AVENTOS HF top од Blum

aventos hf top

AVENTOS HF top, идеално решение за високи горни елементи

AVENTOS HF top е идеално решение за високи и средно високи горни елементи. Благодарение на преклопниот фронт составен од два дела, овозможува изработка на поголеми горни елементи без да го попречува движењето при работа. Дополнително, фронтот може да остане во отворена положба сè додека е потребно, обезбедувајќи лесен и удобен пристап до внатрешноста на елементот.


Неограничени можности за дизајн

Со AVENTOS HF top можете да дизајнирате горни елементи со висина од 480 до 1200 mm и ширина до 1800 mm. Механизмот овозможува примена и кај елементи поставени над работната површина, нудејќи голема слобода при креирањето на функционални и современи кујни.

Компактен асортиман

Само два типа подигнувачки механизми и три телескопски рачки се доволни за сите примени. Механизмите, телескопските рачки и држачите за фронтот можат да се користат симетрично, без разлика на избраниот систем за движење. Ваквото решение овозможува оптимално искористување на просторот во внатрешноста на елементот и го поедноставува складирањето и монтажата.

Алуминиумски фронтови

Комбинација од дрво и стакло

Асиметрични фронтови


Покривни маски

Елегантните покривни маски се достапни во свилено бела, светло сива и темно сива боја. Дополнително, можноста за персонализирани елементи за брендирање му дава на AVENTOS HF top препознатлив и уникатен изглед во секое парче мебел.

aventos hf top

Свилено бела

aventos hf top

Светло сива

aventos hf top

Темно сива

Технологии за движење

Интегрираниот механизам BLUMOTION обезбедува меко, тивко и контролирано затворање на фронтовите, придонесувајќи за поголема удобност при секојдневната употреба. За уште повисоко ниво на комфор, AVENTOS HF top може да се комбинира со електричниот систем SERVO-DRIVE, кој овозможува лесно отворање со едноставен допир – без разлика дали станува збор за целата кујна или за поединечни елементи.

Доколку сте заинтересирани за оковот на Blum или сакате да дознаете повеќе за AVENTOS HF top, слободно контактирајте нè на 071 326 270. Со задоволство ќе Ви помогнеме да го изберете најсоодветното решение за Вашиот проект.

AVENTOS HL top од Blum

aventos hl top

Компактни подигнувачки механизми со паралелно отворање

Изненадете ги Вашите клиенти со механизмите за подигање кои се движат нагоре и остануваат надвор од работната зона. AVENTOS HL top е идеално решение за горни елементи поставени над работни површини. Кај елементите поставени на работната плоча, фронтот се подигнува паралелно нагоре, овозможувајќи електричните апарати елегантно да останат скриени кога не се користат.


Неограничени можности за дизајн

Со подигнувачкиот механизам можете да дизајнирате горни елементи со висина од 300 до 580 mm и ширина до 1800 mm, овозможувајќи поголема слобода при креирањето на функционални и елегантни решенија за секоја кујна.

aventos hl top
aventos hl top

Компактен асортиман

Само два типа подигнувачки механизми и четири видови рачки ги покриваат сите примени. Кај AVENTOS HL top, механизмите и држачите за фронтот се користат симетрично, што го поедноставува складирањето, логистиката и монтажата.


Дизајн на фронтови. AVENTOS HL top овозможува примена на едноделни фронтови со средна висина. Поддржува дрвени фронтови, тесни и широки алуминиумски рамки, како и современи тенки фронтови, нудејќи голема слобода при дизајнирањето на мебелот.

Алуминиумски рамки

Тенки фронтови со EXPANDO T

Дрвени фронтови

Покривни маски

Минималистичките покривни маски се достапни во свилено бела, светло сива и темно сива боја. Дополнително, можноста за персонализирани елементи за брендирање му дава на AVENTOS HL top препознатлив и уникатен изглед.

