Tandem 19 mm

Огромна флексибилност со многу додатоци

Tandem 19 mm

Големата предност на TANDEM е широкиот асортиман на производи. Скриениот систем на водилиците може да издржи максимално оптоварување од 30 кг и е достапен како целосно или делумно извлекување. Доаѓа и во многу различни номинални должини – од 250 до 750 mm. Ова го прави системот за водилици совршен за широк спектар на намени, односно за целовкупниот станбен простор.

Целосно или делумно извлекување со Tandem

Направете ги вашите фиоки за да одговараат за различни потреби со водилиците TANDEM. Единечната екстензија е идеална за дрвени фиоки од плочест материјал со меко и тивко затврање, а пак целосната екстензија е вистинскиот избор доколку сакате лесен пристап без губење на просторот за складирање.

TANDEM 19 mm за дебелите страни на фиока

Разновидниот систем водилици TANDEM 19 mm е специјално дизајниран за дрвени фиоки со дебелина на страната на фиоката од 17 до 19 mm. Посебна предност кај овие водилици е широкиот асортиман на производи. Системот водилици има носивост од 30 до 50 килограми, кој е достапен како целосно или делумно извлекување. Доаѓа и во многу различни должини – од 250 до 750 mm.

TANDEM со интегриран TIP-ON

TANDEM е достапен со интегриран TIP-ON кој ви носи зголемена удобност за вашите клиенти, а помалку труд за вас. Бидејќи е интегриран во самата водилка, можете да им понудите на вашите клиенти удобен систем за отварање отворање на допир.

Импресивна стабилност

Системот на водилици е исклучително стабилен и има одлични вредности за носивост, дури и кога фиоката е целосно оптоварена. Ова Ви овозможува да имплементирате извлекувања кои се блиску до подот, како и екстра широки фиоки, високи фиоки со длабоко извлекување. Со ова можете да им обезбедите на вашите клиенти вреден простор за складирање во сите области на домот.

Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу производите на Blum и како да ги имплементирате пишете ни или побарајте нѐ на 071 326 270

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.