Автоматизација во дрвната индустрија

avtomatizacija vo drvnata ndustrija

Што ни носи иднината во дрвната индустрија?

Во ерата на брзи технолошки промени, дрвната индустрија во Македонија не заостанува. Yugoimpex неодамна имаше привилегија да претстави значителен напредок во автоматизација на дрвната индустрија и употребата на роботика, која ја претставува иднинатa на оваа традиционална индустрија.

На 21 февруари, оваа година, во просториите на Yugoimpex се одвиваше настан кој го обележа почетокот на една нова ера во дрвната индустрија. Со презентацијата на нашето пионерско решение за интеграција на роботска рака Fanuc, со Evolution 7405, која функционира без потреба од човечки надзор и испорачува резултати со исклучителна прецизност и успешно ги надмина очекувањата и постави нови стандарди во индустријата.

Овој настан не само што ги истакнува нашите иновативни капацитети, туку и ги поттикнува компаниите да размислуваат за воведување на слични технологии во своите операции, поттикнувајќи ги кон поефикасна, попрецизна и напредна иднина.

Кое е решението што го развивме со нашите партнери?

Решението кое го презентиравме беше само мал увид во можностите на автоматизацијата во дрвната индустрија и роботизацијата. Во соработка со нашите партнери, Manex Corporation, наш фокус ќе биде автоматизација на различни процеси при производство на мебел.

Уникатноста на оваа проблематика ни дозволува да развиваме решенија по мерка, односно tailor made solutions, прилагодени за секој клиент и процес на производство посебно.

Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу револуционерните решенија во дрвната индустрија и како да ги имплементирате, дознајте повеќе на: 070 271 368/070 355 150

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

Tandem 19 mm

Огромна флексибилност со многу додатоци

Tandem 19 mm

Големата предност на TANDEM е широкиот асортиман на производи. Скриениот систем на водилиците може да издржи максимално оптоварување од 30 кг и е достапен како целосно или делумно извлекување. Доаѓа и во многу различни номинални должини – од 250 до 750 mm. Ова го прави системот за водилици совршен за широк спектар на намени, односно за целовкупниот станбен простор.

Целосно или делумно извлекување со Tandem

Направете ги вашите фиоки за да одговараат за различни потреби со водилиците TANDEM. Единечната екстензија е идеална за дрвени фиоки од плочест материјал со меко и тивко затврање, а пак целосната екстензија е вистинскиот избор доколку сакате лесен пристап без губење на просторот за складирање.

TANDEM 19 mm за дебелите страни на фиока

Разновидниот систем водилици TANDEM 19 mm е специјално дизајниран за дрвени фиоки со дебелина на страната на фиоката од 17 до 19 mm. Посебна предност кај овие водилици е широкиот асортиман на производи. Системот водилици има носивост од 30 до 50 килограми, кој е достапен како целосно или делумно извлекување. Доаѓа и во многу различни должини – од 250 до 750 mm.

TANDEM со интегриран TIP-ON

TANDEM е достапен со интегриран TIP-ON кој ви носи зголемена удобност за вашите клиенти, а помалку труд за вас. Бидејќи е интегриран во самата водилка, можете да им понудите на вашите клиенти удобен систем за отварање отворање на допир.

Импресивна стабилност

Системот на водилици е исклучително стабилен и има одлични вредности за носивост, дури и кога фиоката е целосно оптоварена. Ова Ви овозможува да имплементирате извлекувања кои се блиску до подот, како и екстра широки фиоки, високи фиоки со длабоко извлекување. Со ова можете да им обезбедите на вашите клиенти вреден простор за складирање во сите области на домот.

Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу производите на Blum и како да ги имплементирате пишете ни или побарајте нѐ на 071 326 270

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

LEGRABOX pure / LEGRABOX free

Елегантна основа

LEGRABOX pure / LEGRABOX free ви нуди голем избор на мат бои и врвен изглед со нерѓосувачки челик против отпечатоци – за елегантни метални фиоки.