Свилено бела

Светло сива

Темно сива

Технологии за движење

Доколку барате меко и тивко затворање, интегрираниот механизам BLUMOTION обезбедува непречено и контролирано затворање на фронтот. За уште поголема удобност, AVENTOS HL top може да се комбинира и со електричниот систем SERVO-DRIVE, кој овозможува лесно отворање со лесен допир – како за целата кујна, така и за поединечни елементи.

За повеќе информации за AVENTOS HL top и останатите решенија од Blum, контактирајте нè на 071 326 270. Со задоволство ќе Ви помогнеме при изборот на соодветен оков.

AVENTOS top сега и во Eclipse Black

aventos

Blum повторно го проширува својот препознатлив темен дизајн со воведувањето на Eclipse Black изведбата кај AVENTOS top системите. По успешното воведување на темната варијанта кај различни окови, сега и AVENTOS top добива елегантен Eclipse Black дизајн, усогласен со современите трендови во мебелната индустрија.

Детали кои создаваат целина

aventos blum

Современиот мебел денес не се оценува само според формата и материјалите. Сè поголемо внимание се посветува на секој видлив детал, а токму затоа усогласениот изглед на сите компоненти игра важна улога во финалниот впечаток.

Со Eclipse Black, дизајнерите и производителите добиваат можност да создадат хармоничен ентериер во кој механизмите стануваат природен дел од дизајнерскиот концепт. Кога горниот елемент се отвора, наместо стандарден механизам во светла боја, се открива дискретен темен систем кој визуелно се вклопува со останатите елементи на мебелот.

Совршен избор за современи ентериери

aventos top

Темните нијанси денес се еден од водечките трендови во современиот мебел и ентериерниот дизајн. Црните алуминиумски рамки и затемнетото стакло внесуваат елеганција и модерен карактер. Графитните, антрацитните и природните декори во потемни тонови дополнително создаваат префинет и усогласен изглед на мебелот.

Во вакви проекти секој детал придонесува кон целокупната естетика, па дури и механизмите кои порано биле исклучиво функционални компоненти, денес имаат важна улога во визуелниот идентитет на мебелот.

Препознатлива функционалност на Blum

aventos top

Покрај новиот изглед, AVENTOS top во Eclipse Black ги задржува сите карактеристики по кои системот е препознатлив. Лесното отворање, сигурното задржување на фронтот во посакуваната позиција и мекото затворање со BLUMOTION остануваат дел од секојдневното корисничко искуство.

Резултатот е комбинација од врвна функционалност и префинет дизајн, без компромиси во перформансите.

Кога мебелот е подеднакво впечатлив и отворен

aventos top

Денешните корисници обрнуваат внимание не само на надворешниот изглед на мебелот, туку и на неговата внатрешност. Затоа компонентите што стануваат видливи при отворањето сè повеќе се избираат и според нивниот изглед.

Eclipse Black одговара токму на овој пристап, каде што секој елемент. Без разлика дали е декоративен или функционален, придонесува кон целокупното чувство на квалитет и префинетост.

Дизајн до последниот детал

Со воведувањето на Eclipse Black кај AVENTOS top системите, Blum уште еднаш покажува дека вистинската иновација не се мери само преку нови технологии, туку и преку вниманието посветено на деталите.


Како до подетални информации за AVENTOS top системите?

Доколку сте заинтересирани за шарките и решенијата на Blum, слободно контактирајте нè на: 071 326 270.

Тимот на Yugoimpex ќе Ви помогне да го изберете најсоодветното решение за Вашите проекти и да ги искористите сите предности што ги нуди современиот оков за мебел.

INSERTA шарки, револуција во монтажата

inserta sharki

Кога станува збор за оков за мебел, многу луѓе обрнуваат внимание на дизајнот на шарката или на мекото затворање. Во производството на мебел, честопати најголемата разлика ја прават токму малите технички иновации. На пример, замислете  дека треба да монтирате 40 вратички на една кујна. Кај класичните шарки, секоја вратичка бара дополнително шрафење и одзема драгоцено време. За да се поедностави овој процес, Blum го развил системот INSERTA, кој овозможува шарката да се монтира брзо, прецизно и без употреба на завртки и алат.


