SPRINT 1329, кантерица за напредни резултати!

кантерица

Кантерица SPRINT 1329 од HOLZ-HER

Прецизноста и високиот германски квалитет на машината за кантирање SPRINT 1329 овозможуваат за намалување на потребата за преработка на работните материјали, а тоа значи помалку отпад и повеќе заштедено време.
Машината содржи интуитивен интерфејс и екран на допир, кој го поедноставува секојдневното поставување и прилагодување, овозможувајќи Ви да работите побрзо и поефикасно.

Оваа кантерица е подготвена да се справи со широк спектар на материјали и дебелини, а со тоа збогувајте се со сите компликации и долги прекини во работењето.
Цврстата конструкција на оваа кантерица гарантира долговечност и сигурни перформанси, намалувајќи ги трошоците за одржување.

SPRINT 1329 од HOLZ-HER e кантерица која не само што ќе ги оправда вашите очекувања во работењето, туку и ќе ја зголеми вашата продуктивност на едно ново и посакувано ниво!


СПЕЦИФИКАЦИИ НА МАШИНАТА:

кантерица
  • Патентиран агрегат за лепило – GluJet во стандард конфигурација!
  • Промена од едно во друго лепило пократко од 3 минути.
  • Ненадминлива потрошувачка од само 2.2kW на агрегатот за лепило, заштедете до 40% на трошоците за струја.
  • Кантирајте со EVA и PUR во гранулат или патрон на една машина.
  • Рамномерно нанесување на лепило од почеток до крај.
  • GluJet системот топи онолку лепило колку што е потребно за дадениот налог. Зачувајте ги оригиналните својства на лепилото и заштедете на неискористен материјал.
  • ECO-Mode во стандард изведба, стартување со работа за2 минути од палење на машината. Автоматско гасење на машината после 6 минути без пуштено парче.
  •  Серво мотори во стандард конфигурација на сите агрегати со прецизност до 0.01mm

Не дозволувајте вашата продуктивност и ефикасност да опаѓаат. Изберете решение што ќе ги надмине вашите очекувања и ќе ги зголеми вашите производствени капацитети.


Машина SPRINT 1329 power
Вкупна должина 5740 mm
Тежина 2000 kg
Брзина на подавање 10 – 18 m/min
Работни димензии
Минимална должина на оброк 160 mm (во зависност од материјалот и пресекот)
Минимална ширина на оброк 60 mm
Дебелина на оброк 8 – 60 mm
Дебелина на кант трака 0,4 – 8 (15) mm

Како до подетални информации за SPRINT 1329 од HOLZHER?

За сите прашања и информации околу машините на HOLZ-HER слободно пишете ни или побарајте нѐ на 070 271 368/070 355 150

Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа на Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

Доколку сте заинтересирани или сакате да ни поставите прашање, пополнете ја контакт формата, а ние ќе ви одговориме во најбрз можен рок!

    EVOLUTION 7405 4mat, вертикално CNC од HOLZ-HER

    Evolution 7405

    EVOLUTION 7405 4mat од HOLZ-HER е вертикален CNC центар овозможува целосна обработка на плочести материјали на минимален простор, без компромис во прецизноста и квалитетот. Благодарение на иновативната 4mat технологија, овој вертикален CNC ги обработува сите четири ивици на панелот во еден чекор, со што значително се намалува времето на циклус и се зголемува продуктивноста. Интегрираниот CAMPUS софтвер со NC-HOPS модул овозможува едноставно програмирање, автоматско позиционирање и прецизна контрола на секој детал од обработката. EVOLUTION 7405 4mat е идеален избор за современи столарски и индустриски погони кои бараат максимална ефикасност, врвен квалитет и компактна CNC технологија.


    Дел од карактеристиките кои ова CNC ги поседува:

    • CNC машина која зафаќа помалку од 5 м²
    • Четворострано форматирање во еден работен циклус без манипулирање на работното парче
    • Единица за бушење и единица за глодање како стандардни карактеристики
    • 10 годишна гаранција на линеарните водилки
    • Вертикално и хоризонтално бушење
    • Жлебање и гравирање
    • Обработка на материјалот со 6 различни алати од сопствениот автоматизиран магацин
    • Работните парчиња од 1500mm се обработуваат без префаќање, а со тоа заштедувате 35% од работниот процес
    • Максимална ширина на работно парче до 1200mm

