PROFIMAT од Weinig

profimat weinig

Во секоја индустрија доаѓа момент кога е потребно нешто ново — нешто што ќе обезбеди стабилност, но и ќе одговори на зголемените барања на модерното производство. Во светот на брусење и профилирање, новите предизвици бараат решенија кои се брзи, прецизни и сигурни.

WEINIG Profimat не е само нов модел. Тоа е новиот стандард во дрвната индустрија. Развиен за компаниите што сакаат да останат чекор пред конкуренцијата, оваа машина ги комбинира клучните елементи – ефикасност, лесно користење и врвен квалитет на изработка.

Достапен во две моќни конфигурации, овој модел нуди сè што е потребно за секојдневно професионално производство – без непотребни компликации. Со Profimat, вашата работилница добива решение кое е подготвено за иднината, без компромиси.


По барање, Profimat може да се опреми со интелигентен контролен пакет кој овозможува прецизни и повторливи резултати со едно притискање на копче – вклучувајќи 10,1-инчен екран за интуитивно и лесно работење.

Ширината и дебелината автоматски се прилагодуваат на зададената номинална димензија. За оние што преферираат рачна контрола, машината може да се подесува и рачно.

profimat 30 weinig
profimat 30 weinig

Интуитивното ракување со Profimat овозможува кратко време за подесување, високо ниво на безбедност за операторот и удобна работа, со постојана сигурност во процесот.

Дополнително, Profimat е енергетски ефикасен и изненадувачки штедлив, што го прави идеален избор за компании кои сакаат да ги намалат трошоците на долг рок.

Со робусна основа од леано железо и вретена со докажан квалитет од WEINIG, Profimat обезбедува врвен квалитет на површинска обработка на сите работни парчиња.

И покрај својата моќ и стабилност, новиот Profimat не бара повеќе простор од претходните споредливи модели, благодарение на неговиот компактен и оптимизиран дизајн.

profimat 30 weinig

Благодарение на компактниот и робусен дизајн, како и елиминацијата на непотребни компоненти, Profimat нуди изненадувачка издржливост и минимални потреби за одржување.

За поголеми предизвици, достапна е и верзија со работна ширина од 260mm – како опција. Стандардната работна ширина изнесува 230mm.

profimat 30 weinig

Технички спецификации Profimat 30 Profimat 50
Брзина6–15 м/мин5–30 м/мин
Брзина на вретено6.000 врт/мин7.000 врт/мин
Распоред на вретена B-R-L-T
B-R-L-T-B
B-R-L-T-B
B-R-L-T-T-B
Работна ширина13–230 mm20–230 mm
Работна висина8–120 mm10–160 mm
Дијаметар на вретено40 mm40 mm
Напон на работа400 V, 50 Hz400 V, 50 Hz
Димензии (Д x Ш x В) 3.728 × 1.270 × 1.700 mm 3.820 × 1.954 × 1.900 mm

Како до подетални информации за PROFIMAT 30/PROFIMAT 50 од WEINIG?

За сите прашања и информации околу машините на WEINIG слободно пишете ни или побарајте нѐ на: 070 355 150

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа на Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

Доколку сте заинтересирани или сакате да ни поставите прашање, пополнете ја контакт формата, а ние ќе ви одговориме во најбрз можен рок!

    Conturex Vario XS од Weinig

    Conturex Vario XS

    Conturex Vario XS – Компактна моќ за модерно дрвопреработување

    Conturex Vario XS е CNC машински центар, идеален како за индустриски капацитети, така и за занаетчиски работилници кои бараат максимална флексибилност, од поединечни нарачки до сериско производство.

    Со иновативната PowerGrip Motion 2D/3D маса за фискирање на работното парче, оваа машина овозможува комплетна обработка во едно фиксирање, со целосна слобода на движење по сите оски. Без разлика дали се работи за мали детали или елементи до 330 mm, секое парче е сигурно фиксирано и прецизно обработено.

