
SOLID CNC CR 300 од WEINIG е компактно CNC решение со проширени можности за прицврстување на работните парчиња. Како современо CNC решение за прозорци и врати, машината им овозможува и на помалите работилници да постигнат висок квалитет, прецизност и флексибилност без компромиси.
Како помал модел од серијата SOLID CNC CR, оваа машина ги нуди сите предности на докажаниот концепт за CNC обработка, со одличен сооднос помеѓу цената и перформансите.
Со WEINIG добивате целосно усогласено решение од еден извор – машина, софтвер за производство на прозорци, алати и професионална сервисна поддршка. SOLID CNC CR 300 претставува сигурен чекор кон современо, ефикасно и автоматизирано производство.
Што Ви нуди оваа CNC за прозорци и врати
PowerGrip RePos easy маса за прицврстување (опционално)
Патентираниот систем PowerGrip RePos easy овозможува флексибилно прицврстување и автоматско поместување на работните парчиња во машината. Елементите остануваат стабилно прицврстени во текот на целиот процес, дури и при обработка на сложени и тесни профили.
- Оптимално прицврстување на работните парчиња
- Максимална прецизност при обработката
- Висок квалитет на обработените површини
- Можност за производство на различни системи за прозорци
- Прицврстување и кај сложени позиции и преклопи
- Поголема флексибилност според барањата на клиентите
Неограничени можности за аголни споеви и прозорски системи
SOLID CNC CR овозможува голема флексибилност при изработка на различни аголни споеви:
- Споеви со чеп и жлеб
- Споеви со типли
- Механички аголни споеви
- Дијаметар на алатот до 340 mm
- Длабочина на жлебот до 140 mm
- Обработка на врати и други конструктивни елементи
- Лесно приспособување кон различни производствени барања
WEINIG интеграција – еден сет на податоци за сите производствени компоненти
WEINIG ги поврзува сите чекори во производството на прозорци преку единствена комуникациска платформа:
- Конструирање и планирање
- Оптимизација и кроење
- Рамнење и производство на лајсни
- Профилирање на елементите
- Дупчење и вметнување типли
- Централизирано управување со производствените податоци
- Подобра координација и помалку грешки во производството
Погледнете го видеото за SOLID CNC CR 300
Технички спецификации
| Параметар | Вредност |
|---|---|
| Минимална/максимална ширина | 40 – 260 mm |
| Минимална/максимална дебелина | 25 – 150 mm |
| Минимална/максимална должина | 175 – 4.500 mm |
| Обработка на работното парче | Од сите шест страни |
| Должина на трновите | 290 mm |
| Максимална тежина на алатот | 12 kg |
| Максимален дијаметар на алатот | 340 mm |
| Максимална длабочина на жлебот | 140 mm |
Како до подетални информации за овa компактно CNC од WEINIG?
За сите прашања и информации околу SOLID CNC CR 300 и сите машини на WEINIG слободно пишете ни или побарајте нѐ на 070 271 368/070 355 150
Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа на Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.
Доколку сте заинтересирани или сакате да ни поставите прашање, пополнете ја контакт формата, а ние ќе ви одговориме во најбрз можен рок!