    Запознајте се подобро со EVOLUTION 7405 на видеото


    Машина EVOLUTION 7405 4mat Опции
    Димензии на обработка во X правец (mm) 3.200
    Димензии на обработка во Y правец (mm) 920
    Ход во Z правец (mm) 1.500
    Висина на обработка во Z правец (mm)
    Обрaботна единица 10,3 kW, HSK стезна глава, 1.000–24.000 o/min
    Водилка за влез Подеслива висина за 4-страно кантирање и профилирање
    Векторска брзина 68 m/min
    Сигурносна опрема CE сертифицирана
    Поддршка за работен елемент Цврсти ролни вклучувајќи 2 стопи
    Бушилица 15 вретена (9 V / 6 H), единица за сечење во X правец 19 вретена (13 V / 6 H), двојна единица за бушење по Y
    вертикален адаптер со двојна сила за позиционирање
    Стегање на работен елемент Автоматски позициониран вакуум систем ECO-Vac вакуум пумпа 8 m³/h
    Менувач на алати Max Ø 80 mm, должина 80 mm Линеарен менувач за 6 алати
    Софтвер CAMPUS / NC-HOPS вклучувајќи aCADemy CAD/CAM модул и лиценца за машината
    Тежина (kg) 2.500
    Вкупна должина (mm) 3.675
    Вкупна висина (mm) 2.350
    Вкупна длабочина (mm) 1.660
    Евакуација (mm) 2 × Ø 120 + 1 × Ø 140

    Како до подетални информации за EVOLUTION 7405 4mat?

    За сите прашања и информации околу машините на HOLZ-HER слободно пишете ни или побарајте нѐ на 070 271 368/070 355 150

    Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа на Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

    Доколку сте заинтересирани или сакате да ни поставите прашање, пополнете ја контакт формата, а ние ќе ви одговориме во најбрз можен рок!

      Посета на тимот на Yugoimpex во Белгија – Бриж

      Robland

      Нашиот тим од Yugoimpex неодамна ја имаше привилегијата да го посети прекрасниот град Бриж во Белгија, во периодот од 24 до 27 март оваа година. Оваа посета беше навистина посебна бидејќи ја посветивме на разгледување на производствениот процес на познатите традиционални машини на „Robland“. Дополнително, учествувавме во специјализирана обука за монтажа и сервисирање на целиот асортиман на овој реномиран бренд.

      Обука на нашиот тим

      За време на нашиот престој во Белгија, нашите колеги беа дел од интензивна и детална обука. Оваа обука ги опфати монтажата и сервисирањето на машини од целиот асортиман на брендот „Robland“. Обуката беше извонредно корисна, не само за унапредување на техничките вештини на нашиот тим, туку и за подобро разбирање на традиционалните методи и технологии кои се применуваат во дрвната индустрија. Со овие нови знаења и практични искуства, нашиот тим ќе може значително да го подобри квалитетот на услугите кои ги нудиме, обезбедувајќи поголема ефикасност и професионализам. Ова ќе овозможи подобра услуга за нашите клиенти и ќе ја зајакне нашата позиција како лидер во областа на дрвната индустрија.

      Сакаме со вас да споделиме интересен факт.

      robland

      Оливие, машински техничар од „Robland“, не само што го посетил нашиот главен град Скопје, туку и работел како дел од мисија на ОБСЕ во ЈСП. Неговата експертиза беше од голема корист за нас, споделувајќи како системот „BOSS” кој се користи кај кројачите Z400 и Z500, овозможува ротирање на челичните шипки за нова и дополнителна површина. Овој систем овозможува автоматското чистење на водилиците што значи лесно одржување долготрајност на машините.

      Голема благодарност до Оливие за пренесеното знаење и секако неговата експертиза!

      Професионална соработка со тимот на „Robland”

      Погледнете го автомаизираниот и роботизираниот процес во
      Robland

      Соработката со сервисното и продажното одделение на компанијата домаќин беше на многу високо професионално ниво. Имавме можност за размена на искуства и добивање на значајни информации за најновите достигнувања и трендови во дрвната индустрија. Оваа соработка ќе придонесе за значително унапредување на нашите услуги и овозможување на комплетни решенија за нашите клиенти.

      Впечаток од Посетата

      robland

      Нашиот тим се врати со многу позитивни впечатоци од престојот во Бриж. Овој шармантен град, познат по својата богата историја и културно наследство, ни пружи одлични услови за спроведување на оваа значајна обука и професионална соработка. Се надеваме дека новостекнатите знаења и искуства ќе бидат од голема корист за понатамошно унапредување на нашата работа. Со оваа професионална обука ќе го зацврстиме нашето високо ниво на квалитет кое им го нудиме на нашите сегашни и идни клиенти.

      Yugoimpex останува целосно посветен на континуирано подобрување и иновации во областа на машините за дрвната индустрија. Нашата крајна цел е да се обезбедат најдобри можни решенија за своите клиенти.

