Внесете автоматизиција и роботизација и зголемете ја ефикасноста и капацитетот во вашиот погон или фабрика

Систем за складирање панелни материјали  STORE-MASTER 5110: Професионален софтвер со интелигентна технологија

Зголемете ја ефикасноста во вашиот погон или фабрика со системот за складирање на панели. Сведете ги трошоците при работа на минимум и максимизирајте капацитетот на производството со помош на интелегентната технологија на Holz-Her!

Системот за складирање на панели HOLZ-HER STORE-MASTER е погоден за различни формати и материјали. Панелите може да се позиционираат од страна на манипулаторот во секаква позиција. Панели во системот за складирање може лесно да се ротираат до 90°, а со тоа се дозволува ротирање во насоката која Вие ја посакувате. Оштетувањето на панелите е исклучено поради автоматското и компјутерско контролирано транспортирање.

Системот гарантира совршено складирање на три нивоа и може да се користи во сите простории со висина поголема од три метри. Овој систем има можност за поврзување на повеќе машини со цел да складирате повеќе!

RETURN-MASTER 5920: Целосна автоматизација до кантирање на работното парче!

Автоматизацијата станува сè по важна во помалитe работилници за да останат конкурентни и профитабилни. RETURN-MASTER поставува основа за автоматско кантирање, независно од тоа дали се работи за сериско производство или не. HOLZ-HER RETURN-MASTER обезбедува ефикасна работа за едно лице со цел поголемо производливодство и максимална флексибилност.

Пневматската маса за празнење овозможува поголемите работни парчиња лесно да се вадат од страна на операторот на машината. Покрај тоа, погоните и водилките се одликуваат со нивните ниски барања за одржување и исклучително долг работен век. Покрај ниските барања за енергија, дополнителна предност е автоматското прилагодување на брзината.

Доколку сте заинтересирани или сакате да ни поставите прашање, пополнете ја контакт формата, а ние ќе ви одговориме во најбрз можен рок!