Старо за ново

Заменете ја вашата стара машина за нова.

Сите наши клиенти кои имаат индустриска машина купена од Југоимпекс имаат можност да ја заменат по принципот “Старо за ново”, по реални и по пазарни цени.

Процедурата за замена опфаќа неколку чекори, а тоа се следните:

Преглед на состојбата на машината и нејзината функционалност.

  •  Овластен сервис инжинер од Југоимпекс прави длабинска проверка на машината, тестирајќи ги сите агрегати на машината. Проверката се прави на локација каде што се наоѓа машината, односно до вашата работилница.

*   Цената на услугата е според тековниот ценовник за сервисни услуги на Југоимпекс.

** Во случаеви каде сите сервиси на машината се правени од страна на сервисното одделение на Југоимпекс оваа услуга нема да се наплаќа.

 

Дефинирање на вредноста на машината:

  • Врз основа на проверката на машината, во рок од три работни дена Југоимпекс ќе ви издаде документ со сите наоди на машината и проценка за вредноста на машината.

 

Финализирање на процесот “Старо за ново”:

  • Со прифаќање на понудата, клиентот остварува право на поврат на трошокот за преглед на машината или тој станува дел од разликата која треба да се уплати за новата машина.
  • Користената машина може да биде искористена како дел од авансната уплата на клиентот, или како дел од финалната уплата пред испорака на новата машина, зависно од потребите на клиентот.

Други услуги:

Проценка на вредност

Темелна анализа и проценка на вредноста на машината.

Обука на кадар

Практична обука и дообука на нов или сезонски кадар