Автоматизација во дрвната индустрија

avtomatizacija vo drvnata ndustrija

Што ни носи иднината во дрвната индустрија?

Во ерата на брзи технолошки промени, дрвната индустрија во Македонија не заостанува. Yugoimpex неодамна имаше привилегија да претстави значителен напредок во автоматизација на дрвната индустрија и употребата на роботика, која ја претставува иднинатa на оваа традиционална индустрија.

На 21 февруари, оваа година, во просториите на Yugoimpex се одвиваше настан кој го обележа почетокот на една нова ера во дрвната индустрија. Со презентацијата на нашето пионерско решение за интеграција на роботска рака Fanuc, со Evolution 7405, која функционира без потреба од човечки надзор и испорачува резултати со исклучителна прецизност и успешно ги надмина очекувањата и постави нови стандарди во индустријата.

Овој настан не само што ги истакнува нашите иновативни капацитети, туку и ги поттикнува компаниите да размислуваат за воведување на слични технологии во своите операции, поттикнувајќи ги кон поефикасна, попрецизна и напредна иднина.

Кое е решението што го развивме со нашите партнери?

Решението кое го презентиравме беше само мал увид во можностите на автоматизацијата во дрвната индустрија и роботизацијата. Во соработка со нашите партнери, Manex Corporation, наш фокус ќе биде автоматизација на решенија различни процеси при производство на мебел.

Уникатноста на оваа проблематика ни дозволува да развиваме решенија по мерка, односно tailor made solutions, прилагодени за секој клиент и процес на производство посебно.

Каде може да добиете подетални информации?

За сите прашања и информации околу револуционерните решенија во дрвната индустрија и како да ги имплементирате, дознајте повеќе на: 070 271 368/070 355 150

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.