AVENTOS HS top – Елегантно и лесно отворање на големи фронтови
Системот за подигање AVENTOS HS top овозможува лесно и тивко отворање на горниот елемент – дури и кај големи, едноделни фронтови. Пристапот до внатрешноста секогаш е непречен, а неговиот дизајн овозможува интеграција и во современи и во класични стилови на мебел.
Безброј можности за дизајн
AVENTOS HS top поддржува димензии на корпуси со висина од 350 до 800 mm и ширина до 1800 mm, овозможувајќи голема слобода во дизајнот и прилагодување според просторот и стилот.

Компактен опсег
Три механизми за подигање за сите примени. Механизмите за подигање и предните држачи се дизајнирани за симетрична употреба, што го прави системот ефикасен и при складирање.

Алуминиумски рамки

Дрвени фронтови

Expando Т фронтови
Покривни маски
Покривните маски имаат модерен дизајн и доаѓаат во бела, светло сива и темно сива боја. Прецизната изработка го заокружува системот со стил и функционалност. Совршени се за секој ентериер кој бара минимализам и префинетост. Благодарение на нивната дискретност, се вклопуваат во различни стилови и кујни!

Бела покривна маска

Светло сива покривна маска

Сива покривна маска
Каде може да добиете подетални информации?
За сите прашања и информации околу AVENTOS HS top од Blum или од целосната програма на Blum пишете ни или побарајте нѐ на: 071 326 270
Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.