалникот е поставен во кујнскиот остров, сифонот и водоводните инсталации често го ограничуваат просторот под него. Сепак, и овој дел може да се искористи со правилно испланирано решение.

        U-shaped pull-out од Blum ја обиколува конструкцијата на мијалникот и создава дополнителен простор за складирање. Во него може да се чуваат сунѓери, крпи, средства за чистење и други предмети кои треба да бидат секогаш при рака.

        Под оваа фиока може да се постави уште една длабока извлекувачка фиока за корпи за отпад и други поголеми производи.

        Квалитет што се чувствува при секое користење

        Кујнскиот остров е еден од најкористените елементи во современата кујна. Неговите фиоки се отвораат и затвораат повеќепати во текот на денот, поради што квалитетот на механизмите има големо влијание врз секојдневната удобност.

        Решенијата од Blum обезбедуваат стабилно движење, тивко затворање и практично користење на достапниот простор. Со правилен избор на механизми, кујнскиот остров станува функционален центар кој истовремено придонесува за подобра организација и современ изглед на домот.

        Доколку планирате нов кујнски остров или сакате да ја подобрите функционалноста на постојниот, контактирајте го тимот на Yugoimpex. Ќе Ви помогнеме да ги изберете соодветните Blum решенија според просторот, дизајнот и Вашите секојдневни потреби.

        Дали вреди да штедите на оков за кујна?

        Не, не зборуваме за цената на мебелот.

        Зборуваме за моментот кога ќе ја отворите фиоката по стоти пат и ќе сфатите дека веќе не се движи како порано. За вратичката што повеќе не се затвора рамномерно. За просторот што постои, а никогаш не успевате паметно да го искористите. Токму тогаш станува јасно колку е важен квалитетниот оков за кујна. Лошото решение ретко се забележува веднаш, но со текот на времето станува дел од секојдневието

        Кога компромисот станува навика

        okov za kujna

        На почетокот не ви пречи што треба малку посилно да ја турнете фиоката. Не ви пречи што мора да се наведнете за да го најдете тенџерето на задната полица.

        Ниту тоа што секој пат кога го отворате горниот шкаф, вратичката ви останува пред лице.

        Но, кога истите движења ќе ги повторите илјадници пати, сфаќате дека проблемот не е во вас. Проблемот е во решението.

        Квалитетниот оков за кујна не бара од вас да се прилагодувате

        okov za kujna

        Современиот мебел треба да работи според вашите навики, а не обратно.

        Затоа денес сè повеќе кујни користат системи како LEGRABOX и MERIVOBOX, кои овозможуваат целосно извлекување и лесен пристап до целата содржина.

        Наместо да барате работи на задната полица, сè ви е пред очи.

        Не е секогаш потребен поголем простор

        okov za kujna

        SPACE TOWER

        okov za kujna

        SPACE TWIN

        Често мислиме дека ни треба поголема кујна или поголем плакар.

        Но, многу почесто ни треба подобра организација и внимателно избран оков за кујна, кој овозможува секој дел од просторот да биде практично искористен.

        Со SPACE TOWER, високите елементи стануваат многу попрегледни, додека SPACE TWIN покажува дека и простор широк само неколку сантиметри може да биде навистина корисен.

        Добриот дизајн не создава повеќе простор. Тој подобро го користи просторот што веќе го имате.

        Малите движења се најважните

        okov za kujna

        Во текот на денот ќе ја отворите фиоката десетици пати. Ќе затворите вратичка. Ќе го подигнете горниот елемент.

        Тоа се движења што траат само секунда или две, но се повторуваат секој ден.

        Токму затоа системите како CLIP top BLUMOTION и AVENTOS не се создадени само да изгледаат модерно. Ти се создадени секое отворање да биде лесно, прецизно и удобно, не само денес, туку и по години користење.

        Вистинската цена

        Кога купувате мебел, не плаќате само за она што го гледате.

        Плаќате и за тоа како ќе се чувствува секој ден кога ќе го користите.

