Тајната на добро организираниот плакар

Зошто некои плакари собираат повеќе, иако се со исти димензии?

plakar

На прв поглед, два плакари со исти надворешни димензии би требало да понудат ист простор за складирање. Но, во пракса разликата може да биде изненадувачки голема.

Она што навистина го одредува капацитетот на еден плакар не е само неговата големина, туку и начинот на кој е организирана неговата внатрешност. Со добро планирање и соодветни решенија, секој сантиметар може да се искористи многу поефикасно.

Не е важно колку простор имате туку како да го користите

Во многу домови сè уште доминираат класичните полици. Иако се практично решение, тие честопати оставаат неискористен простор, особено во подлабоките елементи. Предметите што се поставени во задниот дел остануваат потешко достапни, а дел од нив со текот на времето едноставно се забораваат.

Добрата организација овозможува секој дел од плакарот да биде лесно достапен, без непотребно поместување на останатите предмети. Токму затоа, современите решенија се насочени кон подобар преглед, полесен пристап и максимално искористување на просторот.

Високите плакари можат да понудат многу повеќе

plakar

Кога станува збор за високите кујнски елементи или оставите, често само дел од просторот е навистина функционален. Со SPACE TOWER на Blum, класичните полици се заменуваат со повеќе индивидуални фиоки кои целосно се извлекуваат.

На тој начин секоја намирница, сад или друг предмет е лесно достапен, без наведнување или пребарување на полиците. Освен што овозможува подобра организација, ваквиот систем го прави користењето на секојдневниот простор многу попрактично.

И најтесните простори имаат потенцијал

plakar space twin

Во речиси секоја кујна или плакар постојат тесни ниши кои често остануваат неискористени. Наместо да биде „мртов простор“, тие можат да станат функционален дел од мебелот.

Со SPACE TWIN, Blum покажува дека дури и елементи со мала ширина можат да обезбедат доволно простор за складирање на зачини, шишиња, даски за сечење или други предмети што сакаме секогаш да ни бидат при рака.

Искористете ја и висината на просторот

space step

Еден од најчесто занемарените делови во домот се највисоките полици. До нив често е тешко да се пристапи, па остануваат резервирани за предмети што ретко се користат.

SPACE STEP на Blum нуди практично решение, скалило кое е интегрирано во долниот дел од мебелот и кога е потребно, лесно се извлекува. Покрај тоа што овозможува безбеден пристап до повисоките полици, просторот под него не останува празен, туку може да се искористи како дополнителна фиока за складирање. Ова е одличен пример како со паметен дизајн може да се добие повеќе функционалност без дополнителен мебел.

Добрата организација започнува и во самата фиока

plakar so ambia line

Максималното искористување на просторот не завршува со изборот на соодветен механизам. Подеднакво важно е и како се организира внатрешноста на фиоките.

Со AMBIA-LINE, Blum нуди систем за организација кој овозможува приборот, садовите, зачините и другите предмети секогаш да бидат уредно распоредени. Освен што придонесува за поубав изглед, ваквата организација овозможува побрзо пронаоѓање на сè што ви е потребно.

Повеќе простор не значи и поголем мебел

Добро организираниот плакар не мора да биде поголем за да понуди повеќе простор. Разликата најчесто е во паметното искористување на секој сантиметар и изборот на решенија што го прават мебелот попрактичен за секојдневна употреба.

Производите како SPACE TOWER, SPACE TWIN, SPACE STEP и AMBIA-LINE покажуваат дека добриот дизајн не се мери само по изгледот, туку и по функционалноста што ја нуди. Кога секој предмет има свое место, а секој агол е искористен на вистински начин, домот станува поуреден, попрегледен и многу полесен за користење.

Доколку сакате да дознаете повеќе за Blum оковот и да пронајдете решение што најдобро ќе одговара на Вашите потреби, контактирајте го тимот на Yugoimpex на: +389 2 2650 251.

Нашите стручни лица ќе Ви помогнат при изборот на соодветните механизми и системи за Вашиот проект.