Покрај LEGRABOX pure , верзијата free на LEGRABOX овозможува приспособување на предните делови во висина C за индивидуални дизајни. Без разлика дали станува збор за стакло, дрво, кожа или камен – големите елементи на дизајнот создаваат посебен изглед.

Елементи за брендирање

Изберете го елементот за брендирање кој најдобро одговара на вашата замисла на LEGRABOX! Вашето лого ќе биде втиснато и испечатено. Создадете уникатен дизајн и изглед во вашиот дом, со тоа што можете сами да одлучите какoв ќе бидe изгледот на вашите фиоките.

 Со LEGRABOX ослободете ја вашата креативност!

Што се однесува до дизајнерските елементи, можете да креирате како што сакате! Донесете го до совршенство дизајнот на LEGRABOX. Дали ќе изберете со стакло, дрво, кожа, камен или кој било друг материјал што замислувате!

Каде можете да ги инсталирате LEGRABOX pure и LEGRABOX free?

LEGRABOX pure / LEGRABOX free можете да го инсталирате насекаде во вашиот дом. Независно каде ќе изберете овие фиоки ќе бидат совршен избор.

Одберете вие дали ќе бидат за во вашата кујна,во вашиот домашен бар, дневната соба или домашната канцеларија. Внесете нови високо стилски елементи кои со сигурност нема да останат незабележани и уживајте во секој детал од вашето секојдневие.

За сите прашања и информации околу производите на Blum и како да ги имплементирате пишете ни или побарајте нѐ на на: 071 326 270

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

LEGRABOX special edition

Донесете нов изглед во вашиот домашен простор

Touch-me текстури и волшебна комбинација на темни бои. Антрацитниот изглед создава елегантна естетика, особено во комбинација со елемент за брендирање во златна боја.

Специјална колекција само за вас

legrabox special edition

Систем фиоки со неверојатен изглед со антрацит боја, создадена од материјали со не’рѓосувачки челик против отпечатоци.

Класичен допир на елеганција

Металните завршетоци во комбинација со темна палета на бои е секогаш вистинскиот погодок за совршен изглед во секој дел од вашиот дом. Надворешноста со висок сјај од нерѓосувачки челик против отпечатоци создава прекрасен суптилен контраст.

Спектар на бои

Антрацитот е во срцето на колекцијата на ова специјално издание на LEGRABOX. Изберете од широкиот спектар на декоративни елементи, за да постигнете елегантен ефект на тон во тон или да создадете прекрасни контрасти кои ќе прилегаат во секој дом.

Брендирајте ги вашите елементи

LEGRABOX special edition

Изберете го елементот за брендирање кој најдобро одговара на вашата интерпретација на LEGRABOX. Можете да го испечатите логото во вашата сакана боја. Можете да одлучите, дали дополнителните страни кај LEGRABOX pure ќе ги дизајнирате во сребрена, златна или бакарна боја за да создадете импресивни нагласувања на елементите. Создадете уникатен дизајн кој го нагласува квалитетот на вашиот мебел.

Каде можете да ја инсталирате LEGRABOX special edition?

LEGRABOX special edition можете да го инсталирате насекаде во вашиот дом. Независно каде ќе изберете овие елементи да бидат.

Одберете LEGRABOX special edition за во вашата кујна,во вашиот домашен бар, дневната соба или домашната канцеларија. Внесете нови високо стилски елементи кои со сигурност нема да останат незабележани и уживајте во вашето во секој детал од вашето секојдневие.

Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу производите на Blum и како да ги имплементирате пишете ни или побарајте нѐ на: 071 326 270

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

Препораки до нова и ергономска кујна

Истегнувањето и клекнувањето се вежби кои треба да ги практикувате само на вашите јога часеви. Навистина треба да ги практикувате само таму, а не во вашата кујна. Затоа ќе ви дадеме неколку совети за како подобро ергономски да го дизајнирате вашиот функциаонален простор. Ве уверуваме дека после овие совети, ќе се чувствувате многу подобро во годините кои следуваат.

