Од каде доаѓа нашата инспирација?

инспирација

Сакаме да ве прашаме, отприлика колку често ги отварате и затварате кујнските вратички? Колку кујнски елементи поседувате и колку чекори сте направиле дневно во неа?

Тимот на истржување на Blum покажa изненадувачки факти и барања кои луѓето ги имаат за една модерна кујна. Кои беа резултатите? Практични идеи и нови функционалности не само во кујната, туку насекаде во домот.    

Секој од вас е извор на инспирација!

Кога се создават и развиваат нови производи на Blum, инспирацијата и иновацијата се добива од самите корисници и кои се нивните потреби. Со овој пристап се создаваат нови и иновативни решенија кои генерираат нови придобивки и предности во секојдневното живеење. Затоа Blum има свој тим на истражување кој е создаден за сите ваши барања и подобрување и оптимизирање на вашето секојдневие. 

Веќе многу години, тимот на истражување од Blum патува низ светот за да црпи инспирација. Потребите на сите нас и како го помнуваме денот во кујнта. Покрај многу анализи во многу земји ширум светот откривме единствени барања. Тоа беа висококвалитетни кујнски системи кои ќе обезбедат задоволство кај самите клиенти и долг животен век на мебелот.

Функционални решенија, фокусирани на подобро живеење.

Без разлика каде и како го поминувате времето во вашиот дом, секогаш вашиот мебел е под постојано оптоварување, дури на начини кои не ви се познати. Кога во вашиот дом би имале системи на подигање, и иновативни водилици и кога предните делови во вашата кујна би се отварале со еден допир, со помош на системот BLUMOTION, вашата удобност и квалитет во секојдневното живеење би се подобрила.

Факти кои тимот на истражување ги откри!

Луѓето секојдневно во своите кујни просечно одат 460 метри!

Една типична кујна со храна, кујнски прибор и прибор за јадење тежи дури 250 килограми.

Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу производите на Blum и како да ги имплементирате пишете ни или побарајте нѐ на: 071 326 270

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.