Не трошете залудно од вашиот домашен простор и извлечете максимум од секој агол. Создавањето идеален простор е навистина предизвикувачки за секого, особено за малите станови. Еве неколку интересни и идеални совети кои ќе ви помогнат да создадете повеќе простор во истиот стан за вашиот кујнски прибор, приборот за готвење и вашите намирници.
1. Затворете ги страните на фиоките
Искористете ја целосната длабочина на вашата фиока и оптимизирајте ги вашите фиоки за извлекување место полици, а страните да бидат длабоки и затворени. Со ова го олеснувате натрупувањето на се што чувате и паѓање на истите.
2. Колку подлабоки фиоки, толку подобро
Можете да имплементирате подлабоки фиоки со цел можност за повеќе складирање, а за тоа ви е потребна поголема екстензија. TANDEMBOX plus е најидеална фиока на извлекување со длабочина до 65 cm.
3. Ширината е клучна
Ако имате можност, одлучете се за една широка фиоки ANTARO, наместо две помали фиоки. Со ова ќе ослободите место што инаку би било потребно за страните на фиоката, а воедно заштедувате и на цена, а добивате поголем простор за складирање.
4. Размислувајте за вашите конкретни потреби
Секое домаќинство е уникатно. Барањата за просторот за складирање по природа се многу индвидуални и секако зависат од вашите навики, животниот стил, и големината на вашиот дом.
5. Користете го секој агол и место во домот
Со SPACE TWIN кој е достапен во ширина од минимум 20 санитиметри, ќе ги претвори сите преостанати празнини во вреден и одличен простор за складирање.
6. Креирајте ново складиште
Дозволете си го едно од најдобрите извлекувања на Blum – SPACE TOWER.
Може да се имплементира во различни ширини (од 30 cm до 120 cm) за да ги задоволи сите ваши барања. Дизајнот на овој кабинет се покажува како корисен и во многу други области од домот – било да е тоа во бањата, ходникот или помошната просторија.
7. Прифатете нови и креативни решенија
Само неколку дополнителни сантиметри можат да направат чудо во вашиот дом. Намалете ја работната површина со целосно извлекување со помош на TANDEMBOX и искористете го просторот за складирање лево и десно од мијалникот. Идеален е за чување на средства за одржување на хигиена. Истото ви препорачуваме да го искористите и за вашата бања.
8. Достигнете нови височини
Зошто да не креирате нови места за складирање до вашите нозе и да имате лесен пристап до горните елементи? Со SPACE STEP, сте во можност да ги комбинирате овие предности и да внесете практичност за вашите деца, така што ќе создадете полесен и побезбеден начин за нив.
9. Создадете практичен простор и за малите нешта
Скриени позади големите чела, внатрешните фиоки MERIVOBOX се вистинско чудо за складирање. Ќе бидете презадоволни со тоа што ќе добиете дополнително место за сите нешта кои немале свое вистинско катче.
10. Не дозволувајте хаос
Штом веќе еднаш ќе креирате доволно место за складирање, треба да започнете да ја организирате внатрешноста за се да ви биде на дофат. Практичните AMBIA-LINE рамки и поделби ќе ви дозволат да имате поголема практичност и поголем простор за истите да бидат секогаш на правото место со висок степен на уредност.
Каде може да добиете подетални информации?
За сите прашања и информации околу производите на Blum и како да ги имплементирате пишете ни или побарајте нѐ на: 071 326 270
Посетете го нашиот изложбен салон кој се наоѓа Качанички пат бр. 256, Индустриска зона Визбегово, Скопје.