Blum фиоки: LEGRABOX или MERIVOBOX?

blum fioki

При изборот на мебел, прво ги забележуваме фронтовите, бојата и рачките. Но, удобноста ја чувствуваме при секое отворање на фиоката — кога го земаме приборот, ги подредуваме садовите или бараме некој секојдневен предмет.

Blum фиоки од системите LEGRABOX и MERIVOBOX нудат различни можности за дизајнот и функционалноста на Вашиот мебел. Кој систем да го изберете зависи од изгледот што го посакувате, содржината што ќе ја чувате и начинот на користење.

Во продолжение, откријте што ги издвојува и на што да обрнете внимание при изборот.

LEGRABOX: Blum фиоки со тенки и елегантни страници

legrabox fioki

LEGRABOX се препознава по металните страници со дебелина од само 12,8 mm, кои се прави од внатрешната и надворешната страна. Нивните чисти линии создаваат елегантна внатрешност што ја забележувате при секое отворање.

Ако при планирањето на мебелот Ви е важен секој визуелен детал, LEGRABOX вреди да го разгледате. Тенките страници лесно се вклопуваат во различни стилови и овозможуваат усогласен изглед на фиоките.

Системот нуди различни висини, должини, бои и изведби. Може да се користи за плитки фиоки, повисоки фиоки за поголеми предмети и внатрешни фиоки поставени зад заеднички фронт.

Разгледајте ги можностите на Blum LEGRABOX.

MERIVOBOX: препознатлив дизајн и модуларни можности

merivobox so boxcap

MERIVOBOX се издвојува со карактеристичната линија на страниците и модуларниот концепт. Заедничката основа овозможува различни изведби на фиоки, со усогласен начин на изработка и монтажа.

Кај повисоките фиоки можете да изберете изведба со ограда, со стаклен елемент BOXCOVER или со затворена метална страница BOXCAP. Овие можности дозволуваат изгледот да се приспособи на замислата за Вашиот мебел.

За столарите, модуларноста помага при планирањето и изработката на различни изведби. За Вас, таа значи повеќе можности за избор на внатрешноста на мебелот.

Дознајте повеќе за Blum MERIVOBOX.

Каква носивост Ви е потребна?

Пред да ги изберете Вашите Blum фиоки, размислете што ќе чувате во нив. Приборот, козметиката, тешките садови и резервните производи создаваат различно оптоварување.

LEGRABOX и MERIVOBOX нудат изведби со динамичка носивост од 40 и 70 kg, зависно од водилките и избраната конфигурација. Двата системи имаат синхронизирано движење за лесно извлекување на фиоките.

Затоа, при нарачката договорете ги димензиите и очекуваното оптоварување со столарот. За широка фиока со тешки предмети, изборот на соодветни водилки е особено важен.

Blum фиоки со рачки или отворање со допир?

MERIVOBOX BLUMOTION

Начинот на отворање треба да го испланирате заедно со изгледот на фронтовите. Дали сакате класични рачки или мебел што се отвора со допир?

Со соодветна конфигурација, и LEGRABOX и MERIVOBOX можат да се комбинираат со технологиите за движење на Blum:

  • BLUMOTION овозможува меко и тивко затворање.
  • TIP-ON BLUMOTION комбинира механичко отворање со допир и меко затворање.
  • SERVO-DRIVE обезбедува електрична поддршка при отворањето.

Договорете ги овие функции при изборот на оковот, за понудата да ги вклучува сите потребни компоненти.

LEGRABOX или MERIVOBOX — како да одлучите?

Пред конечната одлука, побарајте да видите примерок од двата системи. Отворете ја фиоката, погледнете ги страниците и споредете ги бојата и изведбата со материјалите што сте ги избрале за мебелот.

Побарајте и понуди за конкретни конфигурации со иста носивост, слични димензии и ист начин на отворање. Така полесно ќе ја процените цената и што добивате со секој систем.

Изберете Blum фиоки според Вашиот мебел

Добро испланираната фиока обезбедува место за потребните предмети и удобност при секојдневното користење. Изгледот, носивоста и начинот на отворање треба да се усогласат со Вашите навики уште пред изработката на мебелот.