    Conturex Vario XS се истакнува со висока димензионална точност, врвен квалитет на површинска обработка и интелигентни решенија за автоматизација. Благодарение на WMC контролниот систем и интуитивниот интерфејс, управувањето со машината е лесно и ефикасно.

    Патентираната WEINIG технологија, овозможува динамично и прецизно пренесување на материјалите и сигурно фиксирање дури и на најтесните профили. Conturex Vario XS го комбинира најдоброто од технолошката иновација и практичната функционалност! Оваa машина e сè што ви треба за следното ниво на CNC обработка.


    conturex vario xs

    Conturex Vario XS поставува нови стандарди во CNC обработката за производство на прозорци и врати. Развиен со фокус на иновации и перформанси, овој систем нуди напредни карактеристики што го зголемуваат производството, флексибилноста и корисничката искуство:

    • Иновативна технологија за стегање: Со PowerGrip маса за едноставно стегање и PowerGrip Motion 3D маса, системот обезбедува сигурно и прецизно позиционирање – клучно за висококвалитетна обработка и сложени форми.
    • Подобрен машински дизајн: Новиот дизајн овозможува подобра прегледност и полесен пристап, што значително го олеснува одржувањето и сервисирањето, со што се намалува времето на прекин.
    • Проширување на можностите за обработка: Обработка на делови со ширина до 330 мм. Ова Ви овозможува поголема флексибилност и нови креативни решенија.
    • Беспрекорна интеграција со WEINIG производи: Единствен сет на податоци за сите компоненти во производството, со цел за максимално усогласена и ефикасна работа.
    • Стандарден софтверски интерфејс: Лесна интеграција со водечки индустриски софтвери, особено за прозорска и вратна индустрија.

    Погледнете го видеото за Conturex XS Vario од Weinig


    Дополнителни опции на оваа машина

    Надворешен магацин за алати

    Минимизирајте го времето за подесување.

    Универзално вретено

    Корисно надополнување за производство на комплексни профили за прозорци

    5-осна глава

    Обработката како сечење, дупчење и профилирање се изведуваат за многу кратко време.


    Како до подетални информации за Conturex XS Vario?

    За сите прашања и информации околу ова CNC и сите машини на WEINIG слободно пишете ни или побарајте нѐ на: 070 355 150

    Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа на Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

    Доколку сте заинтересирани или сакате да ни поставите прашање, пополнете ја контакт формата, а ние ќе ви одговориме во најбрз можен рок!

      Посета на LIGNA 2025

      ligna 2025

      Од 26 до 30 мај 2025 година, во Хановер, Германија, се одржа најголемиот светски саем за машини за обработка на дрво – LIGNA 2025. Како и секогаш, овој настан претставуваше место каде што иновациите, технологијата и индустриската визија се спојуваат на едно место. Тимот на Yugoimpex како преставници за Македонија, Косово и Албанија беше дел од овој саем со цел да го следи технолошкиот напредок и да ги донесе највредните решенија и иновации во дрвната индустрија за своите клиенти.


      HOLZ-HER и WEINIG – Водечки имиња во иновацијата и технолошкиот напредок на дрвната индустрија

      На овогодинешниот саем, брендовите на WEINIG и HOLZ-HER се истакнаа со импресивна презентации на автоматизирани и паметни производствени системи, кои ја редефинираат ефикасноста во обработката на дрво. Посетителите имаа прилика да видат комплетно функционални производни линии – Од CNC nesting машини, преку кантерици со најновата Glu Jet технологија, па сè до машини за обработка на масивно дрво од Weinig.


      GLU JET 725 PUR PRO – Најновото патентирано достигнување во PUR технологијата

      Најновата генерација на Glu Jet се одликува со интегрирана вакуумска технологија која овозможува значително побезбедна и полесна работа со PUR лепила. Комплетно затворениот систем за нанесување го елиминира присуството на влага од воздухот – елемент што директно влијае врз лепилото. Благодарение на ова, PUR лепилото останува стабилно и употребливо до една цела работна недела, без потреба од повторно полнење или чистење.

