Инвестирајте во иднината со ИПАРД

Планирате модернизација на производството, проширување на капацитетите или набавка на нови машини? ИПАРД програмата може да биде можност Вашата следна инвестиција да ја реализирате со финансиска поддршка.

Преку ИПАРД Мерка 7, компаниите од дрвопреработувачката индустрија и производството на мебел што ги исполнуваат условите можат да аплицираат за неповратна финансиска поддршка до 600.000 евра за проекти со прифатливи трошоци до 1.000.000 евра, односно основно кофинансирање од 60%, согласно условите на јавниот повик. Еден од главните предуслови е инвестицијата да се реализира во рурално подрачје.

Со Yugoimpex имате пристап до современи машини од три реномирани европски производители, според потребите на Вашето производство:

  • HOLZ-HER – За производители на мебел и обработка на плочести материјали.
  • WEINIG – За производители што работат со масивно дрво.
  • ESSETRE – За производители на дрвени конструкции, CLT панели и монтажни објекти.

Искористете ја можноста за модернизација и развој на Вашето производство со современа технологија.


HOLZ-HER – Современа технологија за производство на мебел

HOLZ-HER е германски производител на машини за обработка на плочести материјали, со решенија наменети за различни производствени потреби – од помали работилници до индустриски капацитети.

Погледнете дел од машините:

panelen krojac holzher

Панелни кројачи

За прецизно и ефикасно кроење на плочести материјали.

kanterici holzher

Кантерици

За прецизна обработка и кантирање на плочести материјали.

evolution 7405 busilica holzher

CNC бушилици

Компактен CNC центар со 4mat технологија за четиристрана обработка на само 5m².

pro master 7018

Конзолно CNC

За прецизна и автоматизирана CNC обработка на плочести материјали и мебелски компоненти.

nesting cnc

CNC Nesting

CNC обработувачки центар наменет за обработка на плочести материјали, вклучително и изработка на врати и конструктивни елементи.

Со избор на соодветна HOLZ-HER машина, можете да ги унапредите производствените процеси, да ја подобрите повторливоста на обработката и да создадете услови за поголем производствен капацитет.


WEINIG – Машини за професионална обработка на масивно дрво

solid rip k 310

Повеќелисни циркулари

Прецизно и ефикасно надолжно сечење на масивно дрво со повеќе пили.

solid profile p 700

Четиристрани рамналки и профилерки

Прецизна обработка и профилирање на дрво од сите четири страни.

solid cut pf 550

Должински оптимизатори

Автоматизирано сечење со оптимално искористување на дрвниот материјал.

weinig solid press t

Преси за лепење

Прецизно спојување и пресување на дрвени елементи за производство на лепени плочи и компоненти.

За компаниите што работат со масивно дрво, WEINIG нуди технологии за прецизна и продуктивна обработка, прилагодени на различни производствени процеси.

WEINIG претставува соодветен избор за производители што сакаат да инвестираат во поголема прецизност, автоматизација и подобро искористување на дрвната суровина.


ESSETRE – CNC решенија за напредна обработка на дрвени конструкции

Techno Saw CNC

Techno Saw CNC

Прецизна обработка на CLT панели, греди и дрвени елементи за монтажни објекти и конструкции.

Techno Fast, NC

Techno Fast, NC

Компактен 5-осен NC центар за прецизна и автоматизирана обработка на дрвени греди и конструктивни елементи.

Techno Multiwall XS, NC

Techno Multiwall XS

Напредна NC машина за обработка на CLT панели, комплексни греди и префабрикувани дрвени ѕидни елементи.

ESSETRE е италијански производител специјализиран за CNC технологии за обработка на масивно дрво и дрвени конструктивни елементи.

Неговите решенија се наменети за компании што произведуваат дрвени конструкции, монтажни објекти и други производи од масивно дрво.


Искористете ја можноста за развој на Вашето производство!

Планирате инвестиција во нови машини преку ИПАРД програмата? Направете го првиот чекор кон модернизација и проширување на Вашите производствени капацитети.

Разгледајте ги можностите што ги нудат HOLZ-HER, WEINIG и ESSETRE и изберете технологија што одговара на потребите на Вашето производство.

Пополнете ја контакт-формата подолу и нашиот тим ќе Ве контактира со повеќе информации и понуда за соодветните машини.

📞 За директен контакт: 070 271 368