Што е INSERTA и зошто е револуционерна?

inserta sharki

INSERTA е специјален шарка нa Blum кој овозможува чашката на шарката да се монтира во претходно избушената дупка без завртки и без алат. Наместо шрафење, доволно е шарката да се постави во дупката и да се активира механизмот со едноставно притискање.

Пред појавата на INSERTA, монтерите морале да користат завртки за секоја шарка, што одземало време и оставало можност за грешки. 


Кои се предностите на овие шарки 

Заштеда на време

  • Нема потреба од завртки за прицврстување на чашката
  • Се намалува можноста за оштетување на фронтот
  • Монтажата е побрза и почиста
  • Демонтажата е едноставна
  • Се добива прецизно и сигурно прицврстување

Како се монтира?

  1. На фронтот се буши стандардна дупка за шарка
  2. Чашката на шарката се поставува во дупката
  3. Се притиска INSERTA шарката
  4. Шарката автоматски се фиксира во вратата
  5. Вратата потоа се прикачува на монтажната плочка со Blum CLIP системот

Целиот процес трае само неколку секунди.


Совршен партнер на CLIP технологијата 

inserta sharki

INSERTA најчесто се користи заедно со Blum CLIP системот. Откако шарката е поставена во вратата, вратата едноставно се „клипнува“ на монтажната плочка без алат. Ова овозможува цела кујна или плакар да се монтира значително побрзо отколку со традиционалните системи.

Иако изгледа едноставно, оваа шарка користи прецизно дизајнирани метални елементи кои при активирање се шират во дупките на фронтот и создаваат силно механичко прицврстување. Благодарение на ова, шарката останува стабилна и по долгогодишна употреба

На прв поглед INSERTA изгледа како мала промена во конструкцијата на шарката. Овие шарки се одличен пример како една мала инженерска промена може да направи голема разлика во секојдневната работа. Со едноставна монтажа без алат, висока прецизност и сигурно прицврстување, INSERTA претставува една од најпрактичните иновации што Blum ги вовел во светот на мебелскиот оков.


Како до подетални информации за шарките INSERTA од Blum?

Доколку сте заинтересирани за шарките и решенијата на Blum, слободно контактирајте нè на: 071 326 270 Тимот на Yugoimpex ќе Ви помогне да го изберете најсоодветното решение за Вашите проекти и да ги искористите сите предности што ги нуди современиот мебелски оков.

MINIPRESS top, бушилица од Blum

Подготвена за иднината на производството

minipress top

Ефикасното производство започнува со прецизни и конзистентни процеси, точни работни методи и минимален простор за грешки. Само на тој начин може да се обезбеди висок квалитет во секоја фаза од работата – од првото дупчење до финалниот производ.

Со цел да одговори на сè повисоките барања на современото производство на мебел, Blum ја разви MINIPRESS top – напредна бушилица за набивање оков која овозможува уште поедноставно ракување, побрзо подесување и поголема прецизност при секојдневната работа.

Благодарение на новите функционалности, MINIPRESS top придонесува за поефикасни работни процеси, намалување на можноста за грешки и постигнување конзистентни резултати. Резултатот е повисоко ниво на продуктивност, подобар квалитет на изработка и поголема сигурност во производството.

Во комбинација со системот EASYSTICK, MINIPRESS top претставува комплетно решение за сите операции на дупчење кај корпусен мебел, врати и фронтови. Оваа комбинација овозможува прецизна обработка, лесно позиционирање и оптимизирање на секој чекор од производствениот процес.


Кои се предностите на MINIPRESS top во комбинација со EASYSTICK?

bushilica

Оваа бушилица е погодна за различни примени и се одликува со едноставно ракување. Дополнително, машината може да се конфигурира според Вашите потреби. Во комбинација со EASYSTICK, MINIPRESS top овозможува полесна работа и уште поголема прецизност при обработката.

