
При избор на технологија за обработка на плочест материјал, често се поставува прашањето: панелен кројач или Nesting CNC? И двете решенија овозможуваат прецизна обработка, но користат различен принцип на работа и се наменети за различни производствени потреби.
Правилниот избор зависи од производите што ги изработувате, големината на сериите, потребните операции и начинот на кој е организирано производството.
Панелен кројач за брзо кроење

Хоризонталниот панелен кројач е наменет за прецизно надолжно и напречно кроење на плочест материјал. Тој е особено ефикасен кога се обработуваат поголеми количини правоаголни елементи со исти или слични димензии.
Можноста за кроење повеќе плочи во пакет овозможува висок капацитет и кратки производствени циклуси. По кроењето, елементите продолжуваат кон кантирање, дупчење или CNC обработка.
Nesting CNC за повеќе операции

Кај Nesting CNC технологијата, елементите со помош на софтвер се распоредуваат по целата површина на плочата. Плочата се фиксира со вакуум, а машината може да изврши кроење, дупчење, глодање и изработка на жлебови во еден процес.
Ова решение е практично за мебел по мерка, мали серии и проекти со различни димензии или нестандардни форми.
Кои се главните разлики?
Изборот не зависи само од брзината на машината, туку и од тоа колку операции се потребни за да се добие подготвен елемент.
Брзина и капацитет
Панелниот кројач има предност кај сериско производство на правоаголни елементи. Пакетното кроење овозможува брза обработка на поголеми количини материјал.
Nesting CNC обработува една плоча според подготвен распоред, но во истиот циклус може да заврши повеќе операции. Со тоа се намалува потребата од дополнително пренесување и обработка на елементите.
Флексибилност
Панелниот кројач е оптимизиран за праволиниско кроење. Nesting CNC овозможува обработка на различни форми, отвори, жлебови и детали, што го прави пофлексибилен за индивидуално производство.
Искористување на материјалот
И двете технологии користат софтвер за оптимизација. Кај панелниот кројач се одредува најдобриот редослед на сечењата, додека кај Nesting CNC елементите се распоредуваат по целата површина на плочата.
Nesting машините можат да обезбеди подобро искористување кај различни или нестандардни форми. Кај големи серии правоаголни елементи, добро оптимизиран панелен кројач исто така може да постигне многу мала количина отпад.
Кога да изберете панелен кројач?



Панелниот кројач е соодветен избор кога производството вклучува:
- големи количини правоаголни елементи;
- повторливи димензии и поголеми серии;
- потреба од пакетно кроење;
- одделни машини за понатамошна обработка;
- потреба од висок капацитет во фазата на кроење.
Во ваков процес, панелнитe кројачи континуирано ги снабдуваат следните работни станици со прецизно искроени елементи.
Кога да изберете Nesting CNC?




Nesting CNC најчесто одговара на производство на:
- кујни, плакари и мебел по мерка;
- мали серии и индивидуални проекти;
- елементи со различни димензии;
- нестандардни и посложени форми;
- компоненти што бараат кроење, дупчење и глодање.
Со обединување повеќе операции на една машина се намалуваат рачната работа, пренесувањето на елементите и можноста за грешки.
HOLZ-HER решенија за обработка на плочест материјал
HOLZ-HER нуди технологии за двата производствени пристапи.
Хоризонталните панелни кројачи од серијата LINEA, TECTRA, ZENTREX овозможуваат прецизно и ефикасно кроење, со можности за различни конфигурации и автоматизирано внесување на плочите.
DYNESTIC Nesting CNC машините овозможуваат оптимизирано кроење и CNC обработка во еден процес. Достапните модели и нивоа на автоматизација можат да се приспособат кон различни капацитети и производствени потреби.
Кое решение одговара на Вашето производство?
Панелниот кројач е одличен избор за брзо и сериско кроење правоаголни елементи. Nesting CNC нуди поголема флексибилност и извршување повеќе операции во еден процес.
Пред инвестицијата треба да се анализираат видот на производите, големината на сериите, постојните машини и плановите за развој. Кај одредени производствени процеси овие две технологии можат и меѓусебно да се надополнуваат.
Тимот на Yugoimpex Ви нуди стручна поддршка при анализа на производството, избор на соодветно HOLZ-HER решение, имплементација, обука и сервис.
За повеќе информации, контактирајте нè на 070 271 368 или пополнете ја нашата контакт форма, а ние ќе Ви одговориме во најбрз можен рок!