Контактирајте не за повеќе информации за фиоките од Blum LEGRABOX и MERIVOBOX на телефонскиот број: 070 271 368, или пополнете ја контакт формата.

    Blum фиоки – решение за 5 чести проблеми во кујната

    blum okov

    Фиоките се меѓу најкористените елементи во секоја кујна. Сепак, при нивното планирање често се прават грешки што подоцна го отежнуваат секојдневното користење. Недоволниот простор, ограниченото извлекување и несоодветниот механизам можат да ја намалат функционалноста дури и на најубаво дизајнираната кујна.

    Со правилно избрани Blum фиоки, овие недостатоци можат да се избегнат уште во фазата на планирање.

    Недоволно искористен простор

    Една од најчестите грешки е изборот на фиоки што не го искористуваат целосно расположливиот простор. Несоодветната висина или длабочина може да го ограничи складирањето, особено кога станува збор за садови, тенџериња и поголеми кујнски предмети.

    Со правилно димензионирање, просторот може да се приспособи на потребите на корисникот. На тој начин се добива поголем капацитет и подобра искористеност на секој кујнски елемент.

    Ограничено извлекување на фиоките

    Кај фиоките со делумно извлекување, предметите поставени во задниот дел тешко се гледаат и уште потешко се достигнуваат. Поради тоа, дел од просторот останува неискористен.

    Целосното извлекување овозможува јасен преглед и лесен пристап до целата содржина на фиоката. Секој предмет е видлив и достапен, без непотребно пребарување и поместување.

    Силно и нагло затворање

    Фиоките што се затвораат нагло создаваат бучава и дополнително ги оптоваруваат механизмите и мебелот. Овој проблем е особено забележлив во кујните што секојдневно се користат.

    Технологијата BLUMOTION го забавува движењето и овозможува тивко и контролирано затворање, без разлика колку силно е турната фиоката.

    Blum фиоки, за функционалност и впечатлив дизајн

    legrabox fioki

    LEGRABOX фиоки

    merivobox fioki

    MERIVOBOX фиоки

    tandembox fioki

    TANDEMBOX фиоки

    Не секоја фиока има иста намена. Фиоките за прибор, садови, тенџериња или поголеми намирници имаат различни барања. Изборот на исто решение за целата кујна може да доведе до недоволен простор и непрактично користење.

    Blum нуди повеќе системи што можат да се приспособат на различни потреби и стилови. LEGRABOX се издвојува со елегантен и минималистички изглед, MERIVOBOX нуди голема флексибилност при дизајнирањето, додека TANDEMBOX претставува докажано и функционално решение за секојдневна употреба.

    Непрактично отворање

    TIP-ON blum

    Blum TIP-ON

    Blum SERVO-DRIVE

    Рачките понекогаш не се вклопуваат во посакуваниот дизајн, додека несоодветниот механизам може да го направи отворањето непрактично. Ова особено важи за модерните кујни со чисти линии и фронтови без рачки.

    Со TIP-ON BLUMOTION, фиоката се отвора со лесен притисок на фронтот, а се затвора тивко и контролирано. Електричната поддршка SERVO-DRIVE овозможува уште полесно отворање, дури и кога фиоката е целосно наполнета.

    Функционалната кујна започнува со правилно избрани фиоки

    Добро испланираните фиоки овозможуваат повеќе простор, лесен пристап и поголема удобност при секојдневното користење. Со соодветни Blum фиоки, системи и механизми, секој дел од кујната може да биде практичен, функционален и приспособен на потребите на корисникот.

    Yugoimpex, како генерален дистрибутер на Blum во Македонија, нуди професионална поддршка при изборот на соодветни решенија за Вашиот мебел.

    За подетални информации, контактирајте нè на: 070 271 368.

    Како да препознаете квалитетен оков за мебел?

    okov za mebel

    Кога избирате мебел, најчесто прво ги забележувате дизајнот, бојата и материјалите. Сепак, начинот на кој мебелот ќе функционира секој ден во голема мера зависи од неговите механизми.