Голема длабочина на дупчење

  • Овозможува централно линиско дупчење кај длабоки корпуси.
  • Вертикалната единица за дупчење може да се прилагоди до 350 mm длабочина.
  • Идеално решение за обработка на подлабоки елементи и корпусен мебел.

Автоматско поместување по Y-оската

  • Автоматско позиционирање на вертикалната единица за дупчење.
  • Достапно во комбинација со системот EASYSTICK.
  • Побрзо подесување и поголема прецизност при работа

Нова технологија за прицврстување на главата за бушење без алат

  • Брза и едноставна замена на главата за дупчење.
  • Без потреба од дополнителен алат.
  • Пократко време за подесување и поголема ефикасност при работа.

Хоризонтална единица за бушење

  • Прецизно дупчење за типли и спојници.
  • Лесно достапни командни елементи за едноставно ракување.
  • Точни и сигурни резултати при обработката.

Прецизен дигитален приказ

  • Дигитален приказ за прецизно подесување на димензиите.
  • Поголема точност уште од самиот почеток на работата.

Автоматски систем за позиционирање

  • Брзо и прецизно одредување на позициите за дупчење.
  • EASYSTICK автоматски се позиционира на соодветната мерка.
  • Поголема ефикасност и намалена можност за грешки при работа.

Дигитализирани работни процеси и автоматско позиционирање

Дигитализирани работни процеси

Со EASYSTICK, планирањето и производството на MINIPRESS top се целосно дигитализирани. Податоците може брзо да се внесат директно на машината или да се префрлат преку WLAN или USB. По внесување на димензиите и избраниот оков, EASYSTICK автоматски ги пресметува позициите за дупчење, овозможувајќи побрза подготовка и поголема прецизност.

digitalizirani rabotni procesi
vertikalno bushenje

Автоматско позиционирање на вертикалната единица за бушење

Во комбинација со EASYSTICK, MINIPRESS top автоматски ги поставува точните позиции за дупчење. Вертикалната единица се поместува по Y-оската автоматски, додека работната маса и мерната летва остануваат на истата позиција, овозможувајќи едноставно подесување и прецизни резултати. Дополнително, можноста за длабочина до 350 mm овозможува централно линиско дупчење кај подлабоки корпуси.

Хоризонтална единица за бушење

Со MINIPRESS top, сите вертикални и хоризонтални операции на дупчење можат да се изведуваат на една машина. Хоризонталната единица овозможува прецизно дупчење за типли и спојници, а благодарение на лесниот пристап и едноставното подесување, работата е побрза и поефикасна.

hoirizontalno busenje

Како до подетални информации за MINIPRESS top од Blum?

Сакате да ја зголемите прецизноста и продуктивноста во Вашето производство? Контактирајте го тимот на Yugoimpex и дознајте повеќе за бушилиците на Blum и придобивките што тие можат да ги донесат во Вашата работилница или фабрика.

    SPACE STEP од Blum – паметно искористен простор

    Зошто секогаш ни треба уште малку простор?

    SPACE STEP

    Да бидеме искрени, во македонските домови секогаш постои нешто што го чуваме за „секој случај“. Дополнителен сет чаши, сервис за гости, апарати што ги користиме повремено, сезонски додатоци или предмети што ги чуваме затоа што можеби некогаш ќе ни затребаат.

    Од генерација на генерација сме научиле да го цениме просторот и максимално да го искористиме секое ќоше од домот. Но, колку и да имаме простор за складирање, секогаш би ни користел уште малку.

    Што е SPACE STEP од Blum?

    space step

    Токму затоа SPACE STEP од Blum е решение кое совршено се вклопува во начинот на кој живееме. На прв поглед, тоа е елегантно интегрирано постолје кое овозможува безбедно и удобно да ги достигнете највисоките полици и елементи во кујната.

    Со негова помош, горните делови од мебелот стануваат подеднакво достапни за сите членови на семејството, без разлика на нивната висина.

    Но, неговата вистинска вредност се крие во нешто друго.