        Затоа вреди да се размисли што се крие зад фронтовите. Бидејќи квалитетниот оков не е само уште една компонента, тој е делот што најмногу работи, а најмалку се забележува.

        Токму затоа Blum ги развива своите решенија за долгорочна употреба и стои зад нив со доживотна гаранција.

        За повеќе информации за Blum оковот и решенијата што овозможуваат долготрајна, функционална и удобна кујна, контактирајте го тимот на Yugoimpex на +389 2 2650 251.

        Нашиот тим ќе Ви помогне да го пронајдете соодветното решение за Вашиот проект.

        Што ја прави една кујна квалитетна и по 10 години?

        okov za kujna

        Кога правиме нова кујна, најчесто вниманието ни го привлекуваат фронтовите, работната плоча, боите и распоредот на елементите. Но, ако ја погледнете истата кујна повторно по десет години, веројатно нема прво да го забележите декорот. Вистинската разлика најчесто ја прави квалитетниот оков за кујна, иако тој останува скриен зад фронтовите.

        1. Ќе ја отворите фиоката.
        2. Ќе ја затворите вратичката.
        3. Ќе го подигнете горниот елемент.

        Токму во тие неколку секунди најдобро се препознава вистинскиот квалитет на една кујна.

        Оков за кујна, најважниот дел што речиси никогаш не се гледа

        okov za kujna

        Размислете само колку пати во текот на денот ја користите кујната.

        Фиоката со прибор за јадење, шкафот со чашите, просторот под мијалникот, шкафот со зачини или горните елементи – сите ги отвораме и затвораме повеќепати дневно, речиси без да размислиме за тоа.

        Зад секое отворање стои работа на шарките, водилките или системите за подигнување. Тоа се компонентите што имаат најмногу циклуси на работа во текот на животниот век на мебелот.

        Додека фронтовите и работната плоча со години остануваат речиси непроменети, оковот постојано е во движење. Тој носи тежина, овозможува непречено отворање и затворање и секојдневно е изложен на оптоварување.

        Затоа токму неговиот квалитет има најголемо влијание врз тоа дали една кујна и по десет години ќе функционира исто како првиот ден.

        Кога квалитетот се чувствува

        Разликата помеѓу просечен и квалитетен оков ретко се забележува кога кујната е нова. Но, со текот на времето таа станува сè поочигледна.

        • Дали фиоката и понатаму се движи лесно?
        • Дали вратичката сè уште се затвора тивко?
        • Дали горниот елемент останува стабилно отворен?

        Одговорите на овие прашања најчесто зависат од компонентите што се вградени во мебелот.

        Што ја прави разликата кај Blum?

        okov za kujna

        Кога ќе извлечете една фиока, лесно можете да почувствувате дали системот е стабилен и прецизен.

        Blum нуди различни системи за фиоки, како LEGRABOX и MERIVOBOX, кои обезбедуваат целосно извлекување, мазно движење и сигурност дури и при големо оптоварување.

        Истото важи и за горните елементи. Со системите AVENTOS, фронтот се подига лесно и останува во саканата положба, овозможувајќи непречен пристап до содржината.

        Кај вратичките, CLIP top BLUMOTION овозможува меко и тивко затворање, додека технологијата BLUMOTION го амортизира секое затворање, без разлика колку силно ќе ја затворите вратичката или фиоката.

        А кога добрата механика ќе се комбинира со паметна организација, решенија како SPACE TOWER, SPACE TWIN и AMBIA-LINE помагаат секој сантиметар од кујната да биде функционално искористен.

        Зошто е важно каков оков е вграден?

        okov za kujna

        Квалитетниот оков за кујна не влијае само на удобноста при користење. Тој има директно влијание врз долговечноста на целиот мебел.

        Механизмите што секојдневно се отвораат и затвораат треба да останат сигурни и прецизни и по илјадници циклуси на користење. Затоа нивниот квалитет не е нешто што се забележува само првиот ден – туку нешто што се чувствува со години.