За почеток, набавете подобар мебел

Мислењето на повеќето од вас, според тимот на истражување на Blum ни откри дека во многу домаќинства, повеќето од вас се соочуваат со потешкотии и голем напор при работа во кујната или насекаде во домот.

Затоа кога ќе планирате нов мебел, секогаш имајте на ум дека практичните решенија и солуции ќе го направат вашиот живот полесен и пофункционален. 

Неколку трикови за да имате неограничена слобода во кујната

Горните корпуси ви носат оптимален простор за вашите чаши, приборот за јадење и многу повеќе. Директната споредба ни покажува дека вратите од горните корпуси може навистина да ви сметаат, а честопати и да ви бидат препрека во движењето и работењето во кујната.  

Системите на подигање од друга страна се отвараат нагоре и имате јасна слика што имате складирано во горните корпуси. Хоризонталните горни врати можат да бидат отворени и додека готвите и да не ви пречат во вашата работа. Затворањето е лесно и меко, а по ваша желба може да вклучите и електричното отварање – SERVO DRIVE.

Ергономска компонента за брз пристап

Дали фиоките се практични и ефикасни насекаде во вашиот дом? За да ја имате можноста да видите што има во нив, значи дека никогаш не ќе морате да клекнувате или да се наведнувате. Создадете простор во вашата бања и направете ја подостапна и подобра за складирање! Како би го направиле тоа? Со помош од комбинација на фиоките кои имаат минимална длабочина од 27cm до 65 cm.

Инспиративни идеи кои ќе го направат вашиот дом покомпактно место 

AMBIA-LINE

Многу генијални идеи кои се веќе испробани и можат да се искористат на другите места во вашиот дом. Еве неколку примери кои ќе ви го докажат тоа:

Фиоките за чорапи или долната облека се практични за во вашите гардеробери. Со новите трендови за мода, сугерираат да се инвестира во фиоки каде ќе можете да да ја сместите вашата облека. Решение за ова е системот со прегради AMBIA-LINE кој ќе ви помогне се да ви биде уредно како што посакувате.

Удобен пристап и во бањата

space tower

Организирајте со задоволство и имајте се на дофат дури и во вашата бања.

SPACE TOWER единицата за складирање која е составена од повеќе фиоки е перфектно место за се што ви е потребно за во вашата бања.

Изборете се со хаосот на детската соба 

Играчките на вашите најмили и планините од детската облека мораат да бидат уредно складирани и секогаш блиску на дофат. Целосните екстензии на TANDEM водилиците помагаат да ги складирате сите омилени работи на вашите деца. Со нивната носивоста до 65 kg ќе имате повеќе од доволно место за вашите мали принцови и принцези.

Се надеваме дека овие совети кои ви ги споделивме за подобрување на ергономијата во вашиот дом ќе ви помогнат. Овие мали промени честопати можат да донесат големи придобивки кога станува збор за домашното функционирање. Со ова ниво на функционалност можете лесно да дишете и да се концентрирате на она што е важно, а тоа е да се чувствувате опуштено и удобно во вашиот дом.

Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу производите на Blum и како да ги имплементирате пишете ни или побарајте нѐ на: 072 326 270

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

Гардеробер со софистициран ентериер

Бидејки секогаш ќе имате потреба од нови алишта, а секогаш вашиот гардеробер ќе биде премал за вашите потреби, ние ви нудиме нови и фунционални решенија кои максимално ќе го искористат малиот простор во врска со вашиот гардеробер.

Гардероберот е клучен елемент во секоја спална соба. Со текот на времето овие гардеробери еволуирале, за во поголеми и попросторни места за нашата облека. Со потребата да купуваме и да поседуваме повеќе облека од вообичаено, денешните гардеробери без никаков сомнеж играат голема улога.