    Дополнителен простор таму каде што најмалку го очекувате

    space step blum

    Во основата на SPACE STEP се наоѓа дополнителен простор за складирање кој инаку би останал неискористен.

    Тоа е идеално место за предметите што сакате да ви бидат при рака, но не мора постојано да бидат изложени на поглед. На овој начин добивате уште една практична фиока без да заземете дополнителен простор во просторијата.

    Решение за секоја просторија во домот

    SPACE STEP во вашата спална соба

    SPACE STEP во вашиот ходник

    SPACE STEP во вашата кујна

    Иако најчесто се поврзува со кујната, SPACE STEP може да се примени во различни делови од домот.

    Во кујната може да послужи за складирање плехови, кујнски помагала или предмети што не ги користите секој ден.

    Во ходникот може да стане практично место за чување чевли, папучи, чадори и други додатоци кои секогаш треба да бидат при рака.

    Во детската соба може да се искористи за играчки, книги и училишен прибор, додека во спалната соба претставува одлично решение за постелнина, сезонски предмети или лични работи.

    Максимално искористување на секој сантиметар

    space step

    Во време кога секој квадратен метар е драгоцен, SPACE STEP покажува дека со паметен дизајн дури и просторот кој вообичаено останува неискористен може да стане функционален и корисен.

    Во македонскиот дом секое ќоше има потенцијал, а дополнителниот простор секогаш е добредојден.

    Каде може да добиете подетални информации?

    За сите прашања и информации околу производите на Blum и нивната примена во мебелот, пишете ни или побарајте нѐ на 071 326 270, или посетете го нашиот изложбен салон на Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

    Убавината е во деталите со CLIP top BLUMOTION onyx black

    Зошто црната боја никогаш не излегува од мода?

    CLIP top BLUMOTION onyx black

    Трендовите во уредувањето на ентериерите постојано се менуваат, но некои работи остануваат безвременски. Црната боја отсекогаш била симбол на елеганција, префинетост и добар вкус. Токму затоа таа сè почесто го наоѓа своето место во современите домови и мебелот по мерка.

    Вистинската разлика не ја прават само големите површини и впечатливите фронтови. Таа се крие во деталите.

    CLIP top BLUMOTION onyx black шарки како дел од дизајнот

    sharki

    При отворање на внимателно дизајниран мебел, секој елемент треба да изгледа подеднакво добро како и неговата надворешност. Токму затоа CLIP top BLUMOTION onyx black се шарки кои не се само техничка компонента, туку важен дел од целокупниот изглед на мебелот.

    Нивната темна завршница дискретно се вклопува со модерните темни фронтови и создава впечаток дека секој детал е внимателно осмислен до совршенство.

    Повеќе од елегантен изглед

    sharki

    Зад минималистичкиот изглед на CLIP top BLUMOTION onyx black се крие проверената BLUMOTION технологија. Таа овозможува меко, прецизно и тивко затворање на вратите, придонесувајќи за поголема удобност при секојдневната употреба.

    На тој начин, овие шарки не нудат само визуелна естетика, туку и функционалност која се чувствува секој ден.

    Црната боја не е резервирана само за темни фронтови

    CLIP top BLUMOTION

    Иако CLIP top BLUMOTION onyx black совршено се вклопуваат со темните декори и фронтови, нивната примена не завршува тука.

    Сè почесто дизајнерите ги комбинираат со светли фронтови за да создадат впечатлив контраст кој внесува дополнителен карактер и уникатност во мебелот. Ваквиот пристап овозможува техничките елементи свесно да станат дел од дизајнот и да придонесат за поинаков визуелен ефект.

    Добриот дизајн се препознава во деталите

    sharki

    Современиот мебел не се оценува само според неговиот изглед, туку и според вниманието посветено на секој детал. Токму затоа овие шарки претставуваат совршен спој на естетика, функционалност и квалитет.

    Бидејќи добриот дизајн не е само она што се гледа – тој се препознава и во деталите што остануваат незабележливи на прв поглед.