    Квалитетниот оков за мебел овозможува лесно отворање, контролирано затворање и сигурно функционирање дури и по долгогодишна употреба. Но, како да направите разлика помеѓу квалитетно и краткотрајно решение?

    Кои карактеристики го издвојуваат квалитетниот оков за мебел?

    Квалитетот не се препознава само според изгледот или цената. Постојат неколку карактеристики што покажуваат дали избраниот механизам ќе овозможи сигурно и непречено користење на мебелот.

    Лесно и рамномерно движење благодарение на Blum оков

    MOVENTO од Blum

    MERIVOBOX од Blum

    LEGRABOX од Blum

    Еден од првите показатели за квалитет е начинот на кој се движат вратите, фиоките и извлекувачките елементи. Движењето треба да биде рамномерно, без заглавување, тресење или потреба од употреба на поголема сила.

    Кај фиоките, квалитетните водилки овозможуваат стабилно движење и кога тие се целосно наполнети. Системите како MOVENTO, MERIVOBOX и LEGRABOX обезбедуваат лесно отворање и висок квалитет на движењето при секојдневна употреба.

    Контролирано и меко затворање

    okov za mebel

    Вратите и фиоките што се затвораат со удар не создаваат само непотребна бучава, туку дополнително ги оптоваруваат мебелот и механизмите. Затоа, при изборот на оков за мебел, проверете дали располага со систем за контролирано затворање.

    Технологијата BLUMOTION го забавува движењето и овозможува меко и лесно затворање, без разлика со колкава сила е турната фиоката или вратата. На тој начин се подобрува секојдневното користење и се намалува оптоварувањето на мебелот.

    Прецизно приспособување

    Нееднаквите растојанија меѓу вратите и фиоките често не се само естетски проблем. Тие може да бидат знак дека механизмите немаат доволно можности за приспособување или дека не се правилно монтирани.

    Квалитетниот оков за мебел овозможува прецизно регулирање на положбата на фронтовите. Со правилно приспособување, сите елементи се израмнети, се движат правилно и го задржуваат уредниот изглед на мебелот.

    Проверена издржливост

    Изгледот на механизмот не е доволен показател за неговиот квалитет. Важно е производителот да спроведува тестирања на движењето, носивоста и издржливоста при интензивна употреба.

    Blum ги тестира своите шарки низ 200.000 циклуси на отворање и затворање, а системите за подигнување, фиоките и извлекувачките механизми ги подложува на различни тестови на движење и оптоварување. Целта е механизмите да ја задржат својата функционалност во текот на животниот век на мебелот.

    Оков приспособен на намената

    okov za mebel

    Подигачки системи AVENTOS од Blum

    okov za mebel

    TIP-ON од Blum

    okov za mebel

    SERVO-DRIVE од Blum

    Едно решение не одговара за секој вид мебел. Висечките кујнски елементи, длабоките фиоки, плакарите и мебелот во дневната соба имаат различни барања.

    За висечките елементи може да се користат системите за подигнување AVENTOS, кои овозможуваат лесен пристап до содржината и слободен простор за движење. За мебел без рачки може да се изберат TIP-ON, TIP-ON BLUMOTION или електричниот систем SERVO-DRIVE.

    Важно е механизмот да биде избран според конкретната примена, а не само според неговиот изглед или цена.

    Стручен совет и сигурно потекло

    При купувањето проверете ги производителот, техничките карактеристики и потеклото на производот. Квалитетниот оков има јасни информации за својата намена, носивост, начин на монтажа и можности за приспособување.

    Стручниот совет е особено важен кога се комбинираат повеќе механизми или се изработува мебел по мерка. Правилниот избор и монтажа се неопходни за производот да ја постигне очекуваната функционалност.

    Квалитетен оков за мебел како долгорочна инвестиција

    Разликата меѓу просечен и квалитетен оков најдобро се забележува при секојдневното користење. Лесното движење, мекото затворање, стабилноста и можноста за прецизно приспособување придонесуваат мебелот да функционира сигурно и по повеќегодишна употреба.

    Како генерален дистрибутер на Blum, Yugoimpex нуди широка палета оригинален оков за мебел, како и стручна поддршка при изборот на соодветно решение. Изберете механизми што одговараат на Вашиот мебел и побарајте понуда за Blum оков во Yugoimpex.

