Обука на кадар

Југоимпекс ви овозможува практична обука на кадар и дообука на нов или сезонски кадар за работа на сите машини од нашето портфолио.

Обуката се содржи од истите “поглавја” кои ги содржи обуката која се дава при првичното купување на машината.
Покрај обука на кадар, нашиот тим ќе ви стои на располагање месец дена по завршување на обуката за било какви прашања кои новиот оператор може да ги има околу работа со машината и нејзино одржување, вклучено во првичната цена.

Планирање и изведба на индивидуални решенија- Turnkey solutions

Нашиот тим покрај обука на кадар ќе ви помогне и со проектирање на производствен процес според параметрите кои вам ви се потребни:

  1. Производ или палета на производи кои ќе се произведуваат.
  2. Проектирано минимално и максимално годишно производство.
  3. Пожелно позиционирање на компанијата на пазарот
  4. Планиран буџет за егзекуција на проектот.

Креирање на производствен план според предходно дефинираните спецификации.

План за адаптирање на постоечки простор за производство на мебел или нацрт план на производство при изградба на нов простор.

  • Поставеност на електрика, аспирација, пневматска мрежа за надпритисок и подпритисок.
  • Прием на суровини и репро материјали.
  • Производствен процес и тек на производство.
  • Излез на готов производ.

Покрај изработка на решение за производство, ќе ви помогнеме при селекција на најсоодветните машини и опрема потребни да ги достигнете вашите цели.

Во случај на избор на набавка на опрема и машини од нашето портфолио, услугата за планирање е вклучена во цената на опремата, односно не се наплаќа дополнително.

Други услуги:

Старо за ново

Заменете ја вашата стара машина за нова.

Проценка на вредност

Темелна анализа и проценка на вредноста на машината.