    Каде може да добиете подетални информации?

    За сите прашања и информации околу производите на Blum и нивната примена во мебелот, пишете ни или побарајте нѐ на 071 326 270, или посетете го нашиот изложбен салон на Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

    Полначот стана дел од мебелот

    Од еден полнач до десетици паметни уреди

    AMPEROS AC

    Се сеќавате кога во домот имавме еден телефон и еден полнач? Денес речиси секој член од семејството користи паметен телефон, таблет, паметен часовник или лаптоп. Со зголемувањето на бројот на уреди, расте и потребата тие секогаш да бидат наполнети и подготвени за користење.

    Без разлика колку се трудиме домот да биде уреден, каблите и полначите често завршуваат насекаде – покрај креветот, на работната маса, на кујнското острово или до најблискиот електричен приклучок.

    Полнењето стана дел од секојдневието

    Една од најчестите ситуации во секој дом е потрагата по слободен приклучок. Телефонот е при крај со батеријата, таблетот треба да биде подготвен за утрешниот ден, а лаптопот за работа. Во меѓувреме, уште неколку уреди чекаат ред за полнење.

    Поради тоа, денес повеќе не бараме само место каде што ќе ги оставиме уредите. Потребен ни е простор каде што тие можат истовремено да се чуваат, организираат и полнат без да создаваат дополнителен неред во домот.

    Кога мебелот станува практично решение

    amperos ac

    Современиот мебел сè повеќе се приспособува на начинот на кој живееме. Решенија како AMPEROS AC интегриран во LEGRABOX овозможуваат фиоката да се претвори во дискретна станица за полнење.

    На овој начин, телефоните, таблетите и другите уреди можат безбедно да се складираат и полнат во исто време, додека работните и животните простори остануваат чисти и организирани.

    Мал детал што прави голема разлика

    amperos ac

    На прв поглед можеби станува збор за мал детал, но токму ваквите решенија значително го подобруваат секојдневното користење на домот. Денес мебелот не се оценува само според неговиот дизајн, туку и според неговата функционалност и способност да одговори на современите потреби.

    Бидејќи модерниот дом не треба само да изгледа убаво – тој треба и да работи за нас. Kога полнењето на уредите станува дел од самиот мебел, добиваме повеќе ред, поголема удобност и подобра организација во секојдневниот живот.

    Каде може да добиете подетални информации?

    За сите прашања и информации околу производите на Blum и како да ги имплементирате пишете ни или побарајте нѐ на 071 326 270 или пак посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

    Како до модерен шпајз со Blum оков?

    shpajz

    Некогаш шпајзот бил срцето на организацијaта на домот. Денес, современите решенија ја оживуваат истата идеја, но во многу поелегантна и функционална форма.

    Речиси секој македонски дом некогаш имал шпајз, простор за чување зимница, намирници и сите неопходни работи кои требало секогаш да бидат при рака. Простор кој симболизирал ред, практичност и грижливо домаќинство.


    Современ шпајз за модерниот дом

    shpajz
    shpajz
    shpajz

    Иако начинот на живеење денес е значително променет, потребата за функционален и добро организиран простор останува иста. Современите домови бараат решенија кои нудат максимална искористеност на просторот, без притоа да се наруши естетиката на ентериерот. 

    Инспириран од оваа традиција, Blum нуди иновативно решение кое ја оживува идејата за шпајз во современа форма. Оставата е дискретно скриена зад елегантни кујнски фронтови, создавајќи чист и минималистички изглед на кујната.


    Трансформирајте го Вашиот шпајз со шарките CLIP top BLUMOTION 110° од BLUM

    Благодарение на шарката CLIP top BLUMOTION 110°, која овозможува отворање на вратата навнатре, шпајзот останува дискретно интегриран во дизајнот на кујната. Вратата се отвора лесно и непречено, откривајќи практичен простор за складирање кој останува скриен кога не е во употреба. Интегрираниот механизам за меко затворање обезбедува дополнителна удобност при секојдневната употреба и придонесува за повисоко ниво на комфор во кујната.

