
Кога станува збор за оков за мебел, многу луѓе обрнуваат внимание на дизајнот на шарката или на мекото затворање. Во производството на мебел, честопати најголемата разлика ја прават токму малите технички иновации. На пример, замислете дека треба да монтирате 40 вратички на една кујна. Кај класичните шарки, секоја вратичка бара дополнително шрафење и одзема драгоцено време. За да се поедностави овој процес, Blum го развил системот INSERTA, кој овозможува шарката да се монтира брзо, прецизно и без употреба на завртки и алат.
Што е INSERTA и зошто е револуционерна?

INSERTA е специјален шарка нa Blum кој овозможува чашката на шарката да се монтира во претходно избушената дупка без завртки и без алат. Наместо шрафење, доволно е шарката да се постави во дупката и да се активира механизмот со едноставно притискање.
Пред појавата на INSERTA, монтерите морале да користат завртки за секоја шарка, што одземало време и оставало можност за грешки.
Кои се предностите на овие шарки
Заштеда на време
- Нема потреба од завртки за прицврстување на чашката
- Се намалува можноста за оштетување на фронтот
- Монтажата е побрза и почиста
- Демонтажата е едноставна
- Се добива прецизно и сигурно прицврстување
Како се монтира?
- На фронтот се буши стандардна дупка за шарка
- Чашката на шарката се поставува во дупката
- Се притиска INSERTA шарката
- Шарката автоматски се фиксира во вратата
- Вратата потоа се прикачува на монтажната плочка со Blum CLIP системот
Целиот процес трае само неколку секунди.
Совршен партнер на CLIP технологијата

INSERTA најчесто се користи заедно со Blum CLIP системот. Откако шарката е поставена во вратата, вратата едноставно се „клипнува“ на монтажната плочка без алат. Ова овозможува цела кујна или плакар да се монтира значително побрзо отколку со традиционалните системи.
Иако изгледа едноставно, оваа шарка користи прецизно дизајнирани метални елементи кои при активирање се шират во дупките на фронтот и создаваат силно механичко прицврстување. Благодарение на ова, шарката останува стабилна и по долгогодишна употреба
На прв поглед INSERTA изгледа како мала промена во конструкцијата на шарката. Овие шарки се одличен пример како една мала инженерска промена може да направи голема разлика во секојдневната работа. Со едноставна монтажа без алат, висока прецизност и сигурно прицврстување, INSERTA претставува една од најпрактичните иновации што Blum ги вовел во светот на мебелскиот оков.
Како до подетални информации за шарките INSERTA од Blum?
Доколку сте заинтересирани за шарките и решенијата на Blum, слободно контактирајте нè на: 071 326 270 Тимот на Yugoimpex ќе Ви помогне да го изберете најсоодветното решение за Вашите проекти и да ги искористите сите предности што ги нуди современиот мебелски оков.
