Гардеробер со софистициран ентериер

Бидејки секогаш ќе имате потреба од нови алишта, а секогаш вашиот гардеробер ќе биде премал за вашите потреби, ние ви нудиме нови и фунционални решенија кои максимално ќе го искористат малиот простор во врска со вашиот гардеробер.

Гардероберот е клучен елемент во секоја спална соба. Со текот на времето овие гардеробери еволуирале, за во поголеми и попросторни места за нашата облека. Со потребата да купуваме и да поседуваме повеќе облека од вообичаено, денешните гардеробери без никаков сомнеж играат голема улога.

Прегледноста е клучна

Секој гардеробер игра клучна улога во нашот дневен простор. Зависно од просторот во кој живееме, во него може да се складира постелнина, чевли, шапки, играчки и многу повеќе.

Гаредероберите можат да бидат поделени во различни секции зависно од потребата. Како на пример спортска облека, бизнис одела или casual-секојдневна облека.

Секогаш тука при рака 

Скоро секогаш целосната висина на гаредероберите се користи од левата страна, а тоа значи дека долгите фустани и палта можат да висат и да немаат никакви набори. Благодарение на фиоките, гардеробата која е во позадина е лесна за дофат, а целосната ширина на гардероберот се користи и создава нови простори.

Десната страна на сите гардеробери е секогаш резервирана за покртка или летна облека, а внатрешните фиоките создаваат јасна прегледност и лесен пристап од остатокот на гардероберот. Високите врати се опремени со високи огледала, кои ни дозволуваат да се видиме од сите агли.

Во долниот дел на гардероберот пристапот е полесен со еден или повеќе LEGRABOX фиоки со TIP-ON и BLUMOTION технологија на отварање. Предните чела на фиоките кои се направени од стакло ни даваат целосна и јасна прегледност на складираната облека дури и кога фиоките се затворени. Со само еден допир со вашето стапало, овие фиоки се отвараат и ви носат лесен и модерен пристап. 

Закачете ја вашата облека

Облеката која е тешка за диплење е најдобро да виси на вашите закачалки. Во долната секција на гаредроберот ви нудиме посебна карактеристика. Внатрешните фиоки се перфектно инсталирани во самиот плакар, а црните линии од фиоките даваат чувство како да се дизајнерски елемент.

Двете долни фиоки ви нудат сенаменска употреба и многу опции како индивидуално да ги организирате овие фиоки. Независно дали за вашите џемпери, чорапи, маици или друго. Со добри методи на организација во вашето диплење, секое парче облека ќе може да се складира одлично во AMBIA-LINE фиоките. Малите додатоци лесно се складираат во внатрешните скриени фиоки со внатрешен поделен систем.

Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу производите на Blum и како да ги имплементирате пишете ни или побарајте нѐ на: 071 326 270

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.