Проценка на вредност на користена машина

Проценка на вредност за продавачи:

Доколку сакате проценка на вредност за да ја продадете вашата користена машина и имате потреба да им ја прикажете официјална состојба од преглед на машината на потенцијалните купци, можете да нарачате длабинска анализа од сервисното одделение на Југоимпекс.

Цената на услугата е според тековниот ценовник за сервисни услуги на Југоимпекс.

Проценка на вредност се извршува на локацијата каде што се наоѓа машината.

По проценката добивате официјални записници кои содржат:

    • Оригинал документација од страна на производителот со точната конфигурација на вашата машина.
    • Длабинска анализа на сите агрегати на машината.
    • Сервисна историја со наши записници за сите работни зафати на машината. (кои биле извршени од страна на нашето сервис одделение).
    • Историја на промена на резервни делови. (кои биле извршени од страна на нашето сервис одделение).
    • Записник со совети околу потенцијална потреба за промена за потрошни материјали, дотрајани делови и слично, зависно состојбата на машината.

Покрај самата проценка, нашето одговорно лице ќе се потруди да ви помогне да постигнете подобра цена за вашата користена машина преку:

    • Штелување на машината во идеални подесувања за идеално работење пред продажба, односно пред презетнација на заинтересираните купци.

 

Обработени мустри/ парчиња спремни за презентација.

Проценка на вредност за купувачи:

Доколку сте заинтересирани за купување на користена машина, која оригинално е купена од Југоимпекс и сакате да ја дознаете состојбата на машината, ви нудиме услуга за темелна анализа и наша проценка на вредноста на машината.
Услугата се извршува само со предходна писмена дозвола од страна на продавачот на машината. Проценката се извршува на локацијата каде што се наоѓа машината.

Цената на услугата е според тековниот ценовник за сервисни услуги на Југоимпекс.

По проценката на вредност добивате официјални записници кои содржат:

    • Оригинал документација од страна на производителот со точната конфигурација на машината.
    • Длабинска анализа на сите агрегати на машината.
    • Сервисна историја со наши записници за сите работни зафати на машината. (кои биле извршени од страна на нашето сервис одделение).
    • Историја на промена на резервни делови. (кои биле извршени од страна на нашето сервис одделение).
    • Записник со совети околу потенцијална потреба за промена за потрошни материјали, дотрајани делови и слично, зависно состојбата на машината, како и трошковник за истите.

Покрај самата проценка, нашето одговорно лице ќе  ја штелува машината во идеални подесувања за идеално работење.

Доколку се одлучите за купување на користената машината, сервис инжинерското одделение на Југоимпекс ви стои на располагање за демонтажа, соодветно пакување за транспорт и монтажа на машината, како и обука на вашиот кадар за работа со машината.

Други услуги:

Старо за ново

Заменете ја вашата стара машина за нова.

Обука на кадар

Практична обука и дообука на нов или сезонски кадар за работа на сите машини