      Клучни предности на Glu Jet системот:

      •  Совршен раб без видлив спој – врвна естетика на секој производ
      •  Интелигентна промена на лепило – брзо и практично
      •  Вакуум технологија – прецизна контрола со намален ризик
      •  Компатибилност со PUR и EVA лепила
      •  Едноставно чистење – заштеда на време и ресурси
      • Редизајниран грејач во форма на саќе за уште порамномерно загревање

      Дел од машините кои беа претаставени на саемот Ligna во Hanover


      Благодарност до сите кои беа дел од LIGNA 2025

      Од срце им благодариме на сите што нè посетија на нашиот штанд на LIGNA 2025. Вашето присуство и интерес претставуваат силна потврда за вредноста на она што го работиме и за нашата визија да ги приближиме најсовремените светски технологии до локалниот пазар.

      Искрено ја цениме вашата доверба и отвореност кон новите решенија што Ви ги претставивме. Вашата поддршка нè мотивира да продолжиме со уште поголема посветеност, градејќи партнерства кои носат раст, иновација и заеднички успех.

      Со нетрпение очекуваме нови можности за соработка и повторни средби во иднина.

      SPRINT 1327, кантерица од HOLZ-HER

      sprint 1327

      Оваа кантерица е дизајнирана за лесно и брзо поставување на сите параметри, што значително ја зголемува продуктивноста и го минимизира времето на подесување. Со напредните моторизирани оски, процесот на подесување е брз и прецизен. Интегрираните серво-оски со висока брзина овозможуваат истовремено извршување на различни задачи, обезбедувајќи максимална флексибилност и ефикасност. SPRINT 1327 е перфектно решение за сите кои бараат врвен квалитет и брзина во кантирањето.

      Вистински избор за сите што бараат ефикасност, брзина и врвен квалитет!


      Погледнете го видеото за кантерицата Sprint 1327 од HOLZ-HER!

      Sprint 1327 кантерица | HOLZ-HER


      Клучни карактеристики и бенефити на оваа кантерица:

      Загревање, промена на лепак и чистење траат само три минути
      • Благодарение на напредната и патентирана технологија за тенок слој на HOLZ-HER, овој систем е идеално решение како за занаетчии, така и за индустриски корисници. Невидливите споеви со PUR лепак, кој е совршен и за влажни простории, ја потврдуваат посветеноста на HOLZ-HER кон врвниот квалитет. Машината е опремена со NC серво мотори, кои овозможуваат автоматско прилагодување на висината на лепакот за максимална прецизност и флексибилност.
      SYNCHRO ситем за прецизно и синхронизирано давање на траката
      • SYNCHRO ситем за прецизно и синхронизиран дотур на траката.
      • Овој иновативен систем значително го намалува триењето и овозможува прецизно нанесување, што резултира со врвен квалитет на готовиот производ. Идеален е за професионални и индустриски намени каде што секој детаљ е важен.
      Edge Control – Едноставен и интуитивен
      • Со 21.5-инчен touch screen монитор во 16:9 формат, оваа напредна технологија овозможува едноставно управување за и подесување на машината, брзо преминување помеѓу различни проекти. Осигурува брзо и ефикасно работење, што ја зголемува продуктивноста и прецизноста.
      Единица за сечење со 6 NC мотори

      Оваа единица за сечење со 6 NC серво-мотори нуди висока прецизност и флексибилност во обработката на материјалите. Серво-оските овозможуваат автоматско и прецизно прилагодување на позициите, што ги оптимизира процесите за сечење и значително ја зголемува продуктивноста и точноста на финалниот производ. Овој напреден систем е совршен за извршување на сложени задачи со минимално време на подесување.

      Дополнителна опрема:
      • Дијамантски алат за долг животен век.
      • Интегрирана функција за вакуумско чистење.
      • Линеарни водици за прецизно работење.
      • Високобрзински NC серво мотори за оптимизирање на радиусот.

      Високобрзински NC серво мотори со fa.s.t. функција (подесување на машината додека е во работа) за максимална флексибилност и брзо преминување меѓу операции.