    Тајната на добро организираниот плакар

    Зошто некои плакари собираат повеќе, иако се со исти димензии?

    plakar

    На прв поглед, два плакари со исти надворешни димензии би требало да понудат ист простор за складирање. Но, во пракса разликата може да биде изненадувачки голема.

    Она што навистина го одредува капацитетот на еден плакар не е само неговата големина, туку и начинот на кој е организирана неговата внатрешност. Со добро планирање и соодветни решенија, секој сантиметар може да се искористи многу поефикасно.

    Не е важно колку простор имате туку како да го користите

    Во многу домови сè уште доминираат класичните полици. Иако се практично решение, тие честопати оставаат неискористен простор, особено во подлабоките елементи. Предметите што се поставени во задниот дел остануваат потешко достапни, а дел од нив со текот на времето едноставно се забораваат.

    Добрата организација овозможува секој дел од плакарот да биде лесно достапен, без непотребно поместување на останатите предмети. Токму затоа, современите решенија се насочени кон подобар преглед, полесен пристап и максимално искористување на просторот.

    Високите плакари можат да понудат многу повеќе

    plakar

    Кога станува збор за високите кујнски елементи или оставите, често само дел од просторот е навистина функционален. Со SPACE TOWER на Blum, класичните полици се заменуваат со повеќе индивидуални фиоки кои целосно се извлекуваат.

    На тој начин секоја намирница, сад или друг предмет е лесно достапен, без наведнување или пребарување на полиците. Освен што овозможува подобра организација, ваквиот систем го прави користењето на секојдневниот простор многу попрактично.

    И најтесните простори имаат потенцијал

    plakar space twin

    Во речиси секоја кујна или плакар постојат тесни ниши кои често остануваат неискористени. Наместо да биде „мртов простор“, тие можат да станат функционален дел од мебелот.

    Со SPACE TWIN, Blum покажува дека дури и елементи со мала ширина можат да обезбедат доволно простор за складирање на зачини, шишиња, даски за сечење или други предмети што сакаме секогаш да ни бидат при рака.

    Искористете ја и висината на просторот

    space step

    Еден од најчесто занемарените делови во домот се највисоките полици. До нив често е тешко да се пристапи, па остануваат резервирани за предмети што ретко се користат.

    SPACE STEP на Blum нуди практично решение, скалило кое е интегрирано во долниот дел од мебелот и кога е потребно, лесно се извлекува. Покрај тоа што овозможува безбеден пристап до повисоките полици, просторот под него не останува празен, туку може да се искористи како дополнителна фиока за складирање. Ова е одличен пример како со паметен дизајн може да се добие повеќе функционалност без дополнителен мебел.

    Добрата организација започнува и во самата фиока

    plakar so ambia line

    Максималното искористување на просторот не завршува со изборот на соодветен механизам. Подеднакво важно е и како се организира внатрешноста на фиоките.

    Со AMBIA-LINE, Blum нуди систем за организација кој овозможува приборот, садовите, зачините и другите предмети секогаш да бидат уредно распоредени. Освен што придонесува за поубав изглед, ваквата организација овозможува побрзо пронаоѓање на сè што ви е потребно.

    Повеќе простор не значи и поголем мебел

    Добро организираниот плакар не мора да биде поголем за да понуди повеќе простор. Разликата најчесто е во паметното искористување на секој сантиметар и изборот на решенија што го прават мебелот попрактичен за секојдневна употреба.

    Производите како SPACE TOWER, SPACE TWIN, SPACE STEP и AMBIA-LINE покажуваат дека добриот дизајн не се мери само по изгледот, туку и по функционалноста што ја нуди. Кога секој предмет има свое место, а секој агол е искористен на вистински начин, домот станува поуреден, попрегледен и многу полесен за користење.

    Доколку сакате да дознаете повеќе за Blum оковот и да пронајдете решение што најдобро ќе одговара на Вашите потреби, контактирајте го тимот на Yugoimpex на: +389 2 2650 251.

    Нашите стручни лица ќе Ви помогнат при изборот на соодветните механизми и системи за Вашиот проект.