Идеи за вашата домашна канцеларија

Идеи за домашна канцеларија

Работењето од дома стана новото нормално за многу луѓе во текот на изминатите години. Работата од вашата домашна канцеларија има различни предности и недостатоци, но секако и предизвици кои се клучни во вашето секојдневие.

Клучното прашање е како да го создадете вашиот идеален работен простор за да бидете најпродуктивни?

Собравме многу корисни совети кои ќе ви помогнат како да го претворите вашето досадно канцелариско катче во продуктивен работен простор за многу кратко време.

 Најдете го совршеното место во домот

Најдете го најмирното место во вашиот дом каде што ќе бидете изолирани од секаков вид непотребна бучава и звуци кои ќе ви пречат во процесот на работа. Обидете се да ги елиминирате сите звуци кои ќе ви го пролонгираат и одвлекуваат вниманието. Вашата цел е да си дадете солидна основа за да се фокусирате на вашите работни обврски.

Размислувајте за вашата комоција

Да започнеме со мал совет.

Започнете со движења и секако промена на вашата позиција со цел да го раздвижите вашето тело и зглобови во текот на работниот ден. Доколку вашиот буџет дозволува, наместете ja висината на бирото да биде прилагодена на вашето тело. Со ова ќе добиете оптимална, просторна и работна површина.

Креирајте оптимален простор за складирње 

Смачено ви е од нередот на вашето биро и непотребно трошите време во барање на вашиот канцелариски прибор? Се чувствувате непродуктивни кога вашето биро е преполно и тонете во неорганизираност?

Денес, за среќа постои голем избор за практични фиоки кои ќе ви помогнат за поголема организираност на вашето биро. За среќа ние сме тука да ви предложиме неколку идеи кои би одговарале за секој буџет и секој простор. 

Мобилната “Office Tower”, за секој помал дом и помал простор

Идеи за домашна канцеларија

Мобилната кула на Blum-Оffice Tower, ви обезбедува доволно простор за вашиот лап топ и  вашиот канцелариски прибор, а ќе ви одзема минимален простор во вашиот дом.

Поради тркалцата, оваа кула станува мобилна со што целиот ваш канцелариски прибор и лап топ ќе можете да го поместите каде и да посакате. 

Мулти функционален простор за простори со средна големина

Вградениот систем за подигање на “Office Tower” обезбедува лесен пристап и одлична организација. Организирајте ги вашите документи, папки и канцелариска опрема во посебните екстензии со внатрешни системи и полици и уживајте во вашата организираност во текот на денот. 

За дискретна организиција и нов функционален простор тука е “pocket” ситемот на Blum-REVEGO 

Идеи за домашна канцеларија

Доколку сакате нови функционални можности во вашиот дом, кои ќе ги добиете со само еден допир и сокриете на иститиот начин за вас го имаме новиот REVEGO “pocket” систем на Blum. Овој систем кој има двојна или единечна врата, при неговото отварање ви нуди сосема нови хоризонти и функционални простори кога е отворен. Со само еден допир вашата домашна канцеларија претворете ја во дневна соба и вратете го нејзиниот сјај.

AVENTOS LIFT системите за секојдневни придобивки 

Идеи за домашна канцеларија

Дали сакате работна соба во која се ќе ви биде при рака?

AVENTOS системите се дискретни и секогаш достапни за вас и создаваат лесно достапен простор за складирање. Во моментот кога ќе завршите со вашата работа, претворете го вашиот работен простор во дневна просторија.

Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу производите на Blum и како да ги имплементирате пишете ни или побарајте нѐ на: 071 326 270

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.