      Со ECO MODE, заштедете електрична енергија и пари


      Технички податоци SPRINT 1327 classic SPRINT 1327 massiv
      Минимална должина на работен елемент (mm) 160 160
      Минимална ширина на работен елемент (mm) 60 60
      Дебелина на работен елемент (mm) 6 – 60 6 – 60
      Дебелина на лента (mm) 0,4 – 8 (15*) 0,4 – 15
      Брзина на обработка (m/min) 10 – 18 10 – 18
      Вкупна должина (mm) 5.195 5.195
      Тежина (kg) 1.750 1.750

      Како до подетални информации за Sprint 1327 кантерица?

      За сите прашања и информации околу оваа кантерица и сите машини на HOLZ-HER слободно пишете ни или побарајте нѐ на: 070 271 368/070 355 150

      Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа на Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

      Доколку сте заинтересирани или сакате да ни поставите прашање, пополнете ја контакт формата, а ние ќе ви одговориме во најбрз можен рок!

        EPICON 7335, 5 – осен CNC машински центар!

        EPICON 7335

        EPICON 7335, 5-осниот CNC машински центар отвора нови можности за реализација на вашите идеи, а воедно нуди и решенија за сите сложени индустриски задачи во вашиот погон.

        HOLZ-HER EPICON 7335 е дизајниран со цел да обезбеди максимална стабилност и прецизност при високи брзини на обработка. Mашината е идеална за обработка на големи и тешки работни парчиња со висока прецизност. Дизајнот во форма на порта, заедно со серво моторите и линеарните водилки кои се со 10 годишна гарнција, гарантираат долговечност и ефикасност во сите индустриските намени.


        Погледнете го видеото за EPICON 7335, 5 осниот CNC центар

        5-осна CNC технологија од HOLZ-HER | EPICON CNC 7335


        Технички спецификации за машината:

        • Цврст дизајн во форма на порта: Обезбедува исклучителна стабилност за прецизна и конзистентна обработка дури и под големи оптоварувања.
        • 5 интерполирачки оски: Овозможуваат беспрекорно 3D моделирање и сложена обработка за напредни проекти во дрвната индустрија.
        • Мултифункционална глава за обработка: Нуди флексибилност за користење различни алати и техники, што ја зголемува ефикасноста и го намалува времето на работа.
        • Голем опсег на обработка: Поддржува работни парчиња до 2.100 mm во Y насока, што ја прави идеална за големи проекти.
        • Контурен ласер – Комплетно решение за позиционирање.
        • Проектира целосна контура на работниот предмет.
        • Истовремено проектира позиции на сите потребни вакуумски папучи.
        • Ги прикажува сите конзолни позиции со неограничен број линии за проектирање.
        • Обезбедува максимална прецизност и ефикасност.
        • Високи перформанси на брзина: Постигнува брзина до 131 м/мин.
        • Eфикасна вакуумска ECO VAC технологија:
        • Моќни и ефикасни вакуум пумпи кои обезбедуваат сигурно фиксирање на работното парче со заштеда на електрична енергија.
        • Ниско-одржливи пумпи кои работат без масло, со ниско ниво на бучава и минимални одржување.
        • Користи софтверска програма за оптимизирање на моќноста на вакуумот.

        HOLZ-HER ECO Mode:

        • Овозможува заштеда на електрична енергија и енергија преку исклучување на погони од мрежата, што го намалува трошењето на компонентите.
        • Во ECO Mode, делови од машината се исклучуваат по одреден период на неактивност без движење на оските или обработка.
        • По истекот на конфигурираното време, управувањето се исклучува, зависно од конфигурацијата на режимот.

