REVEGO, совршениот ѕид од Blum

REVEGO

REVEGO системите се многу едноставни за имплементација и покрај самата сложеност на овој иновативен систем. Самите системи се карактеризираат со леснотија на користење, квалитет и стандарди кои се веќе познати за Blum

Новата категорија на производи наречена џебни системи отвора сосема нови можности за создавање мултифункционален простор. REVEGO, уникатниот систем за џебни врати со целосно интегрирана технологија, ви овозможува да отворите целосно функционални простори во вашиот дом и да ги затворите кога нема да ви бидат потребни. Без разлика дали се работи за опција со една или две врати, предните делови што се преклопуваат целосно исчезнуваат во наменската, тесна преграда на кабинетот.

Лесно планирање

Стандардната џебна ширина го прави планирањето многу поедноставно. Без разлика дали станува збор за опција со една или две врати, REVEGO ви дава неограничени можности кога станува збор за дизајнирање во вашиот домашен простор, независно дали е тоа вашата кујна, дневна или друго посакувано место.

Решение подготвено за инсталирање

REVEGO решението на Blum ги поседува сите есенцијални и вградени компоненти во овој џебен систем. Ова значи дека нема проблем со испорака на поединечни делови или нивно склопување кај клиентот. Наместо тоа, можете лесно однапред да го составите високиот кабинет во вашата работилница или фабрика и едноставно да го испратите производот до крајниот корисник.

Лесно составување

REVEGO е систем со брза и лесна инсталација:

Монтирајте и инсталирајте ги предните плочи и шини, направете брзи прилагодувања – и тоа е сè!

Сокриј сè, набрзина!

Предните врати на REVEGO целосно се преклопуваат и совршено го организираат просторот. Со лесен и мек допир отворете и затворете го просторот кога ви е најпотребно.

Сенаменска апликација

Се повеќе луѓе ги спојуваат своите кујни, спални, дневни и работни простории, бидејки ова се новите барани концепти во модерното живеење. Можноста за брзо отварање на нови функционални простори, а потоа и брзо затварање на истите, создава еден нов концепт на нова и модерна домашна атмосфера.

Ослободете ја вашата креативност и создадете нови и иновативни решенија во вашите мали и големи простории.

Во вашата кујна

Направете ја вашата кујна привлечна: Изложени и прострони работни површини кои со само еден допир се отвораат и затвораат. REVEGO UNO или REVEGO DUO, зависно од вашите потреби.

Перфектна солуција за вашата домашна работа 

Малкумина од нас го имаат луксузот да поседуваат посебна просторија како нивна канцеларија. За среќа, домашната канцеларија може да биде секаде во вашиот дом со џебните системи на Blum. Откако завршивте со работниот ден, со леснотија претворете ја вашата канцеларија во просторна дневна соба.

Мултифункционална дневна соба

Изборот е целосно ваш! Отворете го мултифункционалниот систем на REVEGO и уживајте во вашата  омилена музичка колкеција или само со еден допир имајте организиран простор во вашата дневна соба.

Уживајте во вашиот домашен бар

Завршете го вашиот работен и напорен ден со чаша вино или освежителен коктел. Само еден допир ве дели од ова совршенство во вашиот дом.

Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу производите на Blum и како да ги имплементирате пишете ни или побарајте нѐ на на 071 326 270 или пак посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.