Акција по Ваша Мерка

akcija po tvoja merka

Секој почеток носи свои специфични потреби на самиот старт, посебно кога станува збор за машини и опрема за истите. Ние во Yugoimpex се трудиме да ги разбираме вашите потреби и да Ви понудиме производи по ваша мерка!

Ви стоиме на располагање со опсежна поддршка и ресурси дизајнирани да ги задоволат вашите потреби, но и потребите на вашите идни муштерии.

Со повеќе од 30 успешно реализирани проекти во соработка со Агенцијата за самовработување, посветени сме на зајакнување на Вашиот бизнис од изборот на опрема до нејзина интеграција и обука за работа како и оддржување на истата.

Зошто е толку важно да се одбере опрема од висок квалитет?

akcija po tvoja merka

Иако може да биде примамливо да се избере опрема исклучиво базирана на нејзината ниска цена, овој пристап може да доведе до поголеми трошоци во долгорочен план поради чести проблеми со одржувањето, застои во производството и потреба за прерана замена.

Европските машини, познати по својата издржливост и перформанси, претставуваат инвестиција во иднината на вашиот бизнис, ветувајќи долгорочни заштеди, квалитет и европски безбедносни стандарди кои и се неопходни во секоја работилница!

Затоа кога доаѓа до избор на вашата опрема, Вие не избирате само опрема, туку и партнер од доверба кој ќе ве служи кога ви е најнеопходно. А кога ќе го изберете Yugoimpex, добивате партнер чија цел е заеднички раст.

Направете комбинација од било кои брендови достапни во Yugoimpex и заштедете до 30% на одредени артикли. Нашата цел е да ви овозможиме лесен почеток и веднаш да почнете да приходувате, поставувајќи темели за долгорочен успех.

Растеме заедно

Веруваме дека успехот на нашите клиенти е и наш успех. Затоа, сме посветени на изградба на доверливи и трајни партнерства. Нашата поддршка не завршува со продажбата. Ние сме тука да ви помогнеме со брзо и ефикасно решавање на секој предизвик што може да се појави со помош на нашето сервисно одделние кое ќе ви биде на располагање во секое време. Со Yugoimpex, вашето претприемништво е во безбедни раце. Од изборот на најсоодветната опрема и нашите понуди дизајнирани специјално за Вас, ние сме посветени на поддршка на вашите амбиции и желби.

Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу револуционерните решенија во дрвната индустрија и како да ги имплементирате, дознајте повеќе на: 070 271 368

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.