Eclipse 2.0
Fusion 2.0
Кантерици од реномираниот германски бренд HOLZ-HER
Благодарејќи на “GluJet” патентираниот агрегат за нанесување на лепило, машините за кантирање на HOLZ-HER се долго време најдобриот избор во дрвната индустрија.
“GluJet” системот кој е достапен во сите модели на кант машини овозоможува работа со “EVA” & “PUR” во форма на гранули и патрони без потреба на дополнителни опции.
При работа, се користи само врвот на лепилото, овозможувајќи загревање на машините за 3 минути, минимална потрошувачка при работа, брза промена на лепило и свежо лепило во секое време.
Погледни го видеото за “GluJet” системот тука!
Прочитај повеќе за “GluJet” системот тука!
ARTEA моделите се почетно ниво на мануелни машини со екран на допир и вклучен VI.SE. систем за олеснително подесување на агрегатите.
Идеални за помали работилници и “Start-Up” фирми со помали производсвтени количини, а потреба од врвно кантирање.
Серијата STREAMER C претставува влез во професионалното кантирање со можност за автоматизирање на пилите за фино отсекување и циклингот.
Опремена со сите потребни агрегати за професионално работење и брзина на работа од 10m/min. STREAMER C моделите се правилното решение за оние кои што не ги гледаат своите потреби во целосно автоматизирана кант машина.
AURIGA 1308 XL power носи автоматизација со системот fa.s.t. и функции како Glu Jet Thin Film и AirStream технологијата за разновидност на материјалите и големините.
Усовршуван и надградуван со години, моделот AURIGA 1308 XL power е целосно автоматизирано решение со најдобар однос помеѓу цена и вредност во дрвната индустрија.
SPRINT Сериите се најдолго постоечки модели на кантерии во репертоарот на HOLZ-HER.
Овие модели се наоѓаат на врвот на технологијата за кантирање, со висока прилагодливост, флексибилност и брзина на работа до 18m/min, тивко навлегуваат во производство со високо индустриски капацитети.
ACCURA сериите обезбедуваат напредно кантирање со брзина до 25m/min, идеално решение за индустриско производство и големи серии.
Нејзиното робусно тело овозможува работење во три работни смени со највисок квалитет на обработка и воедно претставува решение за сите можни предизвици.
LUMINA серијата нуди револуционерен пристап во кантирањето со создавање на невидливи споеви, висока автоматизација и мултифункционални технологии за комплетно професионално кантирање.
Дознај повеќе за револуционерниот систем тука.
Заедно, овие модели на HOLZ-HER нудат интелигентно и ефикасно решение за работилниците, прилагодливост на сите трендови во кантирањето и значително намалено време за подесување.