        Токму затоа Blum вложува во развој и тестирање на своите производи и стои зад нив со доживотна гаранција – потврда за довербата во квалитетот, издржливоста и долгорочната сигурност на својот оков.

        Следниот пат кога ќе избирате кујна…

        Освен бојата, материјалите и дизајнот, обрнете внимание и на тоа што се наоѓа зад фронтовите.

        Прашајте какви шарки, водилки и системи за подигнување се вградени.

        Затоа што токму тие компоненти ќе ја отвораат и затвораат Вашата кујна секој ден – неколку пати дневно, илјадници пати во текот на нејзиниот животен век.

        Доколку сакате да дознаете повеќе за Blum оковот и иновативните решенија што придонесуваат за долготрајна, функционална и удобна кујна, контактирајте го тимот на Yugoimpex на: +389 2 2650 251.

        Со задоволство ќе Ви помогнеме да го изберете идеалното решение за Вашиот проект.

        EXPANDO T – Решение за тенки фронтови од 8 до 14 mm

        EXPANDO T

        Тенки фронтови, големи можности

        Минималистичкиот дизајн веќе подолго време е еден од водечките трендови во уредувањето на ентериерите. Тенките фронтови од керамика, камен, HPL или тенок MDF му даваат на мебелот елегантен и модерен изглед, поради што сè почесто се избираат при проектирање на кујни и друг мебел.

        Со EXPANDO T, Blum овозможува сигурна монтажа на ваквите тенки фронтови без компромис во дизајнот и функционалноста.

        Сепак, ваквите материјали и помалата дебелина на фронтовите носат и поинакви технички барања кога станува збор за нивната монтажа.

        Инженерско решение за тенки фронтови.

        EXPANDO T mehanizam

        EXPANDO T е систем за прицврстување развиен од Blum, кој овозможува сигурна монтажа на Blum оков кај тeнки фронтови со дебелина од само 8 мм-14mm. 

        За разлика од стандардната монтажа, која бара  длабоко глодање за поставување на шарката, EXPANDO T користи специјално решение за прицврстување кое се привцрстува во материјалот со минимално дупчење. На тој начин се зачувува стабилноста на фронтот, а истовремено се задржува неговиот тенок и елегантен изглед.

        Повеќе слобода при изборот на материјали

        Кога дизајнерот ќе се одлучи за керамика, кварц, природен камен, HPL или тенок MDF, фокусот треба да биде на дизајнот, а не на прашањето дали механизмите ќе можат сигурно да се монтираат. 

        Благодарение на EXPANDO T, истите проверени механизми можат сигурно да се користат и кај тенки фронтови, без потреба од промена на концептот на мебелот

        EXPANDO T e компатибилен со повеќе Blum системи

        EXPANDO T blum okov

        EXPANDO T е компатибилен со повеќе Blum системи, како што се CLIP top BLUMOTION шарките, AVENTOS системите за подигнување и фиоките LEGRABOX и MERIVOBOX, што им овозможува на производителите да задржат исто ниво на функционалност без разлика на избраниот материјал.

        За производителите тоа значи поголема флексибилност, а за архитектите и дизајнерите повеќе слобода да креираат мебел со чисти линии и современ изглед.

        Дизајнот останува во прв план

        Овој систем за прицврстување е еден од оние производи што речиси никогаш не се забележуваат кога ќе го погледнете готовиот мебел. Tокму ваквите решенија овозможуваат современиот дизајн да се реализира без компромис во функционалноста и сигурноста.

        Материјал тестиран од Blum Минимален момент на затегнување (Nm)
        Иверица (јакост на затегнување > 0.4 N/mm²) 1.5
        MDF (јакост на затегнување > 0.6 N/mm²) 1.5
        HDF 2
        HPL 2
        Минерални композити 2
        Гранит 3
        Кварцен композит (вештачки камен) 3
        Керамички панели 3

        Доколку сте заинтересирани за оковот на Blum или сакате да дознаете повеќе за EXPANDO T, слободно контактирајте нè на 071 326 270. Со задоволство ќе Ви помогнеме да го изберете најсоодветното решение за Вашиот проект.