      Акција – скроена за Вас

      akcija po tvoja merka

      Секој почеток носи свои специфични потреби на самиот старт, посебно кога станува збор за машини и опрема за истите. Ние во Yugoimpex се трудиме да ги разбираме вашите потреби и да Ви понудиме производи по ваша мерка!

      Ви стоиме на располагање со опсежна поддршка и ресурси дизајнирани да ги задоволат вашите потреби, но и потребите на вашите идни муштерии.

      Со повеќе од 40 успешно реализирани проекти во соработка со Агенцијата за самовработување, посветени сме на зајакнување на Вашиот бизнис од изборот на опрема до нејзина интеграција и обука за работа како и оддржување на истата.


      Зошто е толку важно да се одбере опрема од висок квалитет?

      akcija po tvoja merka

      Иако може да биде примамливо да се избере опрема исклучиво базирана на нејзината ниска цена, овој пристап може да доведе до поголеми трошоци во долгорочен план поради чести проблеми со одржувањето, застои во производството и потреба за прерана замена.

      Европските машини, познати по својата издржливост и перформанси, претставуваат инвестиција во иднината на вашиот бизнис, ветувајќи долгорочни заштеди, квалитет и европски безбедносни стандарди кои и се неопходни во секоја работилница!

      Затоа кога доаѓа до избор на вашата опрема, Вие не избирате само опрема, туку и партнер од доверба кој ќе ве служи кога ви е најнеопходно. А кога ќе го изберете Yugoimpex, добивате партнер чија цел е заеднички раст.

      Направете комбинација од било кои брендови достапни во Yugoimpex и заштедете до 30% на одредени артикли. Нашата цел е да ви овозможиме лесен почеток и веднаш да почнете да приходувате, поставувајќи темели за долгорочен успех.


      Растеме заедно

      Веруваме дека успехот на нашите клиенти е и наш успех. Затоа, сме посветени на изградба на доверливи и трајни партнерства. Нашата поддршка не завршува со продажбата. Ние сме тука да ви помогнеме со брзо и ефикасно решавање на секој предизвик што може да се појави со помош на нашето сервисно одделние кое ќе ви биде на располагање во секое време. Со Yugoimpex, вашето претприемништво е во безбедни раце. Од изборот на најсоодветната опрема и нашите понуди дизајнирани специјално за Вас, ние сме посветени на поддршка на вашите амбиции и желби.


      Каде може да добиете подетални информации?

      За сите прашања и информации околу решенија и опремата која ја нудиме можете да не контактирате на: 070 271 368 или да го посетите нашиот изложбен салон кој се наоѓа на Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

        Запознајте сè со Еvolution 7405 PinJet и POWER-PIN 7605 

        Еvolution 7405 PinJet

        PinJet

        Покрај тоа што Evolution 7405 е единствена во својата класа, таа поседува нов патентиран агрегат за дополнително забрзување на производството. 

        Преку специјалниот PinJet агрегат, можете истовремено да бушите и набивате типли на едно место. Со едноставно селектирање на “Insert dowel” опцијата, машината прво отвара дупка, потоа ја чисти од пиљевина и на крај ја вметнува типлата во работното парче.

        Резервоарот на машината Evolution 7405 PinJet собира приближно од 300 до 400 типли во зависност од нивната должина, а машината автоматски се подесува според должината на истите. 


        Погледнете го видеото за EVOLUTION 7405 PinJet!


        POWER-PIN 7605

        POWER-PIN 7605 

        Кога сме кај целосно автоматизираниот процес во бушењето и типлувањето сакаме да Ви ја претставиме новата POWER-PIN 7605  новитетот на Holz-Her. Овој новитет беше претставен на минатогодишниот саем “LIGNA”, во Хановер, Германија. 

        Оваа машина може да работи со типли од 30 mm, 35 mm и 40 mm, а работната ширина на оваа машина дозволува обработка на повеќе парчиња истовремено.

        Со  POWER-PIN 7605 целосно ќе се елиминира потребата за рачно вметнување на типли по CNC обработка на парчето. Не само што оваа машина ви нуди компактен дизајн, туку и леснотија во производството. 

        Покрај работата со типли, на POWER-PIN можете да отварате дупки за шарки и други видови спојници.

        Погледнете го видеото за POWER-PIN 7605

        Скратете еден чекор во процесот на производство и заштедете на време, трошоци и работна сила!

        Каде може да добиете подетални информации?

        За сите прашања и информации околу револуционерните решенија во дрвната индустрија и како да ги имплементирате, дознајте повеќе на: 070 271 368/070 355 150

        Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

        Автоматизација во дрвната индустрија

        avtomatizacija vo drvnata ndustrija

        Што ни носи иднината во дрвната индустрија?