        Технички податоци EPICON 7335 – 5-осен CNC центар
        Димензии на обработка во X насока (mm) 3.680 | 4.580 | 5.480 | 6.380 | 7.280
        Димензии на обработка во Y насока (mm) 2.100
        Ход во Z насока (mm) 565
        Висина на обработка во Z насока (mm) 300
        Главна обработувачка глава 13 kW, 5-осна глава, бесконечна ротација, течно ладење, 1.000–24.000 врт/мин
        Опција: 18 kW 5-осна глава со PRO-TORQUE технологија, течно ладење, 1.000–24.000 врт/мин
        Векторска брзина 131 m/min
        Безбедносна опрема 3-полен безбедносен постол (pendular mode)
        Опција: Safety bumper, SafeDetect
        Поддршка за работни парчиња 6 конзоли, 4 зони на обработка, 16 стопери, 4 помошни граничници
        Опција: VISE-LED маса, SynchroDrive маса
        Бушилица 3,0 kW, 21 вретено (15 вертикални / 6 хоризонтални), тестера во X насока
        Опција: 3,0 kW, 31 вретено (25 вертикални / 6 хоризонтални), тестера во X насока
        Оси C-оска ротација: ± 360°
        A-оска ротација: ± 180°
        Вакуумска пумпа 100 m³/h, сув режим
        Опција: 140 или 250 m³/h пумпа
        Менувач на алати 18/24-позиционен револверски менувач
        Single Pick-Up за Ø 350 mm тестера
        14-позиционен линеарен менувач со капак
        Софтвер CAMPUS Hops; aCADemy; 3D симулација

        Како до подетални информации за EPICON 7335?

        За сите прашања и информации околу ова CNC и сите машини на HOLZ-HER слободно пишете ни или побарајте нѐ на 070 271 368/070 355 150

        Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа на Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

        Доколку сте заинтересирани или сакате да ни поставите прашање, пополнете ја контакт формата, а ние ќе ви одговориме во најбрз можен рок!

          Techno Fast, NC од Essetre

          Techno fast

          Techno Fast од Essetre е напреден и компактен NC работен центар, дизајниран за прецизна обработка на греди. Опремена е со моторизиран систем за манипулација на греди, кој овозможува ефикасно позиционирање на материјалите. Со 5-осна глава и мотор со двоен излез, машината нуди голема разновидност и прецизност.

          Дополнително, располага со магазин за алатки со 11 позиции, овозможувајќи флексибилност во операциите. Интеграцијата со E-Live софтверот на Essetre овозможува 3D визуелизација, симулација и поврзување со CAD/CAM програми, што ја прави идеална за сложени задачи.


          Што се нуди оваа CNC машина:

          Систем за манипулација со греди

          Обработката се извршува автоматски благодарение на моторизиран систем за утовар, кој ги транспортира гредите преку транспортер на ролери интегриран во структурата на машината.

          Два мултифункционални стегачи овозможуваат поместување на гредата во работната област. Истоварот се врши со пневматски избуткувач на фиксирани држачи, интегрирани во структурата на машината.

          Работен простор

          Процесите се извршуваат со 5-осна глава со мотор со двоен излез: еден со HSK 63F за автоматска промена на алатите и друг со фланжа за пила со максимален дијаметар од 600mm.

          Конзола

          Контролната на оваа NC машина, е инсталирана преку конзолно поставен контролен панел.

          Далечинскиот контролен панел е достапен и комплетиран со рачни контроли за движење на оската, STARTSTOP и RESET на програмата.

          e live software

          Е-live software

          Машината се контролира со новиот Essetre E-Live софтвер, со тродимензионален приказ на работниот предмет и соодветната обработка. Нејзината разновидност овозможува поврзување со најпознатите CAD/CAM програми специјализирани за дрвени конструкции.
          Софтверот исто така е опремен со систем за симулација и спречување на судири при обработка.

          Магазин за алатки

          Магазинот со 11 позиции е поставен на едната страна од портата на машината, пред работната област, овозможувајќи брза и прецизна промена на алатите.

          Погледнете го видеото за Techno Fast од Essetre

          Технички податоци Спецификација
          Максимални работни димензии на греда Должина според барање на клиентот × 250/300 mm × H 620 mm
          Минимални работни димензии стандардни димензии 40 × 30 mm
          Број на контролирани оски X, Y, Z, B, C
          X-оска – работен ход 1350 mm
          Y1 – надолжен работен ход 3650 mm
          Y2 – надолжен работен ход 3650 mm
          Z-оска – работен ход 1150 mm
          B-оска – агол на ротација 540°
          Брзина на движење – X-оска 1100 mm/min
          Брзина на движење – Y-оска 150 mm/min
          Брзина на движење – Z-оска 50 mm/min
          Електрична инсталирана моќност 50 kW / 50 Hz ±5%
          Потрошувачка на воздух 6 bar / мин. 400 Nl

          Како до подетални информации за италијанскиот бренд Essetre?