Прегледноста е клучна

Секој гардеробер игра клучна улога во нашот дневен простор. Зависно од просторот во кој живееме, во него може да се складира постелнина, чевли, шапки, играчки и многу повеќе.

Гаредероберите можат да бидат поделени во различни секции зависно од потребата. Како на пример спортска облека, бизнис одела или casual-секојдневна облека.

Секогаш тука при рака 

Скоро секогаш целосната висина на гаредероберите се користи од левата страна, а тоа значи дека долгите фустани и палта можат да висат и да немаат никакви набори. Благодарение на фиоките, гардеробата која е во позадина е лесна за дофат, а целосната ширина на гардероберот се користи и создава нови простори.

Десната страна на сите гардеробери е секогаш резервирана за покртка или летна облека, а внатрешните фиоките создаваат јасна прегледност и лесен пристап од остатокот на гардероберот. Високите врати се опремени со високи огледала, кои ни дозволуваат да се видиме од сите агли.

Во долниот дел на гардероберот пристапот е полесен со еден или повеќе LEGRABOX фиоки со TIP-ON и BLUMOTION технологија на отварање. Предните чела на фиоките кои се направени од стакло ни даваат целосна и јасна прегледност на складираната облека дури и кога фиоките се затворени. Со само еден допир со вашето стапало, овие фиоки се отвараат и ви носат лесен и модерен пристап. 

Закачете ја вашата облека

Облеката која е тешка за диплење е најдобро да виси на вашите закачалки. Во долната секција на гаредроберот ви нудиме посебна карактеристика. Внатрешните фиоки се перфектно инсталирани во самиот плакар, а црните линии од фиоките даваат чувство како да се дизајнерски елемент.

Двете долни фиоки ви нудат сенаменска употреба и многу опции како индивидуално да ги организирате овие фиоки. Независно дали за вашите џемпери, чорапи, маици или друго. Со добри методи на организација во вашето диплење, секое парче облека ќе може да се складира одлично во AMBIA-LINE фиоките. Малите додатоци лесно се складираат во внатрешните скриени фиоки со внатрешен поделен систем.

Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу производите на Blum и како да ги имплементирате пишете ни или побарајте нѐ на: 071 326 270

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

Blum, за технологија на допир во вашиот дом

Индивидуалниот дизајн одговара на врвната удобност.

Со Blum, минималистичкиот изглед и функционалноста на мебелот се во центрот на вниманието. Мебелот на допир е актуелен и во полн сјај, а нашата цел е да ве запонаеме со квалитетот и новите можности кои секојдневно инспирираат. Откријте безброј опции за да креирате уникатен дизајн на допир кој брзо и лесно се имплементира.  

Blum ви дозволува да дизајнирате подигачки системи, вратички и фиоки за вашите индивидуални потреби и барања од вашата кујна па се до спалната соба. Овој оков може да се имплементира со леснотија, благодарение на техннологијата на движење.

4 технологии на движење со Blum

sistemi kujni spalni sobi blum

Мебелот кој е на допир може да биде опремен со BLUMOTIONSERVO-DRIVE, TIP-ON BLUMOTION и TIP-ON за да ги задоволи сите ваши потреби. Независно дали се механички или електрични, Blum ви нуди широк избор.

Со Blum добијте елегантен дизајн со висока прецизност

Технологиите за движење на Blum ви овозможуваат да имплементирате системи за подигање, врати и извлекувачки механизми на допир. Овие технологии Ви отвараат бескрајен влез од дизајнерски можности за мебел на допир во сите простории – вклучувајќи и кујни!

Практично и удобно

sistemi kujni spalni sobi blum

Технологијата на движење ви носи ново ниво на ергономичност, удобност и задоволство кога станува збор за мебелот дома. Со еден допир на вашата рака, колк или колено, системот на подигање, вратите и фиоките се отвараат сами.

