Комплетни решенија “Клуч на Рака” за дрвна индустрија

Реализирајте ги Вашите планови лесно и едноставно со помош! Ајде да изградиме нешто заедно!
клуч на рака
Комплетни решенија или “клуч на рака, специјално прилагодени на вашите потреби во производство на мебел и преработка на друво. Нудиме интегриран пристап кој ја претвора вашата идеја во целосно функционална и оптимизирана фабрика или погон, ослободувајќи ве од сите непознатици кои може да произлезат.

Препознајте ја разликата!

Управување од почеток до крај. Од влез на суровини до излез на готов производ­!

Ние ќе го преземеме секој потребен чекор.

Прилагодени решенија:

Нашите решенија се за секого. Дизајнираме план кој одговара на вашите уникатни потреби, тип на готов производи, видови материјали, простор и буџет.

Нови и автоматизирани машини:

Опремете го вашиот погон или фабрика со најновата технологија за обработка на дрво и плочести материјали, обезбедувајќи квалитет, продуктивност и повраток на вашата инвестиција во најбрз можен рок.

Професионална инсталација:

Прецизната инсталација од нашите искусни инженери поставува темел за успешна операција и понатамошна работа.

Како Работиме?

Почетна консултација:

Разбирањето на вашата визија и потреби е нашиот прв чекор кон креирање на вашето идеално решение.

Прилагоден дизајн и планирање:

Нашите експерти креираат прилагоден план, фокусирајќи се на оптимизација на протокот на работа и искористување на просторот, земајќи ги во предвид таргетираниот капацитет и видови на производ.

Селекција и инсталација на опрема:

Ви помагаме да ја изберете најдобрата и најсоодветна опрема и машини во дрвната индустрија и се осигуруваме дека е инсталирана и калибрирана до совршенство.

Обука на вашите вработени:

По поставувањето, го обучуваме вашиот тим со знаење и вештини, поддржани со нашата континуирана експертска поддршка, со цел ефикасна работа без застој во производство уште од самиот старт.

Поддршка по продажбата:

Нашата посветеност кон вашиот успех продолжува со неспоредлива поддршка и после реализацијата на вашиот проект. Ветуваме поддршка и долго после гарантниот период. Обезбедуваме резервни делови и потрошни материјали на лагер, или осигуруваме брз пристап до истите.

Подготвени за да започнете?

Донесете нова ефикасност и свежина со нашите решенија. Без разлика дали надградувате или креирате нов погон или фабрика, нашиот тим е подготвен да го оживее секое ваше барање или проект со нашата прецизност и експертиза.

Побарајте консултација и добијте точна пресметка за реализација на Вашите планови!

Доколку сте заинтересирани или сакате да ни поставите прашање, пополнете ја контакт формата, а ние ќе ви одговориме во најбрз можен рок!