          За сите прашања и информации околу машинaтa Techno Fast или машините од брендот Essetre, слободно пишете ни или побарајте нѐ на: 070 355 150

          Доколку сте заинтересирани или сакате да ни поставите прашање, пополнете ја контакт формата, а ние ќе ви одговориме во најбрз можен рок!

            Techno Saw CNC од Essetre

            Techno saw

            Techno Saw од Essetre е компактен и флексибилен CNC обработувачки центар, дизајниран за сечење и обработка на мали делови како што се кровни структури, елементи за рамки на куќи и лесни или масивни дрвени греди. Максималната работна секција е 450 x 150mm, што го прави погоден за прецизни задачи во градежната индустријата.

            Клучни карактеристики вклучуваат патентирана фреза со 5 оски, која овозможува континуирана интерполација за обработка на сите шест страни на работното парче. Оваа CNC машина има ротирачки магазин за алати со 8 позиции за HSK63F носачи за алатки и е опремена со автоматски системи за вчитување и истовар на долги работни парчиња до 13 метри.

            Techno Saw се контролира преку E-Live софтвер, кој нуди 3D визуелизација на работниот предмет и процесите на обработка, вклучувајќи симулација и анти-колизиски карактеристики. Овој софтвер може да се интегрира со популарни CAD/CAM системи, што го прави високо адаптибилен за различни проекти за обработка на дрво.


            Предности кои ги нуди оваа машина

            techno saw

            МАГАЗИН ЗА АЛАТИ

            Ротациски магазин за промена на алати со 8 позиции за конуси HSK63F, управуван со контролирана оска. Магазинот е инсталиран на предниот дел од кабината, со автоматски капак за да се одржуваат конусите и алатите чисти.

            techno saw

            АВТОМАТСКИ СТЕГАЧ

            Автоматски стегач контролиран од NC (нумеричка контрола) преку движење по линеарни водилки.

            techno saw essetre

            Простор за утовар

            Дополнителна зона за натоварување за обработка на работни парчиња до 13.000mm. Составена од 5 фиксни потпори на структурата на машината, опремени со моторизирани синџири за автоматско натоварување на плочи и греди.

            essetre

            Фреза

            Патентирана фреза со 5 континуирани интерполирачки оски за обработка на 6-те страни на работнoтo пaрче. Патентиран мотор со двоен излез и држач за алат HSK63F.

            essetre

            Конзола

            Контролната на оваа NC машина, е инсталирана преку конзолно поставен контролен панел.

            Далечинскиот контролен панел е достапен и комплетиран со рачни контроли за движење на оската, STARTSTOP и RESET на програмата.

            e live software

            Е-live software

            Машината се контролира со новиот Essetre E-Live софтвер, со тродимензионален приказ на работниот предмет и соодветната обработка. Нејзината разновидност овозможува поврзување со најпознатите CAD/CAM програми специјализирани за дрвени конструкции.
            Софтверот исто така е опремен со систем за симулација и спречување на судири при обработка.


            Погледнете го видеото за Techno Saw од Essetre

            Технички податоци Спецификација
            Број на контролирани оски 6 оски – X, Y, Z, B, C
            X-оска – работен ход 750 mm
            Y-оска – непрекината ротација Да
            Z-оска – непрекината ротација Да
            B-оска – агол на ротација 450°
            C-оска – агол на ротација 540°
            Максимални работни димензии на греда 6000 × 450 × 150 h (mm)
            Брзина на движење – X-оска 100 m/min
            Брзина на движење – Y-оска 150 m/min
            Брзина на движење – Z-оска 50 m/min
            Електрична инсталирана моќност 50 kW / 50 Hz
            Потрошувачка на воздух 7 bar / мин. 400 Nl
            Усогласеност со стандарди CE стандарди

            Како до подетални информации за италијанскиот бренд Essetre?

