
WEINIG SOLID CNC CR 124 е сестран CNC центар од премиум класа, опремен со обработувачки единици од двете страни на порталот и простор за најмногу четири агрегати. Различните конфигурации, како главно вретено, 5-осен агрегат, универзално вретено, повеќевретена глава за дупчење и агрегати за сечење, овозможуваат висока флексибилност при производството.
Со користење две главни вретена, машината може истовремено да извршува две профилни обработки на едно работно парче во рамките на еден циклус. Дополнителните опции вклучуваат автоматизирано производство до три часа без присуство на оператор, мерни системи, скенери и ласерски проектори.
Благодарение на можноста за производство на различни производи, SOLID CNC CR 124 не е ограничен само на прозорци и врати. Машината може ефикасно да обработува и капаци, облоги, мебелски елементи и делови за рамки.
Кои се придобивките од оваа CNC машина
Безбедност, заштита од бучава и прашина
Конструкцијата на SOLID CNC CR 124 обезбедува високо ниво на безбедност и чиста работна средина:
- Целосно затворена заштитна кабина
- Подобрена заштита од бучава и прашина
- Контролирано извлекување директно кај алатот и работното парче
- Ефикасно отстранување на струготините
- Минимални потреби за одржување
- Современ дизајн приспособен на високите перформанси на машината
5-осен агрегат (опционално)
- 5-осна технологија за максимална максимална флексибност при обработката
- Магацин со 24 позиции за алати
Универзално вретено со 5-осна технологија (опционално)
- Моќност од 12,5 kW (S6)
- Максимална тежина на алатот од 6 kg
- Максимална должина на алатот од 220 mm
- Магацин со 17 позиции за алати
Повеќевретен агрегат за дупчење
- Обработка на отвори за рачки на врати
- Дупчење за аголни лежишта и оков
- Хоризонтално дупчење за аголни споеви
- Изработка на отвори за означување и позиционирање
- Зголемени перформанси и флексибилност на машината
Неограничени можности за аголни споеви
- Споеви со чеп и жлеб
- Споеви со типли
- Механички аголни споеви
- Максимален дијаметар на алатот од 340 mm
- Максимална тежина на алатот од 12 kg
- Длабочина на жлебот до 140 mm
- Можност за обработка на врати и конструктивни елементи
- Лесно приспособување и промена на аголните споеви
Технички спецификации
Повлечете ја табелата лево или десно за да ги видите сите модели.
| Параметар | C114 | C124 | C125 | C126 | C225 | C226 |
|---|---|---|---|---|---|---|
| Број на портали | 1 | 1 | 1 | 1 | 2 | 2 |
| Должина на работното парче | 220 – 4.500 mm / 6.000 mm | |||||
| Должина без повторно позиционирање | 2.700 mm | 2.700 mm | 3.100 mm | 5.000 mm | 3.100 mm | 5.000 mm |
| Должина при двојно поставување | — | — | 2 × 1.500 mm | 2 × 2.700 mm | 2 × 1.500 mm | 2 × 2.700 mm |
| Висина на работното парче | 25 – 100 / 150 mm | |||||
| Ширина на работното парче | 40 – 260 mm | |||||
| Должина на машината | 15,1 m | 16,4 m | 18,3 m | 23,2 m | 20,9 m | 25,6 m |
| Позиции во внатрешниот магацин за алати | 1 × 30 | 2 × 24 | 2 × 24 | 2 × 24 | 4 × 24 | 4 × 24 |
| Позиции во надворешниот магацин за алати | 135 / 220 | 206 / 298 | 160 / 275 / 390 | |||
Го задржуваме правото на технички измени.
Како до подетални информации за овa компактно CNC од WEINIG?
За сите прашања и информации околу SOLID CNC CR 124 и сите машини на WEINIG слободно пишете ни или побарајте нѐ на 070 271 368/070 355 150
Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа на Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.
Доколку сте заинтересирани или сакате да ни поставите прашање, пополнете ја контакт формата, а ние ќе ви одговориме во најбрз можен рок!
