AVENTOS HKi

Интегриран лифт

Со неговиот компактен и тесен дизајн, AVENTOS HKi може целосно да се интегрира во страната на корпусот. Неговиот дизајн кој овозможува непречено вклопување во секаков тип на мебел, овозможува целосено нов естетски изглед.

Почувствувајте слобода!

Водете се по минималистичкиот изглед! Увидете дека понекогаш помалку значи повеќе, а за AVENTOS HKi тоа е околу 750 cm³– добро наполнета чаша пилевина. Толку е потребно за да се создаде шарката на овој интегриран лифт. Добијте поголема кративна слобода во вашиот дом и создадете нови иновативни дизајни на мебел.

Невидлива елеганција 

Интегрираниот лифт систем е целосно невидлив кога е затворен, дури и ако неговиот преден дел е од стакло, а видливите делови на AVENTOS Hki изгледаат елегантно со onyx црна боја.

Функционалност комбинирана со висока технологија

Технологијата на овој интегриран ситем е вметната во страничниот корпус кој дава целосна искористеност на просторот, вклучувајки вратичката на овој систем да стои во секоја позиција.

Целосна слобода во дизајнот!

AVENTOS HKi е толку тесен што монтирањето може да се користи во страничните хаптери на елементот со дебелина од само 16 mm. Димензиите ви даваат многу креативна слобода и може да се користат сите стандардни висини и длабочини. Висина до 600 mm и широчина до 1800 mm.

Преден дизајн

Симетрично инсталираните механизми за подигнување обезбедуваат флексибилност и решенија за се што би одбрале како предни дел со тежина до 18 kg. За кој материјал ќе се одлучите – дрво, медијапан, стакло со тесни или широки алуминиумски рамки, природен камен, керамика или бетон? Добивате одврзани раце за да уживате во вашата креативност со AVENTOS HKi.

Полу-интегрирано со капак за затварање 

Имате можност да го инсталирате AVENTOS HKi како полу-интергрирана решение, со механизмот за подигање кој вклучува и капак за затварање на механизмот. Капакот за затварање е достапен во свиленкасто бела боја, светло сива или темно сива боја. Имате и можност сами да го прилагодите вашиот AVENTOS со сопствен бренд елемент или лого.

Поголема удобност со технологиите за движење

BLUMOTION механизмот за меко затварање ви обезбедува секогаш затварањето да биде меко и без никаков напор. За системите без држачи, нашиот најтесен систем за подигање исто така може да се комбинира со технологијата за движење TIP-ON.

Ѕидни кабинети со нови решенија

Овие елементи можете да ги комбинирате со уметнички скулптури кои ќе дадат посебен шмек каде и да се поставени во вашиот дом.

Направете го вашиот дом вистинско ремек-дело со помош на стаклените AVENTOS HKi системи и оставете ги вашите гости воодушевени при самото влегување во вашата дневна соба.

Со AVENTOS HKi можете да ги имплементирате овие механизми со висина до 600 mm и ширина до 1800 mm. Со овие димензии направете го вашиот дом, место од соништата.

Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу производите на Blum и како да ги имплементирате пишете ни или побарајте нѐ на: 071 326 270.

Нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.