            За сите прашања и информации околу машинaтa Techno Saw или машините од брендот Essetre, слободно пишете ни или побарајте нѐ на: 070 355 150

            Доколку сте заинтересирани или сакате да ни поставите прашање, пополнете ја контакт формата, а ние ќе ви одговориме во најбрз можен рок!

              Techno Multiwall XS, NC машина од Essetre


              Multiwall XS од Essetre e NC машина со мобилна портална рамка, специјално дизајнирана за обработка на рамковни ѕидови, CLT (Cross-Laminated Timber) и X-LAM ѕидови, како и закривени греди. Овaа високо-ефикаснa машина е идеална за работа на панели со различни димензии, обезбедувајќи прецизност и продуктивност. Нејзините високи перформанси овозможуваат обработка на рамковни ѕидови со должина до 9000mm, со ширина 3200mm и висина 400mm.

              Воедно обработува и поголеми CLT или X-LAM ѕидови со димензии до 13500mm должина, 3500mm ширина и 120mm висина. Совршена за сложени дрвопреработувачки проекти, оваа машина гарантира точност, издржливост и разновидност за широк спектар на градежни примени.


              Што Ви нуди Techno Multiwall XS од Еssetre

              Систем за стегање греди

              Флексибилен систем за заклучување на греди за рамни ѕидови со пневматски клипови.

              Конзола

              Контролната на оваа NC машина, е инсталирана преку конзолно поставен контролен панел.

              Далечинскиот контролен панел е достапен и комплетиран со рачни контроли за движење на оската, STARTSTOP и RESET на програмата.

              Е-live software

              Машината се контролира со новиот Essetre E-Live софтвер, со тродимензионален приказ на работниот предмет и соодветната обработка. Нејзината разновидност овозможува поврзување со најпознатите CAD/CAM програми специјализирани за дрвени конструкции.
              Софтверот исто така е опремен со систем за симулација и спречување на судири при обработка.

              Систем за глодање

              5-осна глодачка единица со електромотор од 11kW, со автоматска промена на алатите и магацин за алати со капацитет од 4 до 8 позиции.

              Ковање и хефтање

              Интегрирана автоматска група за ковање и хефтање на Z-оската од главата со 5 оски.

              Граничници

              Скриени референци за позиционирање на ѕидовите.


              Погледнете го виедеото за Techno Multiwall XS

              Технички податоци Спецификација
              Максимални димензии на рамковен ѕид 9000L × 3200 × 400 mm
              CLT ѕидови 13500L × 3500 × 120 mm
              Контролирани оски X, Y, Z, C, B
              Електрична инсталација 400 V / 50 Hz ±5%
              Потрошувачка на воздух 600 l/min
              Брзина на движење – X-оска 100 m/min
              Брзина на движење – Y-оска 70 m/min
              Брзина на движење – Z-оска 32 m/min
              Software Techno
              Btl import – работни процеси Поддржано
              Симулација – производство на машина Вклучено

              Како до подетални информации за италијанскиот бренд Essetre?

              За сите прашања и информации околу машинaтa Multiwall XS или машините од брендот Essetre, слободно пишете ни или побарајте нѐ на: 070 355 150

              Доколку сте заинтересирани или сакате да ни поставите прашање, пополнете ја контакт формата, а ние ќе ви одговориме во најбрз можен рок!

                Нова програма во Yugoimpex! Запознајте се со Essetre!

                КОМПАНИЈА КОЈА ГО РЕВОЛУЦИОНИРА ПРОИЗВОДСТВОТО НА ДРВЕНИ ГРАДБИ


                Ова партнерство го претставува идеалот за спојување на технологијата и градежната визија во служба на иднината.

                Основана во 1979 година, Essetre е специјализиран италијански производител на CNC машини за изработка на дрвени градби и кровни конструкции, комбинирајќи традиција со најсовремена технологија. Со иновативен пристап, тие создаваат прилагодени решенија што ја зголемуваат продуктивноста и го поедноставуваат процесот на изработка.

