NXZ II

FZ300 Series

Z400 Series

Z500 Series

S260 - S300

P350

P45

P450

P3200

FKS 315-2000 E

Традиционални кројачи од белгискиот бренд Robland, италијанскиот бренд Paoloni и германскиот бренд Holzstar

Традиционални кројачи од брендот Robland

Веќе три децении, Robland како бренд е пионер во изработката на издржливи, висококвалитетни и прифатливи панелни кројачи. Со повеќе од 50,000 продадени машини низ целиот свет, овој бренд цврсто ја потврди својата репутација. Кројачите FZ300, Z400 и Z500 се резултат на континуирано подобрување во консултација со клиентите, со цел подобрување на перформансите според нивните барања и афинитети. Тие ги обединуваат брзината, едноставноста и одржливоста со и квалитетот кој е познат за Robland.

Традиционални кројачи од брендот Paoloni

Paoloni, како ценет италијански бренд во индустријата за обработка на дрво, нуди висококвалитетни панелни кројачи познати по нивната прецизност, издржливост и иновативниот дизајн. Опслужувајќи и мали работилници и големи индустриски погони, нивните кројачи се карактеризираат со напредни можности  и автоматизирани опции кои ќе ја олеснат и убрзаат вашата работа. Идеални за сечење на дрво, MDF и шперплочка, панелните кројачи на Paoloni се прв избор кај професионалците кои бараат ефикасност и прецизност во нивните задачи за обработка на дрво и панели!

Традиционални кројачи од италијанскиот бренд Holzstar

Holzstar ви нуди кројачи наменети за хобисти, мали работилници и професионални корисници, со прифатливи цени за секого. Нивните кројачи се компактни, лесни за користење и универзални. Идеални за прецизно сечење на дрвени панели и табли. Производите на Holzstar се добро прилагодени за оние кои имаат потреба од ефикасни, квалитетни машини со ограничен буџет, правејќи ги идеален избор за секого!

Доколку сте заинтересирани или сакате да ни поставите прашање, пополнете ја контакт формата, а ние ќе ви одговориме во најбрз можен рок!