OFFICE TOWER, вашата мобилна канцеларија

Барате идеи за да создадете своја домашна канцеларија бидејќи вашиот простор е ограничен? 

Трендот за работа и студирање од дома се зголемува. Поради тоа многумина од вас сонуваат да имаат своја мала и функционална канцеларија во која се ќе имаат на дофат.

Голем дел од канцеларискиот мебел зафаќа голем простор, а со самото тоа се губи од флексибилност во просторот во кој ќе ги извршувате ваште работни обврски.

Office Tower е погодна дури и за најмалите домови. Мобилното биро е евоулирана форма на стоечкото биро и го максимизира просторот за лаптопи, канцелариски материјали на мала површина. Масата која поседува тркала може да се движи, а тоа ви дозволува лесно движење во домот. Вградените карактеристики гарантираат функционалност кога фиоките се отвораат истовремено. Вашите пенкала, бележници, документи и корици за датотеки се секогаш достапни кога ви се најпотребни.

Desktop Tower е паметен дизајн кој создава преносно складирање и обезбедува моментален пристап до основните работи за работа.

Најдоброто нешто за канцеларискиот кабинет со тркала е тоа што одговара дури и  во најмалите домови и е одличен избор за работа од дома.

Office Tower ви овозможува брзо и лесно да ја поставите вашата домашна канцеларија и веднаш да започнете со своите работни обврски.

Мобилна канцеларија, со убав изглед и мултифинкционалност

Без разлика дали ви е потребна домашна работна канцеларија, или биро за вашите за деца да ги извршуваат домашните задачи. Office Tower е идеален „канцелариски асистент“кој може да се имплементира со различни системи за фиоки и лизгачки системи. Решението на кабинетот е генијална комбинација на стандардни производи на Blum, а висината на кабинетот може да се прилагоди за да одговара на корисникот.

Лесен за креирање благодарение на неговите најразлични можности

Office Tower е развиен од експерти на одделот за истражување на Блум. Секоја компонента е внимателно поставена и одбрана за да се обезбеди оптимална функционалност. Фиоките се отвораат наизменично на спротивните страни за подобар пристап и нивна стабилност e загарантирана. Горната маса лесно се лизга настрана, со што ја открива дополнителната работна површина. Ова значи дека не мора да ги отстранувате работите од работната маса за да стигнете до лаптопот под неа. Со други зборови, мобилната работна површина е и ваш канцелариски кабинет.

Дизајнот може да се прилагоди за да ги задоволи потребите на сите корисници, независно дали нивната примарна рака е лева или десна. Oд вас зависи изборот на полици и дали ќе бидат полици од затворен или отворен тип.

Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу производите на Blum и како да ги имплементирате пишете ни или побарајте нѐ на 071 326 270 или пак посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.