                За време на најреномираниот саем за обработка на дрво „Ligna 2023,“ беше објавено здружување на силите помеѓу Weinig и Essetre. Ова партнерство означува комбинација на специјализирани решенија и иновативната технологија на Essetre со продажната мрежа и искуството на Weinig.

                Вклучувањето на Essetre во нашето портфолио, заедно со нивната експертиза во CNC технологијата и партнерството со Weinig, претставува важен чекор за нашата земја и регионот. Со ова партнерство, нудиме иновативни решенија кои носат нови трендови и напредок во градежната индустрија.


                ШТО СЕ МОЖЕТЕ ДА ИЗРАБОТИТЕ СО МАШИНИТЕ НА ЕSSETRE?


                ЗAПОЗНАЈТЕ СЕ СО ДЕЛ ОД МАШИНИТЕ НА ESSETRE

                Techno Fast

                Најбрзиот и најкомпактниот NC работен центар за обработка на греди со максимални димензии 620mm h x 250/300mm и должина која се конфигурира според вашите потреби.

                Techno Saw

                Компактен, прилагодлив и интуитивен работен центар. Дизајниран за сечење и обработка на носачи, носиви елементи за градба на куќи, како и лесни и масивни дрвени греди.

                Techno Multiwall XS

                NC машина со мобилна портална конструкција која обработува рамковни потконструкции за ѕидови, CLT или X-LAM ѕидови, заоблени и закривени греди и други типови на ѕидови.


                Бидете први што ќе го модернизирате вашиот бизнис и внесете револуција во градежната индустрија со Essetre!

                Со напредната CNC технологија, подобрете ги процесите, зголемете ја продуктивноста и поставете нови стандарди во градежништвото.

                Воведете иновации, подигнете го квалитетот на производството и станете лидер во индустријата.

                Со ова партнерство, Yugoimpex и Essetre ја насочуваат градежната индустрија кон исплатливи и еколошки проекти каде дрвото е во срцето на секој проект.


                Како до подетални информации за италијанскиот бренд Essetre?

                За сите прашања и информации околу машините на Essetre слободно пишете ни или побарајте нѐ на: 070 355 150

                Доколку сте заинтересирани или сакате да ни поставите прашање, пополнете ја контакт формата, а ние ќе ви одговориме во најбрз можен рок!

                  ДА ПОРАЗГОВАРАМЕ ЗА МАШКОТО ЗДРAВЈЕ!

                  Во нашата индустриска гранка мажите учествуваат со повеќе од 95%, многу често, преокупирани од секојдневните обврски знаеме да го занемариме сопственото здравје.

                  Поради таа причина, ние во Југоимпекс покренуваме иницијатива за сите наши клиенти, партнери и соработници да одвојат време и да направат преглед.

                  Како мотивација, доделуваме ваучер за комплетен приватен уролошки преглед во Градска Болница Св. Наум Охридски во Скопје.

                  Како дополнителна мотивација креиравме големи попусти низ целото наше портфолио кои ќе траат до крајот на Ноември!

                  НИЕ ОРГАНИЗИРВАМЕ СЕ!

                  Ваучерот се подигнуваше во просториите на Југоимпекс.

                  При подигнување на ваучерот се закажува преглед во термин кој вам ви одговара, најдоцна до 08.12.2024. (Закупивме термини после 16 часот за да не се губи од работното време)

                  Како се искористи ваучерот и кои беа правилата?

                  Ваучерот беше даден на одговорно лице во болницата како замена за плаќање за прегледот.
                  Ваучерот можеше да го искористи лицето за кого беше закажан прегледот.
                  Акцијата траеше до 30.11.2024, а термини може да се закажат до 08.12.2024.

                  За секоја компанија следува еден ваучер.
                  Бројот на ваучери е ограничен.

                  За подетални информации околу нашите промоции и акции и машините од нашето големо протфолио можете да нѐ контактирате на: 070 271 368