Гответе организирано со кабинетот на Blum

Да се има целосен и брз пристап до се што Ви е потребно во вашата кујна ќе ви го олесни вашето секојдневие. Имањето практичен кабинет ви олеснува да ги чувате вашите зачини блиску до вас и во близина на шпоретот.

Правилно место за чување на вашите зачини 

Солта, биберот, билките и зачините се главен дел од секоја кујна. Додека готвите во вашата кујна, најважната работа е да имате се на едно место. Свежина на зачините, треба да биде заштитена од влагата и топлината на вашиот шпорет.

Со извлекувањето на вашите фиоки, каде што се сместени зачините се обезбедува јасна видливост и ефикасност за тоа што го барате. Воедно со затворањето на фиоката се спречува замастување или прашина на зачините.

Организирајте ги вашите зачини на најубав начин

Практичните држачи за зачини гарантираат лесна пристапност и обебедуваат вашите тегли да не се стркалаат или да паднат по отварањето на самата фиока.

Во зависност од тоа каков модел поседувате, паметниот држач за зачини може лесно да се извади од фиоката и да се постави на работната плотна.

AMBIA-LINE ви овозможува голем простор и ги држи под агол сите зачини и ви овозможува да го видите името на зачинот без да направите грешка во готвењето.

ORGA-LINE отстранливиот паметен држач може да издржи дури 12 тегли и е достапен во 3 ширини од 300, 400 и 450 mm.

Комбинирајте ги дрвените даски за сечење храна со шишињата.

Секогаш е добра идеја да имате се на едно место. Чувањето на вашите шишиња со масло и оцет е најдобро да се чуваат веднаш до зачините. Практичниот внатрешен систем со распределби ви гарантира истите да бидат безбедно складирани. Со зголемување на ширината од 300 на 400 mm имате можност за складирање и за вашите даски за сечење.  

Компактен кабинет за зачини дури и за најмалите кујни

Дали вашата кујна е мала? Немојте да се грижите околу тоа! 

SPACE TWIN компактниот кабинет е солуција која креира место за вашите зачини и шишиња дури и во најмалите кујни.

Со ширина од само 20 cm тесниот извлекувач ги прави дури и најмалите кујни, места со одличен простор за складирање.

Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу производите на Blum и како да ги имплементирате пишете ни или побарајте нѐ на: 071 326 270

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.