    На овој начин, традиционалната идеја за шпајз добива современа интерпретација која совршено одговара на потребите на модерното живеење. Резултатот е повеќе простор за складирање, подобра организација и уреден изглед на ентериерот. Сè што Ви е потребно е лесно достапно, а истовремено останува уредно скриено зад елегантните кујнски фронтови.


    Откријте ги можностите со Blum и Yugoimpex

    Без разлика дали планирате нова кујна или сакате да го подобрите постоечкиот простор, современите решенија на Blum овозможуваат максимална искористеност на секој сантиметар, без компромис во дизајнот и удобноста. Со внимателно избрани механизми и функционални детали, традиционалниот шпајз добива нов живот и се претвора во практично решение за модерниот дом.

    За повеќе информации за решенијата на Blum и можностите за нивна примена во Вашиот проект, контактирајте го тимот на Yugoimpex на следниот број 071 326 270.

    Нашите експерти ќе Ви помогнат да го пронајдете идеалното решение за пофункционална и поорганизирана кујна.

    Blum механизми: Зошто се стандард во модерниот мебел?

    blum mehanizmi

    Кога се планира модерен ентериер, изгледот е само почеток. Blum механизми се решението што го прави просторот навистина практичен и удобен за користење. Со Blum добивате мазно движење, тивко затворање и долготрајна сигурност.


    Зошто да изберете Blum механизми?

    blum mehanizmi

    Со Blum, секој елемент во мебелот е дизајниран да функционира беспрекорно и долгорочно. Решенијата се развиени со фокус на секојдневната употреба, каде удобноста и практичноста играат клучна улога.

    Blum нуди решенија што го подобруваат секојдневното користење на мебелот:

    • Тивко и контролирано затворање – без тресок, со меко и прецизно движење што создава чувство на квалитет и сигурност
    • Прецизно и мазно движење – дури и при честа употреба, механизмите работат стабилно и без отпор
    • Подобра организација на просторот – секој дел од мебелот е лесно достапен и функционално искористен
    • Чист и модерен дизајн – решенија што овозможуваат минимализам без компромис во удобноста

    Резултатот е мебел што не само што изгледа елегантно, туку и функционира на високо ниво во секојдневието.


    Каде и како се користат Blum механизмите?

    Blum механизмите се користат во сите делови од ентериерот — секаде каде што има мебел и потреба од функционалност и прецизност.

    Тие се применуваат во:

    Без разлика дали станува збор за горни елементи, фиоки, плакари или скриени решенија, Blum технологијата овозможува мазно движење, лесен пристап и максимална искористеност на просторот.

    Резултатот е ист во секој простор: поголема удобност, подобра организација и чувство на квалитет во секојдневната употреба.


    Клучни Blum решенија за секој простор

    Секој простор бара различно решение. Со Blum, изборот се сведува на вистинската комбинација на функционалност и дизајн — прикажана низ следните производи

    blum mehanizmi legrabox

    LEGRABOX фиоки

    LEGRABOX нуди фиоки и извлекувачи во различни бои, висини, должини и носивости. Нивната примена е низ целиот дом, од кујна до дневна и домашна канцеларија.

    blum aventos hki

    AVENTOS HKi

    AVENTOS HKi може целосно да се интегрира во страната на елементот. Механизмот за подигнување се вклопува беспрекорно во мебелот и овозможува нови можности во дизајнот.

    revego

    REVEGO

    Новата категорија производи наречена „pocket systems“ отвора целосно нови можности за создавање мултифункционален простор.


    Како до подетални информации за Blum решенијата?

    За сите прашања и информации околу Blum механизмите и решенијата, слободно пишете ни или побарајте нѐ на 071 326 270.

    Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа на Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

    Доколку сте заинтересирани или сакате да ни поставите прашање, пополнете ја контакт формата, а ние ќе ви одговориме во најбрз можен рок!