        Во ерата на брзи технолошки промени, дрвната индустрија во Македонија не заостанува. Yugoimpex неодамна имаше привилегија да претстави значителен напредок во автоматизација на дрвната индустрија и употребата на роботика, која ја претставува иднинатa на оваа традиционална индустрија.

        На 21 февруари, оваа година, во просториите на Yugoimpex се одвиваше настан кој го обележа почетокот на една нова ера во дрвната индустрија. Со презентацијата на нашето пионерско решение за интеграција на роботска рака Fanuc, со Evolution 7405, која функционира без потреба од човечки надзор и испорачува резултати со исклучителна прецизност и успешно ги надмина очекувањата и постави нови стандарди во индустријата.

        Овој настан не само што ги истакнува нашите иновативни капацитети, туку и ги поттикнува компаниите да размислуваат за воведување на слични технологии во своите операции, поттикнувајќи ги кон поефикасна, попрецизна и напредна иднина.

        Кое е решението што го развивме со нашите партнери?

        Решението кое го презентиравме беше само мал увид во можностите на автоматизацијата во дрвната индустрија и роботизацијата. Во соработка со нашите партнери, Manex Corporation, наш фокус ќе биде автоматизација на различни процеси при производство на мебел.

        Уникатноста на оваа проблематика ни дозволува да развиваме решенија по мерка, односно tailor made solutions, прилагодени за секој клиент и процес на производство посебно.

        Каде може да добиете подетални информации?

        За сите прашања и информации околу револуционерните решенија во дрвната индустрија и како да ги имплементирате, дознајте повеќе на: 070 271 368/070 355 150

        Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.

        Какви се нашите впечатоци од посетата на Blum во Брегенц, Австрија?

        blum-avstrija

        Од 19ти до 21ви март, имавме привилегија да го посетиме седиштето на Blum, познатиот производител на функционален оков за мебел во Брегенц, Австрија. Оваа посета беше важна не само за нас туку и за нашите долгогодишни партнери кои беа дел од ова патување.

        Патувањето ни овозможи да сфатиме каков квалитет внесува Blum во секој од нивните производи. Еден од најзначајните моменти беше набљудувањето на производствениот процес на Merivobox. Овој процес нè увери во нивната посветеност кон прецизностa и иновациите.

        ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ?

        blum-avstrija
        • Оковите на Blum се произведуваат само од одреден тип на челик кој се произведува само на неколку места во Европа.

        Деталната презентација во процесот за контрола на квалитет нè запозна со строгите критериуми кои секој производ мора да ги исполни. Сè од изработка до завршна проверка, секој чекор е дизајниран да осигура дека продуктите не само што ќе ги задоволат, туку и ќе ги надминат очекувањата на корисниците.

        Исто така, имавме можност да ги видиме процесите за развој на нови производи. Ова ни покажа дека Blum секогаш бара начини да ги подобри своите производи и да гарантира дека секој нов производ е врвен во својата класа.

        Клучен дел од нашата посета беше откривањето на филозофијата на Blum за непрекината иновација и одржување на врвен квалитет. Ова не само што ги збогати нашите знаења, туку и нè инспирира да стремиме кон слични вредности во нашата работа.

        Дополнително, во интеракцијата со вработените во Blum, можевме да ја почувствуваме посветеноста која во секој аспект на нивната работа.

        ЗА ПРИМЕР:

        blum-avstrija

        Голем удел во успехот на Blum има и програмата за дуално образование во соработка со домашното министерство за образование. Идните инжинери на Blum, своето образование и кариера ја почнуваат веднаш по завршување на основното образование. Преку реални примери и пракса, учениците ги совладуваат неопходните знаења и вештини кои ќе им бидат неопходни за нивната кариера во Blum.
        Доказ за успехот на оваа програма е податокот дека дури 80% од учениците по завршување на средното образование веднаш се вработуваат Blum, додека пак дури 50% од сите ученици целата своја кариера ја поминуваат во Blum.

        Гостопримство кое ги надмина сите наши очекувања!

        За да не помине нашата посета во Австрија само како обично деловно патување, нашите домаќини ни приредија исполнета гастрономска агенда со локални специјалитети и традиционална музика. Лесно може да се види зашто Боденското езеро, каде што бевме сместени е елитна туристичка дестинација.

        Заклучокот од нашата посета е дека успехот на Blum не е случаен, туку резултат на години темелна работа, истражување и посветеност. Ова е доказ дека нашите клиенти секогаш добиваат производи и услуги кои се во согласност со највисоките стандарди на индустријата.

        Ние се враќаме со обновена енергија и инспирација да ги надминеме очекувањата на нашите клиенти, следејќи го примерот што ни го постави Blum.