Безбројни можности 

sistemi kujni spalni sobi blum

Со Blum добивате вистински солуции во секој дел од домот. Технологии кои поддржуваат дизајни на системи без рачки, врати и фиоки.

Практично и прецизно

Практичните карактеристики за прилагодување создаваат хармоничен целокупен изглед. Многу компоненти може да се состават со минимално присуство на алат. Прецизна и лесна монтажа може да се постигне за кратко време.

Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу производите на Blum и како да ги имплементирате пишете ни или побарајте нѐ на: 071 326 270

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

10 чекори за подобро складирање

10 chekori

Не трошете залудно од вашиот домашен простор и извлечете максимум од секој агол. Создавањето идеален простор е навистина предизвикувачки за секого, особено за малите станови. Еве неколку интересни и идеални совети кои ќе ви помогнат да создадете повеќе простор во истиот стан за вашиот кујнски прибор, приборот за готвење и вашите намирници.

1. Затворете ги страните на фиоките

Искористете ја целосната длабочина на вашата фиока и оптимизирајте ги вашите фиоки за извлекување место полици, а страните да бидат длабоки и затворени. Со ова го олеснувате натрупувањето на се што чувате и паѓање на истите.

2. Колку подлабоки фиоки, толку подобро

Можете да имплементирате подлабоки фиоки со цел можност за повеќе складирање, а за тоа ви е потребна поголема екстензија. TANDEMBOX plus е најидеална фиока на извлекување со длабочина до 65 cm.

3. Ширината е клучна 

Ако имате можност, одлучете се за една широка фиоки ANTARO, наместо две помали фиоки. Со ова ќе ослободите место што инаку би било потребно за страните на фиоката, а воедно заштедувате и на цена, а добивате поголем простор за складирање.

4. Размислувајте за вашите конкретни потреби 

Секое домаќинство е уникатно. Барањата за просторот за складирање по природа се многу индвидуални и секако зависат од вашите навики, животниот стил, и големината на вашиот дом.

5. Користете го секој агол и место во домот

Со SPACE TWIN кој е достапен во ширина од минимум 20 санитиметри, ќе ги претвори сите преостанати празнини во вреден и одличен простор за складирање.

6. Креирајте ново складиште

Дозволете си го едно од најдобрите извлекувања на Blum – SPACE TOWER.

Може да се имплементира во различни ширини (од 30 cm до 120 cm) за да ги задоволи сите ваши барања. Дизајнот на овој кабинет се покажува како корисен и во многу други области од домот – било да е тоа во бањата, ходникот или помошната просторија.

7. Прифатете нови и креативни решенија

Само неколку дополнителни сантиметри можат да направат чудо во вашиот дом. Намалете ја работната површина со целосно извлекување со помош на TANDEMBOX и искористете го просторот за складирање лево и десно од мијалникот. Идеален е за чување на средства за одржување на хигиена. Истото ви препорачуваме да го искористите и за вашата бања.

8. Достигнете нови височини

Зошто да не креирате нови места за складирање до вашите нозе и да имате лесен пристап до горните елементи? Со SPACE STEP, сте во можност да ги комбинирате овие предности и да внесете практичност за вашите деца, така што ќе создадете полесен и побезбеден начин за нив. 

9. Создадете практичен простор и за малите нешта

Скриени позади големите чела, внатрешните фиоки MERIVOBOX се вистинско чудо за складирање. Ќе бидете презадоволни со тоа што ќе добиете дополнително место за сите нешта кои немале свое вистинско катче.

10. Не дозволувајте хаос 

Штом веќе еднаш ќе креирате доволно место за складирање, треба да започнете да ја организирате внатрешноста за се да ви биде на дофат. Практичните AMBIA-LINE рамки и поделби ќе ви дозволат да имате поголема практичност и поголем простор за истите да бидат секогаш на правото место со висок степен на уредност.

Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу производите на Blum и како да ги имплементирате пишете ни или побарајте нѐ на: 071 326 270

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

MOVENTO – Софистициран движечки систем 

МOVENTO водилиците за фиоки се софистициран движечки систем за секоја ваша идеја поврзана со дрво, која се одликува ултра лесно движење.

4 димензионалното движење на неговата екстензија ви обезбедува голема стабилност и носивост. Овој неверојатен систем може да се користи со сите 4 технологии за движење. 

Синхронизирано меко и тивко влечење.

Овој систем е познат по неговато лесно движење и бесчујност. Неговите движечки компоненти за отварање и затварање се движат без никаков напор, а неговите ролери обезбедуваат оптимално движење и со голема тежина без напор. 

Иновативна технологија за подобар квалитет во движењето.

Откријте ја подобрената технологија на движење со помош на MOVENTO.

Кога фиоката е отворена, водилицата веднаш преминува во меко лизгање, а благодарение на BLUMOTION механизмот за меко затварање се затвара нежно и без никаков напор дури и ако пробате да ја затворите фиоката посилно.

Одлична стабилност и покрај големата носивост

Со MOVENTO добивате извонредна стабилност и голема носивост. Благодарение на водилицата која може да се монтира на подот, овој систем е идеален за таа намена. Со ова добивате носивост дури од 40 па се до 70 кг.

Каде се може да го користите овој систем?

MOVENTO и во вашата кујна!

Стабилноста и неговата импресивна носивост го прават овој систем идеален за вас и вашите тави и тенџериња и целиот кујнски прибор.

MOVENTO во вашата дневна соба – дали е висок, низок, широк или тесен, може да биде насекаде во вашиот дом.

MОVENTO во вашата спална кадешто ќе можете да складирате се што ви е потребно за вашата спална соба.

Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу производите на Blum и како да ги имплементирате пишете ни или побарајте нѐ на: 071 326 270

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

Од каде доаѓа нашата инспирација?

инспирација

Сакаме да ве прашаме, отприлика колку често ги отварате и затварате кујнските вратички? Колку кујнски елементи поседувате и колку чекори сте направиле дневно во неа?

Тимот на истржување на Blum покажa изненадувачки факти и барања кои луѓето ги имаат за една модерна кујна. Кои беа резултатите? Практични идеи и нови функционалности не само во кујната, туку насекаде во домот.    

Секој од вас е извор на инспирација!

Кога се создават и развиваат нови производи на Blum, инспирацијата и иновацијата се добива од самите корисници и кои се нивните потреби. Со овој пристап се создаваат нови и иновативни решенија кои генерираат нови придобивки и предности во секојдневното живеење. Затоа Blum има свој тим на истражување кој е создаден за сите ваши барања и подобрување и оптимизирање на вашето секојдневие. 

Веќе многу години, тимот на истражување од Blum патува низ светот за да црпи инспирација. Потребите на сите нас и како го помнуваме денот во кујнта. Покрај многу анализи во многу земји ширум светот откривме единствени барања. Тоа беа висококвалитетни кујнски системи кои ќе обезбедат задоволство кај самите клиенти и долг животен век на мебелот.

Функционални решенија, фокусирани на подобро живеење.

Без разлика каде и како го поминувате времето во вашиот дом, секогаш вашиот мебел е под постојано оптоварување, дури на начини кои не ви се познати. Кога во вашиот дом би имале системи на подигање, и иновативни водилици и кога предните делови во вашата кујна би се отварале со еден допир, со помош на системот BLUMOTION, вашата удобност и квалитет во секојдневното живеење би се подобрила.

Факти кои тимот на истражување ги откри!

Луѓето секојдневно во своите кујни просечно одат 460 метри!

Една типична кујна со храна, кујнски прибор и прибор за јадење тежи дури 250 килограми.

Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу производите на Blum и како да ги имплементирате пишете ни или побарајте нѐ на: 071 326 270

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.